Денешна дата
13/12/2019

Предрасудите посилни од интеграцијата во образованието

Интегрираното образование, проект промовиран во 2010 година, заостанува во неговата реализација. Нема политичка волја за негово спроведување, но неколку училишта негуваат автентични модели на интеграција

Коавтор: Билјана Ставрова

 

OБСЕ преку едно соопштение ја врати во политичката агенда дебатата за интегрираното образование во Македонија. Всушност, ова соопштение на организацијата, која интегрираното образование го набљудува како главен столб за подобрувањето на меѓуетничките односи, предизвика реакција на новиот министер за образование, Aбдилаќим Адеми кој смета, дека стратегијата за интегрирано образование треба да се спроведе во целост, а не еднострано, само од аспект на учење на јазиците.

Во јавноста беа присутни поделени мислења и пред неколку години кога прв пат беше претставен овој проект кој требаше да претставува мост во меѓуетничката комуникација и унапредување на соживотот. Дел од родителите отворено го поддржуваа, но имаше и такви кои бурно реагираа сметаќи дека тоа непотребно ќе ги оптовари учениците и дека на терен нема да даде резултати. Предрасуди, сомнежи и денес го следат актуелизирањето на ова прашање, но се чини дека е голем бројот и на оние кои даваат целосна поддршка.

 

За и против интегрирано образование

 

Овој проект, кој беше на јавна дебата во 2010 година, предизвика остра реакција од страна на Сојузот на наставниците Албанци(СНА). Според оваа невладина организација “Интегрираното образование или учењето на македонскиот јазик од прво одделение е затворено прашање кое не може никогаш да се спроведе”.  Кај дел од родителите Македонци има позитивен одговор во однос на прашањето дали македонските ученици треба да го изучуваат албанскиот јазик, како што Албанците го учат македонскиот јазик.

Владимир M., родител  на ученик во основното училиште БратствовоСкопјезаИнбокс 7вели дека во ова училиште се запишани ученици во по една паралелка на албански и на македонски јазик. Дел од родителите, раскажува Владимир, ја потврдуваат подготвеноста нивните деца да го изучуваат албанскиот јазик, но Министерството за образование не презело ништо за да се спроведе овој проект.

„За жал, и покрај ветувањата на Министерството за образование дека ова ќе го дозволи, а кадарот ќе се обезбеди бесплатно, помина една година и ништо не се презеде. Богатство е моето дете да го знае албанскиот јазик за да се разбере со неговите врсници во училишниот двор, а потоа и со другите деца. Според мене, додека учениците учат во поделени одделенија, не можат да се надминат стереотипите дека пропадниците на еден етникум се помалку вредни од другите”, објасни Владимир М.

Но, сите родители во нашето општество  не го делат мислењето на Владимир. Еден друг родител е категорично против тоа неговото дете да учи албански јазик:

„Не сакам моето дете да учи албански, не знам зошто би му било потребно, бидејќи Албанците знаат македонски”, дециден е родителот Mилан К. од Скопје.

 

Училиштето во Теарце ја пронајде формулата за интеграција

 

Метин Муареми: Ние како училиште можеме да се гордееме дека спроведуваме интегрирани активности во меѓуетничката сфера

Метин Муареми: Ние како училиште можеме да се гордееме дека спроведуваме интегрирани активности во меѓуетничката сфера

Сепак, не треба секогаш да се чека потег од државата. Кога има волја, не е потребна интервенција од државата за двете страни да го изучуваат јазикот на другиот и пред се да се запознаат подобро меѓусебно. Добар пример на интеграција која не се наметнува од политиката и од институциите е основното училиште “Kирил Пејчиновиќво селотоTeaрце, Тетовско. Директорот на ова училиште, Meтин Муареми е и претседател на Центарот за едукација и развој (ЦЕР). За онлајн магазинот Инбокс7 Муареми вели дека школото кое тој го раководи нема етноцентричен пристап и не фаворизира одредена култура занемарувајќи ги останатите култури кои живеат во Македонија.

„Ние како училиште благодарение на вклучувањето во различни проекти како и искуството кое го стекнале наставниците во цивилниот сектор, можеме да се гордееме дека спроведуваме интегрирани активности во меѓуетничката сфера. Ова подразбира заеднички активности помеѓу учениците кои учат поделени според наставниот јазик. Kога не е возможно преку наставните активности, ова се постигнува преку вонучилишните културни, спортски и еколошки активности. Преку овие активности учениците се учат на соработка, им се намалуваат предрасудите за другите заедници преку непосредниот контакт, а исто така се зголемува и потребата за соработка ”, изјави Mуареми.

Според него, Mинистерството за образование и наука (МОН) треба да ги поддржи ваквите проекти и истите треба да се спроведат на целата територија на државата, бидејќи само на овој начин може да се развие духот на мултикултурализмот.

 

Нансен моделот за интегрирано образование

 

 

Разни меѓународни организации го поддржуваат проектот за интегрирано образование. Во функција на промовирање и развој на интегрираното образование е и Центарот за дијалог Нансен во Скопје (ЦДНС). Овој проект оваа организација го спроведува во осум основни и едно средно училиште, додека првото училиште кое ја почна реализацијата беше тоа во селото Прељубиште во општина Јегуновце.

Ветон Зеколи, менаџер на проектот за Инбокс7 вели дека има одлични резултати.

Разни меѓународни организации го поддржуваат проектот за интегрирано образование

Разни меѓународни организации го поддржуваат проектот за интегрирано образование

„Овој модел ја поддржува  интеграцијата на учениците кои припаѓаат на различни етнички зедници, кои заедно го следат наставниот процес, секој на свој јазик во истата зграда. Освен што се промовира  интеграцијата на учениците, доаѓа и до интеграција на наставниот кадар со различно етничко потекло, а исто така корист од тоа е и интеграцијата помеѓу родителите. Моделот нуди поврзаност меѓу содржините на службените наставни програми и програмите со неформален, воннаставен карактер”, објасни Зеколи, додавајќи дека вонучилишните интегрирани активности се збогатуваат се двојазичниот пристап со методите на игри.

Проектот во почетокот не беше профатен со отворени раце како денес. Имало и потешкотии околу реализацијата бидејќи родителите и училиштата не биле претходно запознаени со некој сличен модел.

Главниот предизвик беше објаснувањето на моделот и неговото прифаќање од родителите. Тие се клучниот фактор, без кој овој проект не може да се спроведе. Сме се соочувале и со инфраструктурни проблеми во училиштата, каде за жал има недостиг на елементарни услови за нормално одвивање на наставниот процес и на нашиот модел. Поради тоа им помагаме на уилиштата преку обезбедување опрема за училниците, потоа со дидактички материјали, ЛЦД проектори, разни работни материјали, и сл.”, изјави Зеколи.

Од друга страна, Младинскиот образовен форум (МОФ) објасни дека во Македонија не се спроведуваат интегративни политики во образованието, а јазикот на поделби и говорот на омраза се чести. Затоа од оваа организација апелираат стратегијата за интегрирано образование да се спроведе во целост, за да имаме интегрирани училишта.Многу училишта функционираат како хомогени во етничка смисла, поделени смени и амбиенти. Клучно е да се стимулира комуникацијата, вонучилишните активности, дружењето на младите од сите заедници со цел надминување на предрасудите и овозможување на соживот”, сметаДона Костуранова, претседателка на МОФ.

mof

МОФ: Во Македонија не се спроведуваат интегративни политики во образованието, а јазикот на поделби и говорот на омраза се чести

Проектот кој предвидуваше интегрирано образование и кој подразбираше албанските ученици да учат македонски јазик од првото одделение пропадна, бидејќи од албанската политика, од наставните субјекти, но и од многу опшини беше оценет како штетен проект и како проект кој не помага околу интегрирањето. Односно не предвидува задолжително изучување на албанскиот јазик за учениците Македонци.

 

Преведе од албански- Арменд Нухиу

tahiri@inbox7.mk