Денешна дата
11/07/2020

Печалбарите инвестираат само во свадби и куќи

Иако печалбарите придонесуваат за економскиот развој во Македонија, нивните пари циркулираат во краткорочни проекти, додека инвестициите во долгорочните проекти се речиси никакви

Летните месеци во Македонија се карактеристични со доаѓањето на печалбарите во нивниот роден крај. Цела Македонија, а посебно западниот дел, се парализира од многу луѓе, луксузни автомобили преполни кафулиња и дуќани. Реалноста дека се соочуваме со доаѓањето на печалбарите се одразува преку блокираните патишта, лошо паркирани автомобили ( во недостаток на паркинг места), пешаци кои не ги почитуваат сообраќајните знаци, албански деца кои говорат странски јазици и многу други феномени кои се одлика на нашите печалбари.

Според локалните извештаи, економијата во земјава цвета кога емигрантите се враќаат дома. Но, во какви проекти инвестираат нашите емигранти кои со децении живеат во странство? Колку зависи македонскиот буџет од нивните средства? Зошто немаме конкретни инвестиции во бизниси од нив, туку сме сведоци само на мегаломанските свадби во кои тие инвестираат?

 

Буџетот зависен од средствата на печалбарите

 

Економистот Висар Адеми за Инбокс7 вели дека буџетот на Македонија многу зависи од парите кои ги носат емигрантите. Според него, паричните трансфери и ремитенции кои емигрантите ги испраќаат во земјава го помагаат нашиот буџет.

visar ademi

Висар Адеми

“Со средствата кои тие ги донесуваат во Македонија, нивните трошоци овде како и инвестициите во недвижности (куќи и земјиште) придонесуваат за економскиот развој на земјава”, вели Адеми.

Беким Бина од Светската Банка во Скопје, пак, тврди дека не може со сигурност да се рече колку или на каков начин парите што се слеваат овде ја помагаат стабилноста и размената на еврото и на македонскиот денар.

“Никој досега не се бавел сериозно со ова прашање и нема кредибилна анализа за овој феномен. Познато е дека платниот биланс се помага од средствата на печалбарите, бидејќи Македонија повеќе увезува отколку извезува стоки. Но, ова се нарекува негативен платен биланс кој резултира со намалување на девизните резерви”, вели Бина.

Албанските печалбари полнат половина од македонскиот буџет?

Адеми е на мислење дека не е тајна оти албанските печалбари придонесуваат со некаде околу 50% од полнењето на касата на буџетот на Македонија.

Иако печалбарите придонесуваат за економскиот развој во Македонија, нивните пари циркулираат во краткорочни проекти, додека инвестициите во долгорочните проекти се речиси никакви.

Според Адеми, неколку фактори влијаат емигрантите да нè инвестираат во Македонија. Тој вели дека за ова постојат три конкретни причини.

“Првата причина е дека нашите печалбари немаат доверба во правниот систем и гарантирањето на сопственоста во Македонија (кога се зборува за економските инвестиции). Во земја каде што ништо што е албанско не е сигурно, гарантирањето на капиталот се доведува во прашање. Второ, бидејќи печалбарите се соочуваат со бирократски процедури и корупција за инвестирање во татковината. И за ова постојат бројни примери на печалбари кои дошле овде и набргу си заминале кога се соочиле со оваа реалност“, вели Адеми.

Печалбарите се соочуваат со бирократски процедури 

“Третата работа има врска со нашето културно наследство. Албанците секогаш инвестициите во недвижности ги сметале како најсигурни, додека економската активност ја вршеле во земјите каде што работеле”, додава Адеми.

Но, за фактот дека многу пари од печалбарите се трошат за мегаломански свадби и други традиции,а не за конкретни планови за економски развој, Беким Бина вели дека таквата појава зборува многу за менталитетот на печалбарите од нашите краишта.

bekim imeri

Беким Бина

“Ваквите појави се прават само за вредности на нашето население. Едноставно, парите се нивни и ги трошат според нивните приоритети. Токму печалбарите се тие кои треба да објаснат зошто не инвестираат во Македонија, бидејќи ние можеме само да искажеме разни претпоставки“, нагласува Бина.

Печалбарот од Струга (З.М) кој живее во САД, за Инбокс7 вели дека парите најмногу ги трошат за семејни веселби како венчавки, сунет и сл.

“Од ова најмногу профитираат хотелите, фотографските студија, пејачите и така натаму. Веќе знаете, една свадба чини најмалку 15.000 долари со повикани 300-400 гости”, вели тој.

Тој објасни дека  не може да инвестира во долгорочни проекти бидејќи е тешко да се иселат од едно место каде што веќе изградиле живот и се навикнале на тамошниот систем.

Беким Бина истакнува дека преселбата дома не е толку лесна кога тие се навикнати на еден друг систем и дека всушност тоа враќање ќе беше лесно доколку нашиот систем овде би функционирал правилно.

“Нашите емигранти би се вратиле во татковината ако тие проценат дека има амбиент за бизнис и гледаат добра перспектива”.

Уредник: Селим Ибраими

Преведе од албански: Арменд Нухиу

bajrami@inbox7.mk