Денешна дата
16/08/2022

СДСМ И ДПМНЕ ВО КОАЛИЦИЈА ГРУЕВСКИ И ЗАЕВ – ПОПУЛИЗАМ И(ЛИ) ИДЕАЛИЗАМ

Ова е нестандардизиран новинарски текст е со два наслови, но во основа изразува, можеби само една  суштина за најновото пројавување на социјалдемократите. Тоа е  дневна тактика, без долгорочна програмска инвенција за легален и легитимен пораз на Власта и нејзино заменување. На илјадници вмровски тројки, ке им се спротивстават импозантни 5о илјади соцјалдемократи. Модел купен од надживеаниот “груевизам”.  Парламентарната битка ќе ја заменат со нова, предвремена мобилизација на неопределените, со држење во кондиција на сопственото членство, со анимација на неопределените.

Само политички алтруисти може да веруваат дека  децениската градба на вмровската платфрома со реализација нa манипулативна и опасно популиситчка и лукративно реализира програма, може да се урне само со вибрациите од  гласот на народот, на граѓаните. Еве , само една и нерепрезентаттивна ад – хок реакција на гласачите. Традиционалните и паметни сајбер политички воајери кои најчесто се подобри фотографи на животот од новинарските коментари и партиските пелтечари, деновиве напишаа.

Реакциите се снимени во оригинал

od dedo dimo, 21.08.2014 00:48:55

Nesporno e deka na ovaa kategorija ziteli- (соцјалци м.з.) – treba vo kontinuitet da im se pomaga, no na vakov nacin ocigledno e deka DPMNE vo predhodnite izbori si kupi so pari od site nas armija na glasaci.I normalno i na naredni izbori ocekuvajki slicna akcija tie ke bidat najvernite glasaci za DPMNE.I sega bidi ti opozicija i vrakaj se vo parlament-toa SDSM ne semee da go napravi.pozdrav.

Молитва, 21.08.2014 04:49:44

Коле наш, кој си во небесата, простиниги долговите наши, и не не воведувај во искушение да гласаме за друг! Зошто твое е царството земско, и силата и стапот и парите, сега и секогаш и во вечни векови! Амин!

MISHKO, 21.08.2014 07:09:07

…Еве веќе деценија скоро народот никако да му ги прости транзиционите приватизациони гревови на опозицијата кога била власт…Сега тоа непроштевање се пренесува на второто поколение на која им е уништена младоста поради социјално срозаниот транзиционен родител.Како стојат работите уште долго ќе останат непростени гревовите поради надменоста на поразениот кој сопствениот народ го третира подценувачки и навредувачко оти не гласа за него.

Овие реакции беа и пред и по изборите, по бојкотот на црниот парламентарен понеделник, но и по актулената апстиненција на опозицијата. Но дали тие ќе бидат подржувачи или водачи на новата соцјалдемократска алтернатива? Која е понудата – формирање средна класа од 30 насто сиромашни, од 25-те насто администрација од вкупните вработени, кои живеат под стрес и страв? Од неоколонијалистичката мерливост на живиот труд, со пребегот на кретивните и способни работници и млади потенцијали? Што ќе им се понуди на пензионерите, чиј фондови се празни, со очекување дека догодина, не е исклучено да им се украде една месечна исплата помалку? Политички мазохизам е да и се допушти на власта така бланко да го реформира уставот со слободни финасиски зони (пералници на пари со екстериторија на која не важат македонските закони и институции), со небулозен амандман за горната граница на задолжување? Како СДСМ ќе го ревитализира забележаниот револт или иницијативи, без учество во Парламентот, за што веќе добија мандат? Ако неможат да бидат легитимни и остри критичари во Парламентот, каде ќе имаат минимум медиумска подршка, тогаш  со што ќе бидат гласни – со подвижено бус-радио? Дали сега врвот на партијата го осознава значењето на една моќна ТВ А1, со демократска и плуралистичка и верско-етничка толерантна уредувачка политика, креирана од нејзиниот новинарски и релативно слободоумен  тим, се до појавата на лични политички амбиции на некои од нив? Дали сега се потпира  на јавните политички совети на еден од гробарите на медиумот со инфицирање на сопственикот со “вирусот Црвенковски”?

Каков бонитет ќе се стекне кај сестринските партии, ако не сте легитимна парламентарна опозиција, ако не сте во Советот на Европа…? Ќе нема непријатни пратенички прашања, месечни иницијативи на опозицијата за дебата по нејзинина тема, нема наменски дебата, нема инцијативи за попис, промена на изборниот модел од сегашниот јаничарски мнозински кон Македонија една изборна единица, со отворени пратенички листи….

СДСМ има проблем со тајмингот на избраните методите на политичката пресметка. Кога требаше да бидат популисти, беа елитисти. Па пролетоска и во нивите на Џумајлија не влегоа, за да потсетат на циркузантот од Индија и субратизацијата на политичката и економска логика на главните владини промотори? Ќе одат ли активистите, сега, во Шутка и на Ромите да им ја предочат најголемата криминална гласачка измама со купените гласови  во замена за талонче од струја, ТВ и по некоја трошка од банкарски минус? Да  ги запрашаат – зошто пратеникот од владеечката коалиција не извади пари од свој џеб, наспроти блудното свадбарско славје на Босфор?

Во потребата од социјална катарза соцјалдемократите немаат линкови ниту до класичните левичарски асоцијации – Ленка и Солидарност. Што ќе чујат по отворените врати по домовите низ државата –  дека судбината на небиднината на социјалците е подеднакво руинирана во  двата брана на вулгарната приватизација, а потоа и со актуелната и бруталната реприватизација, преку даночни и финасиски притисици и закани, непријателско преземање на компаниите, монтажи во дискредитирањето на бизнисемните и малите и успешни компании, глас дека кој не е со Власта е против државата?

Веќе не се проблем гласачите. Туку нивните неформални ментори. Погледајте ја сервилноста на моќните приватни корпорации, на банкарските босови кои побрзаа отписот на долговите да го компензираат за своите растечки ризични пласмани од над 400 милиони евра, без да понесат никаква одговорност за нив, да се брутални со своите годишни плати и бонуси до 3 милиони евра за малкумина од одбаните менаџерските тимови? Зарем е логично за врвен банкар да изјави дека за општествената одговорност и самостојните деловни одлуки за отпис на долговите сега има и политичка потреба? Како ќе се допре до преплашените и успешни бизнисемни кои имаа потреба да влијае на макроекономската политика, законските решенија. Преку сервилните менаџменти на двете Комори, сигурно не? Ќе се оди ли на соочување со нивните претприемачи?

Заев не е (само)доволен во оваа битка со бестијалноста на дпмнеовската корпоративна и полициска моќ.

Се промовира стратегија на партнерство и  отворени врати.  Лош абер е испратен со бришењето од партијата на еден универзитетски професор и новинар. Дали е проблемот во нивните одлуки или во нивните изборни номинации?  Тоа се  двете професии кои се соочуваат со најжесток притисок, од заплашување, до посесивност.

За кои избори се подготвува СДСМ – за следните локални? Зарем ќе ги пропушта и нив, како што имаше доблест Еди Рама во конечната дискредитација на Бериша, за да се врати како нов премиер на Албанија?

Одлуката да се остане вон парламентот е во време на тектонски потреси на меѓународната и геополитичка сцена.

За жал, етноцентризмот на Милошевиќ, неговиот суров и исцрпувачки национализам воскрснува, малку пософистициран, на балканските простори, по само четврт век од неговата појава. На повидок е Орбан(изација), а не Путин(изација) на неокапиталистичкиот судир на левата, популистичка, десница. За Унгарскиот премиер економскиот неолиберализам е мртов, нема потреба од демократска опозиција, за слободни медиуми и граѓанско општество. Водството на оваа членка на Унијата ги прокламира и практикува овие нови посткомунистички модели на КУЛТ на личноста, а не на демократијата.

Лакот на корпоративните владетели во Европа е оптегнат – Путин, Орбан, Вучиќ, Груевски, Самарас, Ердоган. Чуден сплет на држави и политичари во оваа неформална антизападна демеркација од (не)демократски режими. Го гледа ли некој кај соцјалдемократите овој нетипичен и неформален сојуз, на опстанок на режими и покрај  масовни антивладини демонстрации, брутални полициски одговори? Враќање на логиката на студената војна со првите знаци за блокади на демократските процеси и реакции, во  економско-финансиски, меѓународно-политички, институционални  рамки. На сцена се феномените на политички и верски фундаментализам. Царува демагогија, галопирачка е аномија на институциите, како домашни, така и интернационални.

Во вакви услови СДСМ се враќа во илегала. Но во политичките гени на Македонецот ја нема “српската багерската храброст“, при уривањето на српскиот вожд.

Дали е на повидок процес на распад на СДСМ?  Можна ли  партиска гимнастика со некој македонски Миро Церар?

Онлајн магазинот Инбокс7 не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Одговорноста за изнесените мислења се исклучиво на авторот.

comovski@inbox7.mk Фото: Кире Гелевски (Глобус)