Денешна дата
24/11/2020

Kaфеаната за жени, помеѓу локалниот дискурс и половата факторизација

Не е место каде служат само кафе, туку и многу повеќе од тоа. Во моментов, организираме и курсеви по англиски јазик за деца…

Кафеаната за жени во село Камењане, општина Боговиње, единствената од ваков вид во Македонија, предизвика љубопитност кај општествените слоеви. За неа многу зборуваат домаќинките, јавноста, уметниците и политичарите. И по социјалните мрежи се распослаа стотици коментари со хумористична содржина, каде жените ја презедоа улогата на мажите коцкајќи се по нивните кафеани.

kafe za zeni (2)

Но кој стои зад оваа идеја? Идејата да се има кафеана, или подобро речено клуб само за жени, е родена кај семејството Синани од село Камењане. Тие за Инбокс7 изјавија дека идејата за вакво нешто се родила многу спонтано, бидејќи вакво нешто требало да се случи многу порано затоа што имало и потреба.

medina sinani

Meдина Синани

„Во нашиот дом имавме една девојка од Американските трупи за мир. И додека една вечер седевме дома, снема струја и немавме што да правиме“. Во тој момент помисливме колку би било добро да имаме еден локал само за жени каде што би можеле да се забавуваме“, раскажува Meдина Синани, сопственичка на локалот.

Таа додава дека оваа идеја подоцна е разгледана во нивното друштво, и поддршката не изостанала од никого. „Оваа идеја ја поддржа на почетокот и општина Боговиње, и подоцна аплициравме за донација кај УСАИД, кои одлучија да го поддржат проектот“.

 

 

Суштинска дебата и полова слобода

 

Бардул Заими, публицист, вели дека „нема ништо негативно од ваквите клубови, но, сепак, ова не личи на идеја која е во функција на факторизација на жените во општеството“.

bardhyl zaimi

Бардул Заими: Јас мислам дека ќе беше подобро да се финансираат проекти за суштинска дебата за потребата од улогата на жените во општеството и половата рамноправност

„Јас мислам дека ќе беше подобро да се финансираат проекти за суштинска дебата за потребата од улогата на жените во општеството и половата рамноправност“, истакна Заими заИнбокс7.

Нгадњим Мехмети, уметник, мисли дека придонесот за подобрување на позицијата на жените во општеството може да се случи и во некои други, поважни области.

Ngadhnjim mehmeti

Нгадњим Мехмети

„Се соочуваме со очајна состојба на болничките центри, недостиг на дијагностички центри за малигните заболувања, институти и разни советувалишта за мајките, недостиг на градинки и на детски паркови, квалитетно наместо квантитативно образование“, вели Мемети за Инбокс7.

Што всушност се случува во тој локал кој се наоѓа на влезот од селото и во близина на поранешната зграда на Општината?

„Не е само место каде служиме кафе, туку и повеќе од тоа“, вели Синани. Според неа, овој клуб планира да организира низа активности кои ќе им помогнат на жените во нивната еманципација.

„Овде тие наоѓаат место за релаксација, но и за комуникација со пријателките и со колешките“, вели таа. Локалот изгледа како и секоја друга кафеана со маси и со столици и еден шанк кој нуди разни пијалоци и брза храна. Во еден агол на локалот се поставени играчки за деца, или детско катче, каде што мајките имаат можност да се релаксираат, додека нивните деца се забавуваат со различните играчки кои ги нуди локалот.

kafe za zeni (5)

 

Јазични курсеви, изложби и еманципација

 

„Освен како место за релаксација, во овој клуб сакаме да понудиме и некои курсеви кои ќе им помогнат на жените во нивната еманципација“, вели Медина Синани.

kafe za zeni (6)

„Во моментов, организираме курсеви за деца по англиски јазик со волонтери од Американските трупи за мир“, додавајќи декаво иднина, слични курсеви ќе им се понудат и на жените кои сакаат да го изучат англискиот јазик и кои досега не биле во можност да го направат тоа“, вели Синани.

Во еден агол на кафеаната се забележува место каде се изложени неколку ракотворби, рачно везени народни алишта и други уметнини за маси.

Сопственичката Синани вели дека овие творби се носат од самите жени од регионот коишто сакаат да ги изложат нивните ракотворби. „На ваков начин тие можат да изнајдат и клиенти и да ги продадат своите дела“, истакна таа.

„Планираме наскоро да организираме една изложба со ракотворби од нашиот регион. Потоа тие ќе можат да се продаваат и ова ќе биде можност за самовработување на жените“, додаваСинани. 

Лулзиме Османи, граѓанка на Тетово целосно ја поддржува идејата за кафеана само за жени, бидејќи, според неа, овој гест кажува многу.

Mислам дека со отворањето на кафеаната се скршија многу табуа кои беа дел од нашето општество“.

„Конечно жените покажаа дека знаат да дејствуваат и сами, без помошта на мажите“, вели Османи.Според Oсмани,оваа идеја треба да повеќе да се рашири по краевите каде општеството е доминирано од конзервативните гледишта и истовремено ќе помогне во еманципацијата на жените.

Во кафеаната за жени, случајно забележавме две госпоѓи со традиционална облека седнати покрај локалот кои се освежуваа со лимонада. Тие ја поддржуваат оваа идеја и имаа позитивен став за оваа појава.

kafe za zeni (3)

„Ние доаѓаме од село Јеловјане и превозот за во градот или за овде не ни е баш редовен. Но бевме принудени да чекаме по цели часови за превозно средство, бидејќи не можевме да седнеме во кафеани за мажи, додека сега ни е многу полесно. Доаѓаме овде и чекаме во друштво на жени“заклучи една од жените.

kafe za zeni (1)

За тоа колку е потребна една кафеана само за жени, Заими мисли дека на овој начин уште повеќе се зацврстува стереотипот кон жените и не се стимулира слободата за квалитетна еманципација.

Tрансформацијата и зајакнувањето на жените во земјите во развој чини еден од главните фактори за демократизација на посткомунистичките општества, подигнувајќи го и зајакнувајќи го на овој начин статусот на жените.

kafe za zeni (4)

Руралните и неразвиените краишта сочинуваат еден тест за владите, невладините организации и за цивилното општество во насока на почитување и на развивање на половата еднаквост. Кафеаната за жени се отвори на 1 јуни 2014 година, во присуство на локални претставници, политичари и на гости од меѓународни организации.

 

Уредник: Селим Ибраими

Преведе од албански јазик: Арменд Нухиу

Лектор: Елена Цуцулоска

bajrami@inbox7.mk