Денешна дата
26/05/2019

Бојкотот не е најдобриот начин за учество во демократските процеси

Европската Унија (ЕУ) може да чека подолго од Македонија решавање на проблемот со името, но ќе беше добро овој спор да биде решен што побрзо со цел земјата да оди напред. Ова го изјави амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, во ексклузивно интервју за онлајн магазинот Инбокс7. Тој исто така одговара и на прашања поврзани со изборите, следниот извештај на Европската комисија (ЕК), европската иднина на Македонија, како и за други актуелни настани

Инбокс7: Почитуван амбасадор, задоволство е да ве имаме наш гостин, добродојдовте! Октомври се наближува и каков извештај се очекува да добие Македонија од ЕК, со оглед дека поминува низ претседателски и парламентарни избори?

 

Орав: Во почеток, ви посакувам добродојде во седиштето на делегацијата на Европската унија (ЕУ). Не можам со сигурност да кажам што можеме да очекуваме, дали извештајот ќе биде позитивен или негативен, но јас можам само да потврдам дека тој ќе биде објективен. Најмалку ние се обидуваме да бидеме објективни во проценките. Овој извештај ние почнавме да го изработиме многу рано. Почнавме од септември минатата година за да го доставиме до септември 2014 година. Така што се што доаѓа од вашите политичари, тие на власт или во опозиција, од невладиниот сектор, новинарите, јавните институции ние го пишуваме и го праќаме до Европската комисија. Тоа што е од голема важност да се каже е фактот дека ние извештајот го пишуваме само од технички аспект, додека фактички вие сте авторот.

 

Инбокс7: Да зборуваме за нашата европска иднина. Дали можете да ни кажете што добива Македонија ако стане членка на ЕУ? Дали можеме да зборуваме за европскиот сон во ситуација кога расте скептицизмот кон ЕУ заради долготрајниот процес на интегрирање?

 

Орав: За многу држави ЕУ сеуште е само сон, и тоа е вистина. Исто така вистина е дека многу земји чекаат пред вратите на ЕУ, кои фактички тропаат на нашите врати. Ние сме подготвени да примаме нови членки, за сите ова е јасно, а ова го догажавме со тоа што пред една година ние ги отворивме вратите за нова членка, т.е. Хрватска. Сега Србија стана земја кандидат за интеграција во ЕУ а и Албанија оди на добар пат во овој аспект. Ова значи дека овој европски сон полека станува стварност. Зошто државите сакаат да станат членка на ЕУ? Начелно, затоа што сакаат да споделат исти вредности, демократија, мир. Овие се главните аргументи за тоа зошто ни е потребна ЕУ.

 

Инбокс7: Предпристапниот дијалог на високо ниво требаше да биде само еден поврзувачки мост кон процесот на преговорите за членство во ЕУ. Но, што е со Копенхашките критериуми? До каде сме со реформите?

 

Орав: Тука ми поставивте неколку прашања. Овој пертпристапен дијалог беше отворен во 2012 година, т.е. пред две години, и истиот беше многу добро дошекан во земјата. Имаше и многу луѓе на улица кои разговараа за овој дијалог, кој беше многу добра шанса како да одиме напред, како да ја мотивираме владата да ги спроведе реформите. Особено во тие сфери кои се критикувани од извештајот, како на пример: владеење на правото, независни медиуми и борбата против корупцијата. Во моментот се постигнати неколку цели и се надеваме дека овој ндијалог ќе продолжи да ги идентификува следните нивоа кои треба да се постигнат. Но, овој дијалог на високо ниво не е создаден за да ги замени преговорите. Преговорите, сепак, остануваат преговори. Дијалогот може да биде само помош за земјата, подготовка за започнување на преговорите за истите да се одвиваат полесно. Така што може да се случи еден ден да се отоври едно поглавје за утредента истото да биде затворено. Копенхашките критериуми се клучни точки од кои зависи дали ЕК ќе ја гледа вашата земја како кандидат за ЕУ. Мојот одговор е – да, од причина што во октмври минатата година, кога ЕУ го презентираше извештајот и препораката за почеток на преговорите со вашата земја, ваквиот заклучок беше основан само на перцепцијата дека на земјата и се потребни Копенхашките криетриуми.

 

Инбокс7: Уште колку може да чека ЕУ за да се најде решение за името? Дали ова значи дека може во недоглед да останеме на ниво на предпристапниот дијалог на високо ниво, ако нема да се најде решение за проблемот за името?  

 

Орав: Ние сме чекале толку колку сте чекале и вие, но ние можеме да чекаме и многу повеќе. Јас лично ќе бев многу среќен ако овој проблем биде решен веднаш со тоа што ние би тргнале напред. Но нормално, има многу други работи кои се сметаат за важни, како на пример добрите меѓусоседски односи со Бугарија и трите критериуми кои ги спомнав погоре во рамките на претпристапниот дијалог на високо ниво, како владеење на правото, борба против корупцијата и независноста на медиумите.

 

Инбокс7: Во минатите години делегацијата на ЕК известуваше дека Македонија недоволно ги користи ИПА фондовите. Каква е ситуацијата во последниот период? Дали нешто е променето или ја имаме пак истата ситуација?

 

Орав: Ние работиме постојано во овој правец со цел ИПА фондовите, кои ги дава ЕУ за земјите кандидати, да бидат искористени 100 процентно. Но ова бројка е само крајна цел. Ниту една земја членка на ЕУ не може да искористи 100 проценти од парите кои ги имаа на располагање во структурните фондови. Истото се случува и со земјите членки. Ние се обидуваме да и помагаме на владата да ги користи овие средства кои се тука и наша должност е да им помагаме на земјите да ги користат 100 процентно. Зошто ги даваме овие пари, ова е многу јасно од причина што процесот на членство е многу скап. Особено реформите не можат да се извршат без надворешна помош и ова е главната причина зошто ние ги даваме овие средства. Нормално, највидливите проекти се патната инфраструктура, проекти за автопатишта итн. Еден многу скап дел е и екологијата и ние би сакале да видиме една подобра употреба на овие средства за ова прашање. Има и други проекти кои се финансираат кои не се толку видливи, како што се тие поврзани со зајакнување на капацитетите на институциите или пак на невладините организации.

 

Инбокс7: Да преминеме на друга тема, која исто така е поврзана со ЕК. Пред неколку дена ЕК излезе со став за најавениот бојкот на ДУИ на претседателските избори. Ова партија ги повикува на бојкот нејзините гласачи. Кој е Вашиот став за ова прашање? Дали треба да бидеме загрижени од ваквите политички пораки?

 

Орав: Фактички, зборот бојкот е збор кој не треба да се употребува во демократијата од причина што политичарите се должни да ја спроведуваат вољата на гласачите. Кога го велам ова не мислам само на едната или другата партија на Албанците, туку за сите партии кои се на власт или во опозиција. Мислам дека овој начин не е најдобриот начин за учество во демократските процеси.

 

Инбокс7: Пред неколку месеци во Турција, каде Вие сте биле амбасадор на ЕУ, имаше протести и граѓанско незадоволство. Потоа следуваа настаните во Украина, со кои треба да се соочи и ЕУ. Дали има можност овие случувања во Украина да се рефлектираат и во Балканот, исто така и во Македонија?

 

Орав: Тешко е да се праваат вакви предвидувања од причина што на почетокот на годината никој не можеше да предвиди како ќе се однесува Руската федерација. Никој не го мислеше ова ниту во најлошиот сон. Но еве, сега овој сон стана реалност. Од ова причина, што може да се случи на Балканот и во останатите земји на Европа навистина не знам. Ние само ги наблудуваме настаните и како ЕУ се обидуваме да работиме напорно за да ги евитираме можните ескалации. Секако дека во вашата земја е многу значајно да имате единство, добро разбирање меѓу партиите за да се реализираат објективите за ЕУ и НАТО. Мислам дека ова единство ќе помогне за да чекориме напред. Исто така гледам дека исти настани и процеси има и во другите земји на Балканот.

 

Инбокс7: Која е вашата порака до граѓаните на Македонија во однос на интегративниот процес во ЕУ?

 

Орав: Членството во ЕУ не е ни малку лесен процес. И јас доагаѓам од мала земја така што и на нас на почетоткот ни изгледаше лесен процес. Но, преговорите траеа седум години. Затоа вие никогаш не треба да се предадете. Многу е значајно да работите за членство во ЕУ и ова ќе ја помага државата да се реформира, да стане подемократска. Ова е нешто кое е значајно за сите граѓани.

Уредник: Селим Ибраими

Преведувач: Јелена Враниќ-Угриновска

bajrami@inbox7.mk