Денешна дата
10/07/2020

Македонските возачи плаќаат најскапа регистрација

Цената на регистрацијата кај нас е 200 евра (без зелен картон), во Србија 180 евра, Босна наплатува 175 евра, Косово 170, а во Бугарија чини 110 евра

Зоран М. Возач од Кочани, револтирано ја напушта филијалата на една од банките каде уплатил 5.000 денари за регистрација на своето возило:

Не дерат до гола кожа. За комунална такса, па за животна средина, па за патишта и на крајот ми излезе ѓавол и пол“, се жали Зоран.

На слично мислење е и струмичанецот Горан Петров, кој вели дека неговото возило до пред 5-6 години било со бугарски таблички и за регистрација на истото возило таму плаќал три пати поевтино.

„Во Бугарија регистрацијата и зелениот картон за колата ме чинеше 160 лева (околу 4.800 денари), во Македонија за истата кола плаќам 13.000 денари и тоа без зелен картон“, вели Петров.

registraski tablici

Тој додава дека работи во приватна фирма и дека треба да издвои цела плата за регистрација на возилото, а може и нема да му стигне платата.

Со ниски трошоци на техничкиот преглед може да се пофали и Среќко Ќириќ, од Ниш, Србија.

Моето возило има зафатнина на моторот од 1.900 сантиметри кубни и за него плаќам околу 10 евра за технички преглед. Останатите пари до 180 евра колку што чини регстрацијата, се за зелен картон и осигурување на автоодговорност“, вели Ќириќ.

Инаку, годишно во Македонија се регистрираат околу 470.000 возила, покажуваат податоците на Националното биро за осигурување.

 

 

Цена на регистрација на 15-годишно возило со зафатнина на моторот од 2.000 сантиметри кубни

Земја Основни трошоци за регистрација на возило (во евра) % од просечна плата
Македонија 290 (200 регистрација +90 зелен картон) 85%
Хрватска 450 60%
Косово 170 49%
Србија 180 45%
Босна и Херцеговина 175 40%
Словенија 310 31%
Бугарија 110 26%

 

Извор: Анализа на Инбокс 7

 

 

Високите трошоци за регистрација компензирани со зелениот картон

 

Високите трошоци за регистрација што ги плаќаат македонските возачи се компензираат, со праксата да не се вади зелен картон, како задолжителен трошок при регистрацијата.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Зелениот картон во Македонија се наплаќа дополнително 60 и 90 евра во зависност од возилото само доколку возачот го вози надвор од земјава. Во останатите земји, со мали исклучоци, зелената карта е вградена во полисата за осигурување без разлика дали возилото излегува од земјата или не, вели Лепосава Гелевска од Националното биро за осигурување.

Владата за да им ги намали давачките на граѓаните при регистрација на возилата ја исклучи зелената карта, од задолжителните трошоци при регистрацијата. Тоа создава забуна кај возачите бидејќи во другите земји трошоците за зелените карти се вклучени во осигурителната полиса, а тие наплаќаат по 10 или 20 евра за манипулативен трошок за издавање на истата“, вели Гелевска.

Таа додава дека за секое четврто возило во земјава се вади зелен картон и дека минатата година се продадени околу 130.000 зелени карти.

За Александар Дамјанов, Македонец повратник од Словенија, ова се превисоки трошоци за регистрација, во однос на тоа што се нуди. Словенија и Македонија имаат исти трошоци за осигурување, а таму има многу подобри услуги и осугурителната полиса покрива повеќе ризици.

Во Словенија, доколку ги одјавиш таблиците на автомобилот и ако го отстраниш од сообраќај или ако го продадеш надвор од Словенија, осигурителната компанија ќе ти пресмета уште колку време полисата нема да се користи и ќе ти ги врати парите“, вели Дамјанов.

Неговиот гостин и пријател од Словенија, Јоже Плетникар, се жали на лошите патишта.

„Во Македонија се плаќа иста вредност за одржување на патиштата, но во Словенија патиштата се средени, асфалт има до секоја куќа, населените места се поврзани со одлични коловози. Кога доаѓав од Велес за Штип, возилото ќе го искршев, има дупки на патот каде комотно може и тркалото да ти испадне“, се жали Плетникар.

 

Скоро половина од парите за регистрација одат за државата

Околу 40% од вредноста при регистрацијата на возилото оди како трошок на државата, се жалат возачите.

Славе Гичевски, од Малешевијата се жали дека голем дел од таксите што ги плаќа кај нас во другите земји ги нема.

„Син ми има кола со бугарски таблици и скоро и да нема некои трошоци за државата при регистрацијата. Плаќа нешто ситно таму. Јас кога одам да ја регистрирам мојата кола носам со мене пет уплатници, па во банката за секоја уплатница ќе ми земаат по 35 денари банкарска провизија, а таксата на пример е 25 денари“, се жали Гичевски.

Роберто Рогожарски, раководител на станицата за технички прегледи во Штип вели дека овие давачки, мора да ги плати секој возач зашто се пропишани со закон.

Станиците за технички прегледи наплаќаат околу 15% од сите давачки за регистрација на автомобилите, останатите давачки се утврдени од страна на државата и тие мора да се префрлат на државно конто“, вели Рогожарски.

 Трошоци за регистрација на возило старо 15 години со зафатнина на моторот од 2.000 сантиметри кубни.

Трошоци Вредност
Технички преглед 1300
Комунална такса 600
Животна средина 150
РСБСП 14
СПИ 100
Црвен крст 25
Погодности од технички преглед 122
Комплетирање на документација 605
Полиса за осигурување 6.626
Банкарска провизија 150
Такса за користење на патишта 2.400
Вкупно 12.100

 

 

Уредник: Стојанка Митреска 

lefkov@yahoo.com