Денешна дата
26/02/2020

Различни јазици, една вистина

Во време на универзална измама – кажувањето на вистината е револуционерен акт. Ова изрека на англискиот писател Џорџ Орвел е доволен мотив да се иницираат проекти, каде вистината нема да зависи од јазичните бариери или пак од центрите на политичка и економска моќ.

Во време на бројни потреси на медиумскиот пазар во Македонија, кога се соочуваме со голем пад на слободата на медиумите, ние како Центар за истражувачко новинарство СКУП Македонија, ви го презентираме ИНБОКС-онлајн магазин кој ќе биде посветен пред се, од и за граѓаните.

Нашата целе ИНБОКС  да биде ваше интернет сандаче, каде ќе може да ги претставите своите маки, проблеми, ставови и мислења. Нашата намера е да бидеме отворен прозор кон сите, преку соддржини кои ќе бидат резултат на објективно и непристрасно новинарство. Нашата мисија е да ги промовираме професионалните новинарски вредности и стандарди, оние кои за жал, полека почнаа да бледнеат.

Идејата за ИНБОКС се роди спонтано, ненаметливо, а со желба да се збогати медумскиот интернет простор со единствен онлајн магазин кој ќе се разликува по својата оригиналност во темите кои ќе ги нуди, по аналитичноста во пристапот и ќе им овозможи на читателите еден поинаков агол на гледање на работите. Критика, но не и обвинување, полемика, но не и расправи, истражување, а не еднострано претставување на работите. Тоа накратко е личната карта на ИНБОКС, кој се надеваме со ваша помош да го збогатиме и да го направиме уште поинтересен, попримамлив за читателите.

ИНБОКС ќе биде отворен за сите, без разлика на национална, верска, расна, полова припадност или старосна граница. ИНБОКС ќе овозможи подеднаков простор на јавните личности од општествено-политичкиот живот. Нивните погледи, ставови, различни мислења ќе бидат презентирани на овие страници, без какво и да било квалификување, а со единствена намера-да се обидеме да ги претставиме работите на најдоброто можно професионално ниво. Да го развиеме истражувачкото новинарство, да ги промовираме професионалните стандарди во новинарството, а при тоа да ја зачуваме објективноста. Ова е тоа што ќе не води при подготовката на новинарските анализи, репортажи, интервјуа, истражувачки стории и дебати.  Ќе имаме не само простор за презентирање на актуелните општествени теми, туку ќе ви овозможиме и активно да се вклучите во јавните дебати кои ќе ги организираме за Вас-од една дноставна причина-бидејќи го цениме Вашето мислење.

Се надеваме дека читателите ќе ги препознаат овие наши напори со кои ќе се обидеме да придонесеме кон амбиентот на создавање на подобра клима во општеството и промовирање на демократските вредности.

zafirova.zafirova@gmail.com