Денешна дата
14/07/2020

Борба за опозиција

По формирањето на паралелниот огранок на ДПА во Струга, Зијадин Села продолжува да работи во терен за да ја прошири партиската инфраструктура на целокупниот терен на Албанците во Македонија. Истовремено, Села преговара со НДП и другите помали партии за формирање на еден обединет опозициски фронт, способен да ги добие наредните парламентарни избори

Уморен од последователните порази на неговата партија и охрабрен од победата на локалните избори во Струга, Зијадин Села ја започна неговата борба за завземање на приматот на лидер на опозицијата во албанскиот политички блок.

Тој ја започна иницијативата за реформирање на Демократската Партија  на Албанците (ДПА) на којашто сеуште припаѓа. Села, кој е на чело на општина Струга, го критикуваше лидерот на ДПА Мендух Тачи дека не успеал да ја обедини албанската опозиција. По формирањето на партискиот паралелен огранок во Струга, тој продолжува да работи на терен  за да ја прошири партиската инфраструктура на целокупниот терен на Албанците во Македонија.

Истовремено, Села преговара со НДП и другите помали партии за формирање на еден обединет опозициски фронт, способен да ги добие наредните парламентарни избори.

Во октомври минатата година Села излави дека виновник за пропаѓањето на коалицијата помеѓу ДПА и НДП е Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) , партија која работи против обединувањето на опозицијата. Слично мислење со Села има и еден од експонентите на НДП, поранешниот потпретседател Артан Дика.

Дика рече дека НДП секогаш била за обединување на опозицијата.

Rufi-menduh-thaci

Постои големо незадоволство и голем опозициски електорат, кој е разединет, уморен и дезориентиран”, речеДиказаИнбокс7.

Тука главнитезаслугиги има претседателот на ДПА, кој, следејќи ја по секоја цена неговата цел да биде фактор (било каков) на политичката сцена во Македонија и со цел зачувување на неговите приватни бизниси, направил да продолжи и понатаму владеењето на ДУИ”.

Опозициското гласачко тело е уморно и постепено ја губи кондицијата во спротиставувањето на коруптивната, пропадната и штетна политика на албанските партии на власт”, рече Дика .

Муса Ламалари , познавач на политичките случувања и представник на Диаспората за Албанците во Македонија (ДАМ ) изјави за Инбокс7 дека ДПА останува најрелевантниот политички субјект на Албанците по вонредните парламентарни избори, наметнати од коалицијата ВМРО-ДУИ.

ДПА упте еднаш потврди дека е опозициска партија, предупредувајќи за сите сценарија пред и по изборите”.

Факт е дека Диаспората за Албанците во Македонија (ДАМ) која јас ја представувам ја поддржа опозицијат и нејзиниот лидер Мендух Тачи, кој беше нападнат од сите страни без посебна причина, како тој да бил дел од власта во последните 10 години”, рече Ламалари.

 

Обединувањето на опозицијата како опција против сегашната политика на ДУИ

Фатон Арифи, известувач од Струга, за Инбокс7 истакна дека обединувањето на вистинската опозиција на Албанците во Македонија е единствена алтернатива за излез од сегашната ситуација.

taci i sela

Фатон Арифи рече дека Села ќе ги обедини опозициските гласишта во единствен фронт

Села  е заинтересиран за такво нешто”, рече тој.Имам многу сомнежи дека ДПА ќе биде вистинска опозиција, бидејќи блискоста со ВМРО го доведува во прашање ова, затоа Зијадин Села, не сметајќи ја ДПА на Тачи како опозиција, треба да ги обедини опозициските тонови во еден единствен силен глас, било да се и тие самите челнови или актуелни функсионери на ДПА”, рече Aрифи.

Од друга страна, Дика  додаде дека  se  веќе”постои соработка помеѓу големите партии ДУИ и ДПА за елиминација на Третата Опција на Албанците (ТОА). Ова не е конспиративна идеја”.

На претседателот на ДПА сега му интересира само неговиот опстанок на политичката сцена по секоја цена, за да ги сочува бизнисот и личните привилегии и третата опција ја гледа како лична опасност. ДУИ го интересира овој претседател на ДПА та продолжи да ги држи како заложници  гolem дел од опозицискиот електорат, за народот да ја употреби логиката на избор на ДУИ како наводно помало зло помеѓу двете зла, ДУИ и ДПА”, речеДика.

“НДПизлезе на политичката сцена како понуда за промени. Минатото на албанските лидери не дава никкава надеж за промена во иднината,” истакна Дика.

 

Третата опција во однос на опозицијата

 

Муса Ламалари мисли дека разните идеи за обединување на албанската опозиција е обид за линч на лидерот на ДПА, Мендух Тачи од страна на ДУИ, на другите помали партии и неформални групи  кои се комунистичка класа поврзана со СДСМ,  како и одредени падобранци кои манипулираат со името на Диаспората, кои се дел на агентурите на Али Ахмети.

Со еден збор, албанските опозиционери, како десничари и кои имаат принципи во политиката, со 40 иљади во првиот круг, и со 70 иљади во вториот, покажале дека го признаваат неприкосновениот лидер на ДПА, Мендух Тачи”, речеЛамалари.

Незадоволствата кои ќе се појават во ДУИ, по формирањето на  Владата, разочарувањето на членовите на ДПА од невлегувањето во власт, но и позицијата на НДП, ќе ја фаворизираат иницијативата на Села за коренита промена во албанската политика во Македонија  ”, рече понатаму Фатон Арифи.

Ламалари не верува во конспиративната теорија дека ДПА и ДУИ  соработувааат за елиминација на Третата Опција на Албанците (ТОА).

Не е вистина дека има конспиративни идеи меѓу ДУИ и ДПА. Секоја трета опција ќе се обиде повторно да и наштети на ДПА, а не на ДУИ, и ова е конспирацијата со која треба да се  бавиме , бидејќи врските и се во криминалните агентури на ДУИ кој соработува со разни тајни служби, домашни и странски, на штета на интересите на албанските граѓани  ”, рече Ламалари.

Дика тврди дека постоеше соработка помеѓу двете опозициски парти на албанците и НДП ова го правеше за да докаже дека е сериозна партија која има визија и сака соработка со опозицијата.

Целиот албански електорат беше за обединување, но се случи разединување на албанската опозиција .Уморот на електоратот всушност е општ, и јас ова го гледам и кај гласачите на ДПА. Тие се разочарани, фрустрирани и уморно од бескрајните порази”, рече Дика.

Според Дика, колку и да е ДУИ партија на кланови, партиски интереси, тендери, групни збогатувања, големи измами и замена на идеалите на загинатите борци од 2001 година со лични придобивки од власта, претседателот на ДПА никогаш не може да биде решение за проблемите на Албанците во Македонија.

izbori foto 2014

Најголемата можност за обединување на албанската опозиција беше по изборите во 2011 година, кога опозицијата освои 121.533 гласа, додека ДУИ со нејзината коалиција 115.092 гласа

Сепак, најголемата можност за обединување на албанската опозиција беше по изборите во 2011 година, кога опозицијата освои 121.533 гласа, додека ДУИ со нејзината коалиција 115.092 гласа

Во меѓувреме, председателот на ДУИ Али Ахмети објави дека на следните избори неговата партија се стреми да има над 200.000 гласачи

Уредник: Селим Ибраими

Превод од албански- Арменд Нухиу

tahiri@inbox7.mk