Денешна дата
04/04/2020

НАЈЗАГАДЕНИ ВО ЕВРОПА: САРАЕВО, СКОПЈЕ И ТЕТОВО СЕ ГУШАТ ВО ЧАД

Жителите на Јегуновце и работниците на фабриката Југохром велат дека се свесни за штетите предизвикани од загадувањето, но и дека од оваа фабрика зависи опстанокот на над 1000 работници. Од друга страна, екологистите најавуваат нови протести

Тешкиот мирис на метал се чини дека не им предизвикува посебно внимание на жителите од село Јегуновце. Сместен во северо-западниот дел на Македонија, околу 15 километри блиску до Тетово, ова село е синоним за металургијата во земјава. Во центарот на селото е сместена фабриката за обработка на метали “Jугохром ” чии оџаци го загадуваат, не само селото, туку целокупниот полошки регион.

 

Загадувањето во Европа: Сараево, Скопје и Тетово

jugohrom

 

Граѓаните од овој регион организираа неколку протести против големото загадување, кое Тетово, заедно со Скопје, ги прави најзагадени градови не само во Македонија туку и во Европа. Според податоците од Светската Здравствена организација (СЗО) обработени од весникот Гардијан, Сараево е најзагаден град, второ е Скопје, а трето е Тетово.

Жителите на Јегуновце не сакаат да зборуваат пред камерите на инбокс7 за оваа проблематика.Велат дека се свесни за штетите предизвикани од загадувањето, но и дека од оваа фабрика зависи опстанокот на над 1000 работници.

“Јас знам дека чадот предизвикува заболувања, прави проблеми…но каде да најдат работа луѓето? Со чист воздух не се полни стоомакот”, вели Ратко, жител на Јегуновце.  Тој се надева дека ќе се изнајде решение кое ќе овозможи фабриката да работи, и да не го загадува амбиентот.

Aлуш, работник во фабриката, воопшто не го интересира дали фабриката го загадува воздухот или не. Тој вели дека од него дома чека храна 5-члено семејство.

jugohrom1

“Kаде да одам? Знаете ли вие дека 1100 луѓе овде ги прехрануваат семејствата?! Не сме Швајцарија или Германија да бараме филтри или да ја затвориме фабриката и да ги оставиме луѓето без леб”, вели Алуш со доза на изнервираност.

Од друга страна, од Одборот на протести “Стоп за канцерогеното загадување” признаваат дека иницијативата и протестите се погрешно разбрани од страна на работниците на Југохром и нивните блиски. Велат дека не се бара затворање на фабриката, туку поставување на филтри според стандардите утврдени со закон. Поставувањето на филтрите за Југохром и останатите загадувачи, незаконското палење на ѓубре и гуми, изнаоѓаље на решение со дивите депонии и субвенционирање на електричната енергија во текот на зимските месеци- тоа се барањата на Одборот.

“Ние ќе се сретнеме и со новиот министер за екологија за да и нему му кажеме дека немаме намера да се откажеме од нашите барања. Легитимно е да ги слушнеме и неговите ставови и да му дадеме простор за дејствување”, рече Мерита Максути, член на одборот за протести.

Eлена Мишевска е координатор на Младинскиот Образовен Форум во Тетово. Во соработка со организациите Младинска Алијанса, Друштвото на екологисти и ЛГБТ јунајтед, ја започнаа активноста “Заедно против загадувањето во Тетово ” за да се обезбеди почист воздух во градот.

“Да се превземат неодложни мерки за чистење на депониите во градот; да се забрани движењето на возилата во градот за определено време, овозможувајќи им на овој начин на граѓаните бесплатен јавен транспорт од влезот на градот;да се забрани палењето на разновидно ѓубре како што е пластика, гума и други остатоци од домаќинствата. Исто така, да се спречи палењето на јавните остатоци кои се наоѓаат во јавни простори; Инспекторите да одлучувват за поставување на филтри за големите индустриски загадувачи, како Југохром и другите”….вели Мишевска, презентирајќи ги барањата од организираните протести.

Исто така, бараат и паркови и зелени површини за рекреација и овозможување за посебни патеки за велосипедистите во градот.

 

Недостаток на свест

jugohrom2

 

Mишевска вели дека од општина Тетово наишле на разбирање и дека почнале да ги реализираат барањата, додека од преостанатите пет општини не добиле одговор.

“За случајот Југохром сме одржале протест и пред Министерството за Екологија и просторно планирање. Иако протестот беше најавен, министерот не се сретна со нас. Рокот за поставување на филтрите, односно за исполнување на стандардите за добивање на интегрирана еколошка дозвола за индустриските обкјекти истече на 1 април, сепак надлежните сеуште не дале одговор на прашањето дали овој рок ќе се одложи”, вели таа.

Според неа, потребна е поголема иницијатива и здружување на активностите и поголема подршка од граѓаните за да овој проблем еднаш и засекогаш се уреди правилно, бидејќи Тетово сè уште продолжува да биде еден од најзагадените градови во Македонија.

Eкологистите велат дека граѓаните сеуште немаат изградена свест за последиците од загадувањето. Aлиса Камбери, жителка на населбата Дреновец во Тетово вели дека чадот кој излегува од фабриката Југохром нè и прави впечаток бидејќи веќе години наназад глетката од нејзиниот балкон ја покажува токму загаденоста на природата.

“Јас, по се изгледа сум навикната на загадувањето на воздухот. Години наназад гледам како природата се загадува од човечки фактор, значи од Југохром, и никој не превзема ништо за да ја спречи оваа лоша појава  ”, вели таа.

 

Владата само одложува рокови

jugohrom3

На 10 март годинава, по протестите во Тетово, поранешниот министер за Животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, сега министер за образование, заедно со заменик-министерот Стево Темелковски беа во посета на фабриката “Jугохром феролајонс ” во врска со исполнувањето на оперативниот план во овој металургиски комбинат за почитување на еколошките стандарди, односно добивањето на интергрираната лиценца А. Во согласност со Законот за животна средина, Адеми рече дека на 1 април годинава е рокот до кога сите фирми треба да ги исполнат еколошките стандарди.

Според него, од металургијата, освен “Jугохром”,и “Maкстил” не ги исполниле сите стандарди, додека крајниот рок за кој може да се одложи рокот за одредени делови на мерки и активности е 5 години.Според генералниот директор на Југохром, Бранислав Ѓурѓевиќ, исполнувањето на еколошките стандарди е важна работа за фабриката.

Сепак, Југохром и останатите загадувачи ја продолжија работата и по 1 април, што го зголеми револтот кај граѓаните кои живеат во Полошкиот регион. По парламентарните избори во фотељата на Министерството за Животна средина седна Нурхан Изаири. Во неговото прво појавување, Изаири рече дека по 31 октомври повеќе нема да има дополнителни рокови и дека Макстил и Југохром, за кои важеше одложувањето, ризикуваат затворање.

 

Превод од албански- Арменд Нухиу

bajrami@inbox7.mk