Денешна дата
24/09/2020

Хорор во тетовската гинекологија: Наместо гинеколошки стол, чаршави и леѓени за пациентките (обновено)

Снимките што ги направи Инбокс 7 во тетовското гинеколошко одделение покренаа лавина рекации и вџашеност поради очајните услови во кои се прегледуваат пациентки од тетовскиот регион. На потег се одговорните служби, кои ќе бидат информирани и од Канцеларијата на народниот правобранител

коавтор: Орхан Цека

 

Ужасна слика затекна екипата на Инбокс 7 во гинеколошкото ооделение на Клиничката болница во Тетово. Застарена опрема, дотраен гинеколошки стол кој повеќе прилега на музејски експонат отколку на апаратура за извршување абортуси. Наместо специјализирани и стерилизирани престилки за преглед снимивме чаршави, леѓен, под гинеколошкиот стол. Може ли човек да поверува дека во земјава по сите големи инвестиции во здравствениот сектор постои вакво место за прегледување и за лекување пациенти?  Од медицинскиот персонал дознаваме дека тука има опрема стара дури и по 35 години. Очајната состојба во одделението каде што се прегледуваат пациентки од тетовскиот регион покрена многу реакции, но и очекувања од јавноста за итна интервенција од надлежните служби.

tetovska bolnica abortus ginekologija (11)

Гинеколошката бања е во хаос

 

Во разговор со сестра која беше дежурна во времето кога екипата на Инбокс7 го сликаше одделението, дознавме дека опремата не е променета многу години:

 

Јас во болницата работам веќе 35 години и од тогаш ништо не е сменето“,истакна медицинска сестра која побара да биде анонимна.

tetovska bolnica abortus ginekologija (2)

Вработените во болницата не ја почитуваат забраната за пушење

 

Наспроти ваквите тврдења, во Mинистерството за здравство  велат дека тетовската клиничка болницае обновена во 2012 година:

”Извршена е реконструкција на Гинеколошко-акушерското одделение при КБ Тетово во 2012 година, пришто се опфатени сите санитарни чворови, како и подовите во акушерското одделение,родилните сали и операционите сали. Набавена е и нова опрема, која вклучува 4-D ултразвучен апарат, анестезиолошки апарат за операциона сала, лапараскопски столб, оперативен стол, рефлектор за операциона сала, електрокаутер, инкубатор, како и инструментариум за операции. ”

tetovska bolnica abortus ginekologija (6)

Колку е стар овој гинеколошки стол?

 

Рекација побаравме и од  Лекарската Комора на Македонија(ЛКМ) каде велат дека  не поседуваат информации за условите во јавните или во проватните болници. Сепак, посочуваат дека Клиничката болница во Тетово е здравствена институција која е контролирана и од странски експерти затоа што спаѓа во терциерни здравствени установи.

Во канцеларијата на Народниот правобранител велат дека ќе го разгледаат случајот и ќе ги информираат надлежните институции.

Народниот правобранител нема добиено други информации за состојбата во јавните институции, но ќе презеем мерки за следење на случајот во јавните институции во рамките на надлежностите и ќе ги информира соодветните институции”, вели во изјавата за Инбокс7  Канцеларијата на Народниот правобранител.

tetovska bolnica abortus ginekologija (8)

 

Загрижувачки пораст на спонтани абортуси

 

Освен шокантните фотографии од условите во гинеколошкото одделение се соочивме и со поразителни бројки за извршени абортуси во тетовскиот регион. Само од почетокот на 2014 година на Клиничката болница во Тетово се регистрирани вкупно 89 прекини на бременоста и 16 спонтани абортуси.

tetovska bolnica abortus ginekologija (12)

 

Според извештаите на Клиничката болница во Тетово, во 2012 година имало 145 прекинати забременувања и 47 спонтани абортуси, додека во 2013 година спонтаните абортуси покажуваат тенденција на пораст, 168 абортуси и 42 нецелосни спонтани абортуси. 

Жени на различни возрасти не успеваат до крај да ја носат својата бременост, доживувајќи спонтани абортуси предизвикани од различни фактори. Зошто се случува ваквата појава? Дали имаат влијание климатските фактори? Со какви предизвици и проблеми се соочуват Гинеколошкиот и Педијатрискиот оддел на Клиничката болница во Тетово? Дали болницата има доволно кадар за да се справи со сите овие негативни трендови? На сите овие прашања очекуваме одговор од надлежните и итна реакција.

tetovska bolnica abortus ginekologija (4)

Дека Тетовскиот регион бележи пораст на спонтаните абортуси потврдуваат и самите специјалисти кои изразуваат загриженост за оваа појава која завзема големи размери.  

 

Гинеколошките инфекции најчести предизвикувачи на спонтани абортуси

 

Вистина е дека спонтаниот абортус последните години бележи пораст во нашата земја и имаме најразлични случаи”, вели за Инбокс7д-р.Лулјета Мулаку.

Според Мулаку, најчестите случаи предизвикувачи на спонтани абортуси се гинеколошките инфекции.

„Генетските патологии, малигнитетите во вратот на матката, поранешните абортуси и зголемената телесна тежина се меѓу факторите кои придонесуваат кон спонтани абортуси”, вели Mулаку.

tetovska bolnica abortus ginekologija (7)

Од друга страна, Д-р Мерале Реџепи, заменик началник на Гинеколошкиот оддел на Тетовската болница за Инбокс7 вели дека причините за спонтани абортуси се многубројни, како: пушењето, алкохолот, радиоактивноста и многу други слични фактори.

„Најголемиот број на абортуси се случува поради хромозомски нарушувања кои го попречуваат нормалниот развиток на ембрионот”, вели Реџепи.

 

Според заменик началничката Реџепи, во 2012 бројот на прекинатите бремености бил 145 и 45 нецелосни абортуси, додека во 2013 спонтаните абортуси покажуваат тенденција на пораст и имало 168 абортуси и 42 нецелосни спонтани абортуси.Во сите овие случаи не е направен инвазивен интервентен третман во соодветни болнички услови.

tetovska bolnica abortus ginekologija (5)

Началникот на Одделот за гинекологија и обстетрика при Клиничката болница во Тетово, Д-р. Нагип Руфати, во изјава за Инбокс7 рече дека зградата и инфраструктурата каде што се вршат абортусите е една од постарите во болницата.

Во оваа единица на одделот за гинекологија и обстетрика здравствените услуги за граѓаните се на високо професионално ниво притоа почитувајќи ги сите стручни и законски правила”, вели тој.

tetovska bolnica abortus ginekologija (1)

Тој додава дека за овие услуги постојат соодветни институциикои ја постојано ја  надгледуваат работата, и досега никогаш немале забелешки  за здравствените услуги. Тој вели дека Клиничката болница во Тетово презела иницијатива услугите и физички да ги доближи до Одделот за гинекологија и обстетрика што набрзо и ќе се случи со реорганизацијата на одделенијата.

Преведе од албански- Арменд Нухиу

 

ДЕМАНТ ОД КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО

 

Клиничката болница во Тетово испрати демант на овој текст.

„Зошто не ги објавивте и овие слики? Се согласуваме дека не треба да се објавуваат само убавите слики и да се креира лажно розева слика, но подеднакво деградирачко и непрофесионално е да се објавуваат само негативните слики, особено ако некои од нив се измислени или сликани на друго место со цел дополнително да се зачини негативниот впечаток, кој очигледно сте имале намера да го креирате.

KBTetovo-foto1

 

а среќа, граѓаните многу малку ја гледааат болницата низ вашиот објектив, а во најголем број ја гледаат со свои очи – ниту многу розова, ниту претерано црна. Уште поголема среќа е што граѓаните се мудри, па не можете да успеете да ги заслепите на начин што ќе ги приморате се да гледаат низ вашиот наменски црн објектив.

KBTetovo-foto2

Конечно, многу убаво се сеќаваат и паметат луѓето, а сигурни сме и вие, како беше и каква опрема имаше, а каква е сега!

Имено, податоците говорат дека во врвна здравствена установа се реализираат над 2.400 породувања на годишно ниво, а истовремено се бележи намалување на бројот на абортуси (во 2012 година биле извршени 503 абортуси, во споредба со 2013 кога се извршени 443 абортуси). Исто така, потсетуваме дека е извршена комплетна реконструкција на Гинеколошко-акушерското одделение при КБ Тетово во 2012 година, пришто се опфатени сите санитарни јазли, како и подовите во акушерското одделение,родилните сали и операционите сали.

KBTetovo-foto3

Набавена е и нова опрема, која вклучува 4-D ултразвучен апарат, анестезиолошки апарат за операциона сала, лапараскопски столб, оперативен стол, рефлектор за операциона сала, електрокаутер, инкубатор, како и инструментариум за операции“.

bajrami@inbox7.mk