Денешна дата
04/04/2020

Многу полицајци, малку безбедност!

Речиси не поминува ден во Македонија, а медиумите да не известат за безбедносни инциденти. Полицијата се фали дека ја врши нејзината работа, но е критикувана од граѓанскиот сектор

Убиства, самоубиства, вооружени инциденти, кражби.. Ова е, помалку или повеќе, прегледот на дневниот информативен билтен на Министерството за внатрешни работи (МВР). Пласирани во црната хроника на вестите во медиумите, неодамнешните настани ја поставуваат дилемата дали граѓаните на Македонија се безбедни? Колку им е гарантирана личната безбедност? Колку  полицијата и другите институции имаат влијание на чувството за страв кај граѓаните?

Кражбите сред бел ден одраз на (не)безбедноста

Ruzhdi-Lata

Ружди Љата, градоначалник на Дебар: Ситуацијата во Дебар беше многу напната, а населението вознемирено

 

Најнов случај е кражбата во Дебар, која се случи на 29 јули, кога 6 лица од Албанија сред бел ден, во 14.30 часот во центарот на Дебар ги украдоа сребрарниците  “Бели” и “Eребара ”. Се украде значително количество на бижутерија, додека при судирот со сопствениците на сребрарниците, еден крадец е убиен, додека сопственикот на едната од ограбените сребрарници, Меџит Еребара, е ранет.

Заменик министерот за внатрешни работи, Земри Ќамили  рече дека  полицијата ги презеде мерките за расветлување на случајот. “Собрани се материјалите и веруваме во разветлување на случајот, рече тој.

Во меѓувреме, минатиот петок, на 1 август, од полицијата е пронајдено безживотно тело на маж во еден џип марка Рејнџ Ровер со британски таблички, за кој се претпоставува дека е на едно од лицата убиени во текот на грабежот во Дебар.

Градоначалникот на Дебар, Ружди Љата за Инбокс7 изјави дека по тешкиот инцидент, ситуацијата во Дебар беше многу напната, а населението вознемирено.

“По инцидентот, Советот на Општина Дебар усвои неколку заклучоци:

-Инцидентот да се расветли по секоја цена. –Полицијата да го известува општинскиот совет. –Да се почитува законската основа командантот на полицијата да се именува од советот на општината.

Ситуацијата се следи со внимание и се обидуваме да ја имаме под контрола, изјави Љата кој пред да стане градоначалник беше муфтија на Исламската верска заедница во овој град“, рече Лата.

 

Хелсиншки Комитет : Граѓаните не се чувствуваат заштитени од полицијата

 

uranija-pirovska-helsinski

Уранија Пировска, Хелсиншки комитет: во последните 3 години се случиле многу трагедии кои биле вознемирувачки за целокупното општество и кои резултираа со многу насилство по улиците

 

Хелсиншкиот Комитет за права и слободи на човекот (ХКПСЧ) потврди за Инбокс7 дека нивните анализи покажуваат дека граѓаните не се чувствуваат заштитени од МВР. Извршниот директор на овој комитет  Уранија Пировска изјави дека во последните 3 години се случиле многу трагедии кои биле вознемирувачки за целокупното општество и кои резултираа со многу насилство по улиците.

“Ќе го споменам убиството на Мартин Нешковски кое ги допре младите да реагираат во Министерството за внатрешни работи и да побараат надворешна контрола, со што се искажува недоверба кон органите кои треба да имаат контрола врз припадниците на полицијата, без оглед на единицата на која им припаѓаат, редовната полиција или единицата за брзо распоредување. Потоа ја имаме смртта на новинарот Никола Младенов и истрагата, кои оставија многу неодговорени прашања за семејството и јавноста. Потоа, етничките судири меѓу младите во јавниот превоз  ”, изјави Пировска.

Пировска истакна дека сигурноста е доведена во опасност и неколку изгубени животи во Смилковското езеро, инцидентот во Ѓорче Петров, каде беше убиен младиот  Aнгел Петковски , но и семејното насилство “Имаме и не помалку важни случаи на семејно насилство кои резултираа со смррта на 3 жени како и нападите кон ЛГБТИ заедницата”, изјави Пировска.

Хелсиншкиот Комитет бара Министерството за внатрешни работи да ја почитува презумпцијата на невиност на осомничените лица. како што објави Пировска, граѓаните често му се обраќаат на Комитетот со поплаки за пречекорување на овластувањата од страна на полицијата.

“Граѓание се жалат за пречекорување на полициските овластувања, злоупотреба на службената положба и тортурата од полициските службеници. Во оваа категорија се истакнуваат случаите на спречување на јавни собири, ограничување на слободата на движење, на протест, но и на гранични премини. Конечно, граѓаните од ромска припадност се охрабруваат да ги пријават случаите на дискриминација од страна на полицијата, воглавно од припадниците на единицата Алфа, но и на редовната полиција”, рече Пировска.

 

Дали проектите на МВР се доволни за зголемување на безбедноста?

 

Во меѓувреме Министерството за внатрешни работи го спроведува проектот  “Маалски патроли”, која има за цел зголемување на безбедноста на граѓаните во нивните населби.

“Овој проект ќе овозможи организирање на патроли, во кои ќе се вклучат и граѓаните, кои заедно со полицијата во нивните населби, села, во нивното соседство ќе патролираат заедно со полицијата и ќе ги посетата местата каде се случуваат почесто кривични дела и дела кои го нарушуваат јавниот ред и мир ”, изјави министерката за внатрешни , Гордана Јанкуловска.

Ѓорче

Но според  Хелсиншкиот Комитет, ваквите проекти се недоволни. Се бара надворешна контрола за полицијата, бидејќи Секторот за внатрешна контрола не се става на страна на жртвите.

“Полициските работници не треба со затворени очи да ги следат наредбите за преземање на законски мерки кон граѓаните кои мирно протестираат. Извештајот на полициските службеници кон граѓаните мора да се промени во насока на креирање на професионален и културен однос. Во спротивно секое пречекорување треба да резултира со дисциплински мерки или прекин на работниот однос, посебно во случаи на тортура  ”, изјави Пировска.

Според неа  МВР треба да покаже професионализам, транспарентност и одговорност со цел подобрување на безбедноста на граѓаните.

Хелсиншкиот Комитет заклучил дека е необјаснив фактот дека МВР драстично го зголемило бројот на вработени, а во државата не постои чувство дека безбедноста е поголема. Всушност, според оваа организација, кај граѓаните преовладува чувството на несигурност, но и страв да се проговори јавно заради можните реперкусии, бидејќи неколку луѓе веќе се во затвор или во притвор, или се во судски процес,  токму поради нивните јавни произнесувања.

Уредник: Селим Ибраими

Преведе од албански- Арменд Нухиу

tahiri@inbox7.mk