Денешна дата
23/11/2017

Вистината за словенечко – српскиот пакт против Југославија и за трговијата со оружје

Блаж Згага

Блаж Згага

Словенечки новинар и ко-автор на трилогијата „Во името на државата“
http://www.uimedrzave.com/
Блаж Згага

Тогаш, ние ќе го прашаме пеколот: »Дали си веќе полн

А пеколот ќе одговори: »Има ли уште

 

Меша Селимовиќ, Дервишот и смртта

(изрека од Куранот)

 

 

Повеќе од 130.000 мртви, многукратно повеќе ранети, повеќе од еден милион раселени, растерани и прогонети. Уништени животи, семејства и иднини. Дваесет години немилосрдни и безобѕирни грабежи и прекинати социјални врски. Распад. Така во 2014 година може да го опишеме подрачјето на поранешна Југославија, дваесет и три години по почетокот на крвавите војни кои ја зацртаа судбината на граѓаните на некогаш најразвиената и најбогатата земја на другиот – социјалистичкиот блок.

jna

Светската и домашната јавност најголемата одговорност за крвавиот распад на федерацијата му ја припишуваат на српскиот лидер Слободан Милошевиќ, кој со насилното остварување на проектот Голема Србија со помош на Југословенската народна армија (ЈНА) сееше смрт и страдање речиси насекаде во поранешна Југославија .

Словенија најдобро помина при нејзиното распаѓање, со мал број загинати во своите редови и неколку десетици мртви голобради членови на ЈНА. Покрај тоа, таа профитираше од војните во соседството и заработи од профитабилната продажба на оружје. При тоа не стануваше збор само за самоволна и незаконска  продажба од страна на индивидуални граѓани, државните службеници или министри, туку за промислени одлуки на државниот врв кој од новата, независна држава направи воен профитер. Воедно државниот врв на Република Словенија беше инстанца која донесуваше одлуки кои судбински придонесоа за насилниот исход на југословенската криза или дури го забрзаа.

Веќе дваесет и повеќе години граѓаните на Словенија живеат изолирано од меѓународните информации и интелектуални тeкови. Тие се отсечени од вистинските информации за клучните настани, за постапките на нивните лидери и за нивната одговорност во периодот на создавањето на новата држава. Иако многу поединци знаат што се случувало, тие упорно молчат, како да им е забрането за тоа да зборуваат. Уште од времето на создавање на државата систематски се гради митот за “војната за автономија”, мит кој првенствено го користеа тогашните лидери.

Но, вистината е поинаква од митовите кои во Словенија се повторуваат од година во година. Меѓународната јавност и странските експерти знаат сосема поинакви информации во врска со настаните во тогашна Југославија, за нејзината крваво распаѓање и за одговорноста на Словенија и на нејзиното раководство. Таа вистината и понатаму останува внимателно сокриена од словенечката јавност.

“Колку е тоа интересна приказна. Интересна, а во исто време и депресивна затоа што зборуваме за различни перспективи. Кога зборуваме за тоа како да се открие нешто ново во врска со војните во Југославија, вам ви беше кажано помалку отколку нам иако сте живееле токму во таа средина па имате различни референтни точки. Нам поинаку ни говореа за она што се случувало и зошто”, така ми одговори еден поранешен уредник на британскиот БиБиСи во декември 2013 година во писмото за моето видување на настаните од времето на независноста и трговијата со оружје. Неговата порака ме потресе и ме инспирира да почнам подетална истрага за она што навистина тогаш се случувало.

Денес, кога Словенија е во длабока економска, социјална и морална криза и повремено потсетува на царство на лаги и панаѓур на суети, се чини дека на тоа значително придонесоа и митовите и лагите за минатото. Како што словенечките црковните власти го надуваа огромниот финансиски меур па само Светата столица успеа да ги казни така словенечката политичка власт од сите бои го дуваше меурот на лаги со кој ја спречуваа словенечката јавност да ја сфати вистината за минатите одлуки и постапки чиишто последици се чувствуваат и денес. А тој меур треба да се дупне и да се ослободи вистината.

Некои Словенци сметаат дека честопати не се разбрани од светот. “Словенија денеска во меѓународните односи нема ниту сојузници, а камо ли пријатели”, заклучува историчарот Божо Репе (Младина, 20 декември 2013). Имено,  Словенците, веќе дваесет години, во повеќето делови на светот се сметаат како егоистични луѓе кои се делумно одговорни за бруталниот распад на Југославија.

 

Предговор и таен августовски состанок во Белград

pretsedateli republiki

 

Предговорот на  Славен Летица за хрватскиот превод на првата книга од трилогијата наречена V imenu države (Во име на државата: Продажба, Јесенски и Турк, Загреб, септември 2013 година) многу ги вознемирени членовите и симпатизерите на државниот врв во Словенија.

 

Поранешниот личен советник на хрватскиот претседател Фрањо Туѓман (поднесе оставка од таа позиција во март 1991 година кога сфати дека Туѓман и српскиот лидер Слободан Милошевиќ ја договараат поделбата на Босна и Херцеговина), врз основа на искуството и знаењето за тајните состаноци на кои и самиот присуствуваше ја постави словенечката трговијата со оружје во нова рамка и потсети на договорите на претседателот на Претседателството на Словенија, Милан Кучан и српскиот претседател Слободан Милошевиќ. Станува збор за договори што Словенија и Србија, кои токму тогаш ја консолидираа својата нова државност, ги поткопуваа федералните органи и умно и ефикасно ја рушеа југословенската федерација.

 

За да словенечкото раководство може да донесе одлука за масовна продажба на запленетото оружје на Хрватите, тие мора да биле сигурни дека веќе не постои опасност од агресија од ЈНА и Србија“, рече Летица (Во име на државата: Продажба, Јесенски и Турк, Загреб, септември 2013 година, стр. 15).

 

Претседателството на Словенија кое го сочинуваа претседателот Милан Кучан и членовите Матјаж Кмецл, Цирил Злобец, Иван Оман и Душан Плут, како колективна државната власт на 26 август 1991година донесоа одлука дека Словенија ќе “и помогне на Република Хрватска во областа на одбраната, но до степен до кој тоа не би ги загрозило одбранбените способности на Словенија” (записник од 67. седница на Претседателството на Република Словенија, Љубљана, 26 август 1991 година).

 

Тоа беше одлука на државниот врв со која формално се дозволи продажба на оружје, иако таа почна уште во јули 1991 година, набргу после запоседнувањето на воените складишта на ЈНА и по јулската одлука на Советот за одбрана на Претседателството на Словенија.

 

“Настанот кој беше од клучно значење за разбирање и правилно историско толкување на одлуката на словенечкото национално раководство … беше тајниот пакт за ненапаѓање на Словенија и Србија, кој беше потпишан во Белград неполни две недели пред 14 август 1991 година”, изјави Летица (Во име на државата: Продажба, Јесенски и Турк, Загреб, септември 2013 година, стр. 15).

 

Тогаш во станот на влијателниот српски писател Добрица Ќосиќ, сивата еминенција на проектот Голема Србија, а подоцна и претседател на Србија, се појави претседателот на словенечкото собрание Франце Бучар и министерот за надворешни работи, Димитриј Рупел. Како се одвиваше оваа доверлива средба на интелектуалци детално опишува Добрица Ќосиќ во своите мемоари. (Лична историјата на една ера – време на расплет 1981-1991, Службен весник, Белград, 2009, стр 309-311).

 

“Дојдоа со авион. Пред куќата се паркираа три автомобили: два полициски како придружба и нивниот со нивните придружници. Нив ги обезбедуваше сојузниот СВР. Ја замолив Божица да не демонстрира искреност пред гостите. Бучар и Рупел беа дружељубивии насмеани. Седнавме на терасата и со шолја кафе почнавме да разговараме како добри, стари познаници и пријатели од опозицијата. Тие ми ја изложија намера да воспостават директни односи со Србија, подготвени за стриктна неутралност во хрватско – српскиот спор, за да од Србија добијат поддршка за своето отцепување …

 

Рекоа дека дојдоа кај мене со согласност и во договор со Кучан и Дрновшек и ако јас се согласам со нивните ставови, ќе одат кај Милошевиќ со мое посредување … А јас бев убеден: дека на новата политика ги тераат економски интереси. Тогаш ја издиктираа нивната платформа и предлози за новата политика со Србија. Јас ги напишав на српски, а Рупел на словенечки. Им реков дека ќе го информирам Милошевиќ и ќе им го јавам нивното мислење. Заминаа по три часа разговори, задоволни. Мене ме оптоварија со грижа и со вовлекување во политиката.

 

Го побарав Милошевиќ. Тој беше “некаде во Србија.” Ми одговори дека во принцип прифаќа разговор, но дека „добро ќе им наплати сè што направиле против Србија“. Му пренесов на Бучар да му се јави на Милошевиќ во понеделник.

А платформата за новата политика на Словенија кон Србија која ја потпишавме сите тројца како некој вид договор, наликуваше на договори и спогодби кои ги склопуваа луѓе во Југословенскиот одбор за време на Првата светска војна”, напиша Ќосиќ.

 

Во мемоарите ја објави целата “платформа” која Славен Летица ја претстави во предговорот како “тајниот договор Кучан – Милошевиќ”. Записот на Ќосиќ беше објавен уште во 2002 година на веб страниците на најчитаниот српски весник „Вечерње новости“, но словенечките медиуми и историчари го занемарија.

 

Текстот на “платформата” која во својата книга ја објавува Добрица Ќосиќ, гласи:

 

1. Словенија нема да се меша во внатрешните односи на другите народи и прашањата на внатрешните граници, ниту пак, ќе се стави на страната на кој било од народите на Југославија во решавањето на југословенската агонија. Словенија нема да дозволи да биде инструментализирана во југословенските меѓународни спорови.

 

2. Врз основа на националните интереси Словенија, без предрасуди и емоции, ќе се договара со Србија за меѓусебните односи. Притоа, таа ќе ја почитува одлучувачка улога на Србија во решавањето на југословенската ситуација и компатибилноста на словенечките и српските интереси.

 

3. Словенија верува дека е можно решение на српско-хрватските односи само врз основа на самоопределување на народите од кои треба да произлезат различните форми на автономија.

 

4. Словенија смета за реално и разумно да дојде до федерално поврзување на  Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија. Словенија го признава правото на Хрватска да се определи во однос на таа федерација.

 

5. Словенија самостојно и суверено ќе се определи за тие државни субјекти. Словенија е подготвена активно да соработува во процесот на конституирање на овие субјекти, доколку тие ја сакаат таа соработка.

 

6. Во однос на претходните начела, Словенија и Србија сакаат да ги разрешат меѓусебните југословенски односи без интервенција на странските фактори, а особено не на федерацијата.

Потпишано на 14 август 1991 година во Белград од Добрица Ќосиќ, Франце Бучар и Димитриј Рупел

 

Словенечкиот неделник Младина на 18 ноември 2013 му посвети насловна страница на предговорот на првата книга од трилогијата на Летичин насловена “Словенечко- српскиот пакт” и осум страници на кои учесниците неубедливо и контрадикторно го негираат она што во своите мемоари го пишува Ќосиќ, а особено дека потпишале што било и дека биле во договор со Кучан а и тоа дека Ќосиќ на нивно барање му го пренел словенечкиот предлог на Милошевиќ.

 

Тогашниот претседател на парламентот Франце Бучар напиша: “Словенија се уште беше дел од Југославија баравме начин како да излеземе од неа. Баравме договор со водечките луѓе, претставници на тогашните власти, со нивните соработници, па дури и со тогашната опозиција … Кога Рупел и јас допатувавме во Белград, не дочека полициска придружба и отидовме кај него. Таму седнавме на маса, времето брзо минуваше, час или два разговаравме доста неформално, лично, без записник, како партнери … Да се изразам сликовито возевме слалом помеѓу едните и другите, како на овој или на оној начин да излеземе од Југославија …”

 

Тогашниот министер за надворешни работи, Димитриј Рупел беше краток: “Вистина никој не потпиша никаков документ ’пакт’ или нешто слично. Тоа, и покрај шпекулациите, беше само разговор.”

 

Ана, ќерката на Ќосиќ, после разговорите со својот болен татко рече: “Разговорот на мојот татко со Рупел и Бучар на 14 август 1991 година беше парафиран како записник. Само како записник. Содржината им е позната на  Рупел и Бучар и двајцата се запознаени со содржината на разговорот кој се одржа во нашата куќа во Белград. Тој записник од разговорот и денес се наоѓа во личната архива во куќата на Добрица Ќосиќ, значи во нашата куќа. Татко ми додава дека тој разговор или документот за овој разговор нема никаква, навистина никаква врска со Милошевиќ. Меѓу другото, на фактот дека тој лист хартија е во личниот архив докажува дека тој не е владин документ ниту таен пакт.”

 

Се јави и поранешниот претседател на Претседателството Милан Кучан. »За личната посета на Рупел и Бучар на Ќосиќ во август 1991 година не знаев ништо. Во Србија заминаа веднаш по агресијата против Словенија, во времето на најлошите конфликт со Белград, со Милошевиќ и војската а по договорот склучен на островот Бриони каде што по нашиот договор и д-р Дрновшек започна да преговара со претседателот на Претседателството на СФРЈ Борисав Јовиќ за повлекување на Југословенската армија од Словенија. Во тој момент таа посета би ми изгледала целосно нелогична и апсурдна, а така ми изгледа и денес. Како центар на одлучување за националните прашања тогаш се обидуваше да дејствува и Демос којшто многу работи, особено она што се однесуваше на одбраната или на внатрешните работи ги криеше од Претседателството и од мене. Но не верувам дека Рупел и Бучар нешто потпишале во Белград” пишува тој додавајќи: „Со Милошевиќ никогаш не сум се  договарал, ниту лично ниту преку посредник, најмалку од се тајно.”

 

Бројни меѓународни извори потврдуваат дека поранешниот претседател Милан Кучан не и ја говорел вистината на словенечката јавност. За ова сведочи и неговите сопствени изјави изговори во минатото.

 

24 јануари 1991 годинаден кој ја промени судбината на Југославија

 

Значи, августовската „платформа“, „записник“, „договор“ или „тајна спогодба“ навистина постоел. Состаноците на интелектуалците никој не ги негираше, но се нудеа само различни толкувања и се минимизираше значењето на тајниот состанок и договор. Тој состанок во Белград е само последица на поранешниот словенечко- српски договор постигнат на највисоко ниво – помеѓу Слободан Милошевиќ и Милан Кучан.

 

За него Летица го предупреди во одговорот до Кучан (Младина, 25 октомври  2013):

Историската вистина е дека постои многу поран, прв и непосреден договор/ спогодба помеѓу Милошевиќ и Кучан од 24 јануари 1991 година за кој јас не пишував во предговорот на книгата Продажба. Таа прва историска средба од кој произлезе договорот Милошевиќ – Кучан се случи токму на денот кога Претседателството на Југославија се обиде да ја легализира воената интервенција од страна на ЈНА во Хрватска, позната првенствено по изработка и емитување на филмот на КОС за нелегалното вооружување на Хрватската војска (Пример Шпегељ)

 

Бидејќи тогаш бев личен советник на претседателот Туѓман, бев многу темелно запознаени со резултатите од средбата Кучан – Милошевиќ на 24  јануари 1991 година… Заминувањето на Милан Кучан во Белград на тајни преговори за да Словенија може слободно да истапи од Југославија ја  сфативме како предавство, бидејќи четири дена пред тоа, Словенија и Хрватска потпишаа договор за меѓусебна одбрана во случај ЈНА да интервенира во некои од земјите кои до тогаш беа републики на СФРЈ. Спогодба за заемна одбрана го потпишаа Мартин Шпегељ и Јосип Бољковац во име на Република Хрватска и Јанез Јанша и Игор Бавчар во име на Република Словенија.“

 

Средбата која Хрватите ја доживеа како предавство помина во драматични околности. Во Белград, во време кога ЈНА се закануваше со државен удар се сретна делегација на Србија и Словенија. Српскиот претседател Слободан Милошевиќ беше во друштво на претседателот на Народното собрание Слободан Унковиќ, мандатарот на новата влада Драгутин Зеленовиќ и премиерот Станко Радмиловиќ. На словенечката страна покрај претседателот Милан Кучан беа претседателот на Собранието на Франце Бучар, членот на Претседателството Душан Плут и вицепремиерот Јоже Менцингер.

 

По средбата тие издадоа заедничко соопштение за печат. Соопштенија од овој вид секогаш се резултат на договарање и значи дека двете страни се договориле за текстот. Најважниот дел од официјалната изјава од овој состанок од 24 јануари 1991 година гласеше:

 

“Заеднички востановивме дека при решавање на југословенската криза мора да се тргне од правото на народите за самоодлучувањето која не треба да биде ограничено од ништо друго освен од истото и еднаквото право на другите народи. Двете страни се согласија дека остварувањето на ова право бара почитување за специфичните и различните интереси и не може да биде на сметка на другите народи.

 

Србија го почитува интересот на Словенија, врз основа на правата на народите на самоопределување и низ процес на постигнување договор за идните односи меѓу републиките да реализира непречено остварување на правата на словенечкиот народ и на Република Словенија на сопствениот пат определување во поглед на идното поврзување со другите југословенски народи и републики. Словенија ги почитува интересите на српскиот народ да живеат во една држава, и дека идниот југословенскиот договор тој интерес мора да го почитува.

 

Во договорите е утврдено дека не е возможно на ист начин да се дефинираат меѓусебните односи на сите народи и републики во Југославија. Оттаму, новиот  југословенски договор мора да ги почитува разликите и интересите на сите југословенски народи и народите во Републиките во настојувањето  југословенската криза да се разреши на мирен начин и во демократскиот процес на договарање за иднината на Југославија.“

 

(Известувањето за разговорите помеѓу словенечката и српската делегација од 24 јануари 1991 година во Белград во: Божо Репе:  Viri o demokratizaciji in osamosvojitvi Slovenije, 2. del, Arhivsko društvo Slovenije, Љубљана, 2003, стр. 268).

 

Како што на 25 октомври 2013 во Младина предупреди босанскиот новинар Есад Хеќимовиќ, кој учествуваше во истражувањето за трговијата со оружје додека се развиваше Трилогијата Во име на државата, Кучан го повтори истиот став на состанокот во Белград два дена подоцна на 26 јануари 1991 година за   време на посетата на Сараево.

 

Од стојалиштето на Словенија да се почитува желбата на Србија, српскиот народ да живее во една држава што е наведено во соопштението од  словенечко-српските разговори, Кучан вели дека едно право не може да се ограничува со друго, па тоа значи дека признавањето на правата на Словенците на самостојно одлучување значи признавање на правата на Србите да живеат во една држава.”(Ослобоѓење, 27 јануари 1991 година, насловна страница и стр. 2)

 

Милан Кучан, една недела подоцна, подетално го објасни состанокот (Младина, 8 ноември 2013 година):

 

“Ќе потсетам за што се зборуваше на тогашниот состанок во Белград. По референдумот за независност на Словенија во поширокото Претседателство на Словенија се прифати одлуката преку билатерални средби да се запознаваат раководствата на другите републики за намерите и ставовите на Словенија. После средбата објавивме соопштението за јавност кое др. Летица го толкуваше како согласност или приближување на Словенија, односно на Кучан да Милошевиќ, односно Србија воспостави српска држава на целата територија каде што живеат Срби, а со тоа Словенија односно Кучан ќе се согласи на промена на границите меѓу републиките на поранешна Југославија и на српското присвојување на територии на Република Хрватска. А службеното соопштение за јавност беше сосема јасно: правото на кој било народ на  сопствена држава не може да оди на сметка на еднаквите права на другите народи односно држави или републики на сопствена земја …

 

Ќе повторам: моето заминување, односно заминувањето на словенечката делегација во Белград, не беше тајно, а уште помалку тајна беше словенечко- српската спогодба за заминувањето на Словенија од Југославија”.

 

Кучан додаде: “Словенија за време на војната и помагаше на Хрватска онолку колку што можеше со дипломатска активност, отворена комуникација, обликување светското јавно мислење и отстапувајќи и го оружјето кое повеќе не и беше потребно на Словенија за нејзина одбрана. Сепак, трговијата со оружје беше нелегална и не беше подржано со одлуките на Претседателството на државата.”

 

Сепак, многу странски експерти тој судбински состанок поинаку го оценуваат: таму се запечати судбината на Југославија. Српската страна и дозволи отцепување на Словенија, а во замена за тоа, Словенија на Србите им го призна правото на Голема Србија.

 

Еден од членовите на словенечката делегација Јоже Менцингер се сеќава дека официјалната изјава од состанокот беше многу блиску до она што тие всушност се договорија. “Она што го објавија весниците се поклопува со она што се случило. Милошевиќ нема да се противи на словенечкото истапување од Југославија. Дали освен овие постоеле и одредени други услови од словенечката страна треба да ги прашате другите, јас не знам. Атмосферата на средбата не беше напната. Кучан и Милошевиќ добро се разбираа бидејќи тие и од порано се познаваа. Мојата малку несоодветна забелешка или личен поглед на нештата беше “Гледам дека политичарите сепак се разбираат едни со други, но, се чини, не и народите.”

 

“Ме изненади тоа што на враќање застанавме во Загреб”, изјави Менцингер.” На аеродромот не чекаше Туѓман. Јас не бев на состанок со него, но знам дека беше прилично бесен поради изјавата дека Словенија го признава правото на Србите да живеат во една држава.”

 

“Овој состанок со Милошевиќ не го сфаќав толку сериозно колку другите. Србите беа подготвени да преговараат. Веќе во деведесеттите години, пишував дека Милошевиќ е еден од најзаслужните за словенечкото осамостојување. Во еден дел ги заоструваше условите и дејствуваше како да со него не може да се договори ништо, а едновремено тој немаше ништо против Словенија да си замине од Југославија”, објаснуваше тој.

 

Дали Кучан и Милошевиќ успеа да се сретнат во четири очи на 24 јануари 1991 година?“Мислам дека не. Мислам дека бевме заедно цело време. Не знам дали некогаш разговараа без делегација” додаде тој. (Интервју на Б.З. со Јоже Менцингер, Љубљана, 4 февруари 2014 година.)

 

„Светски заговор“ против словенечкото толкување или вистина?

 

Милошевиќ почина 2006 година, словенечките учесниците негираат дека имало договор за заминувањето на Словенија од Југославија, а на словенечката јавност  дури и денес и се познати само митови за “војната за независност” кои немаат никаква врска со реалноста. Погледите на странските историчари специјализирани за Источна Европа и за Балканот честопати се критички за словенечката улога, без оглед на тоа дали тие се професионалци од другите држави кои произлегоа од поранешна Југославија или од светските престолнини. Многу записи во странските медиуми ја претставуваат вистината поинаква од онаа што досега и беше достапна на словенечката јавност.

 

Хрватски историчар Ивица Лучиќ за договорот вели: “Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина на 26 јануари 1991 година зборуваше со претседателот на Словенија Милан Кучан за “општиот  југословенски концепт” за кој Изетбеговиќ сметаше дека е прифатлив за сите. Новинарите го прашаа Кучан за исходот на неговите разговори со Милошевиќ, односно словенечко- српските разговори со Милошевиќ кои се одржа на 24 јануари во Белград, а по кои се објави дека словенечката страна “ги почитува интересите на Србија, српскиот народ да живее во една држава,”бидејќи” признавањето на правото на Словенците за самоопределување значи и признавање на правото на Србите да живеат во една држава.” (Ослобоѓење, 25 јануари 1991 и 27 јануари 1991 година). Кучан одбегна да одговари на тоа прашање а одбегне да одговори и на прес-конференцијата во Љубљана, по враќањето од Белград. Забележливо е дека љубљанско Дело го премолчи  клучното прашање за решување на југословенската криза. (Ослобоѓење, 26 јануари 1991 година).Очигледно беше дека Словенците ја променија реториката по последниот состанок со српското раководство … А од подоцнежните изјави на Кучан се покажа дека не стануваше збор за неспретно  обликувана изјава или за несогласување, туку за висок степен на усогласеност помеѓу Кучан и Милошевиќ. На состанокот со австрискиот канцелар Франц Вранитцки во Виена на 14 март 1991 година рече “дека Хрватска мора да ја земе предвид посебната положба на Србите на нејзината територија, кој може да доведе до признавање на политичка автономија. ” (Причини за војна, деспот Инфинитус и хрватскиот Институт за историја, Загреб, 2013, стр. 295).

 

Познатиот српски адвокат Срѓа Поповиќ во една луцидна правна анализа на заговор и предавство, во режија на Слободан Милошевиќ, Борисав Јовиќ и Вељко Кадијевиќ насловена Распадот на Југославија (Raspad Jugoslavije: Oni se kao otcepljuju a mi im kao ne damo, Песчаник, Белград, 23 септември 2008 меѓу останатото наведува:

 

“Одговорот не се наоѓа на правно туку на политичко ниво: другите републики се исплашија од спрегата на агресивно националистичката Србија и ЈНА. На пример, Кучан на 24 јануари 1991 година се сретнува со претседателот на “суверена и независна” Србија за да од него побара (и да добие) дозвола да излезе од Југославија” (истакна Срѓа Поповиќ) .

 

На договорот меѓу Милошевиќ и Кучан многу прецизно посочи еден од најдобрите експерти за Централна и Источна Европа, норвешкиот политиколог Сабрина П Рамет.

 

Како последица на тоа што Југословенската армија во пролетта 1990 година го одзема оружјето кое Словенија го набави за својата територијална одбрана, чувство на загрозеност кај Словенците експоненцијално порасна. Она што тогаш не го знае беше дека режимот на Милошевиќ имаше, иако тие во голема мера се согласува со оние на ЈНА, сопствени цели и стратегии кои радикално се разликува од целите на ЈНА во врска со Словенија. Тоа стана јасно на 24 јануари 1991 година кога тогашниот претседател на Словенија Милан Кучан лично се сретна со Милошевиќ. Како што Кучан ми рече во 1999 година тој во замена за гаранции дека Белград нема територијални претензии врз  Словенија, тој му обезбеди на Милошевиќ разбирање за неговите” интереси за обединување на сите Срби во Голема Србија” (Сабрина П Рамет: Confronting the Past: The Slovenes as Subjects And as Objects of History, Družboslovne razprave XXIV (2008) 58:29-44, Љубљана, стр. 35).

 

Рамет зборуваше со Кучан на 6 септември 1999 година во Љубљана. Истиот запис се наоѓа во статијата The Dissolution of Yugoslavia Competing Narratives of Resentment and Blame. Во рамки на американскиот универзитет Пурдју ко-претседаваше меѓународна истражувачка група на историчари заедно со престижната српска историчарка Латинка Перовиќ па во наведената статија го додава и следново:

 

“Милошевиќ потврди овој договор во личен разговор со Борисав Јовиќ, српскиот член на Претседателството на СФРЈ од мај 1990 до мај 1991 година, кому во февруари 1991 му рече, на пример, „да ја остават Словенија на мир, а тоа го повтори во јуни 1991 година: „Зошто би ја бранеле словенечката граница – тоа е привремено. Ние треба да го браниме она што ќе трае” (Борисав Јовиќ: Последните денови на Југославија. Извадоци од дневникот, Политика, Белград, 1995, стр. 281 и 343).

 

Јануарскиот договор Кучан и Милошевиќ од 1991 година е наведен во многу биографии на Слободан Милошевиќ и во научни монографии. Тука наведуваме само неколку од нив: Adam LeBor (2004): Milosevic: A Biography. Yale University Press.; Louis Sell (2002): Slobodan Milosevic and the Destruction of Yugoslavia, Duke University Press; Stuart J. Kaufman (2001), Modern Hatreds: The Symbolic Politics of Ethnic War, Cornell University Press; R. Craig Nation (2003) War in the Balkans, 1991-2002, Strategic Studies Institute, US Army War College; Brendan O’Shea (2012): Perception and Reality in the Modern Yugoslav Conflict: Myth, Falsehood and Deceit 1991-1995, Routledge

 

За договорот, кој се уште се крие од словенечката јавност, во меѓувреме, известуваа водечки светски медиуми. На пример, британскиот сервис BBC, на  18 август 2006 година во статијата Slobodan Milosevic’s road to ruinизбра седум одлуки кои доведоа до пропаста на Милошевиќ. Неговиот договор со Кучан од 24 јануари 1991 година хронолошки го сместува на второ место. “Взаемно се согласија за распадот на Југославија. Словенија може да си оди, рече Милошевиќ. Таму нема Срби … Блискиот соработник на Милошевиќ, Борисав Јовиќ тој ден во својот дневник запишал: “Денес е денот кој може да го смени целиот развој на Југославија и на кризата”

 

Сепак, договорот Кучан Милошевиќ и заговорот против југословенската федерација најцелосно го претставија Лаура Силбер и Алан Литл во својата книга Смртта на Југославија, која се разви според истоимената телевизиска документарна серија за BBC.

 

“Милошевиќ, исто така, јасно стави до знаење дека Србија нема да се обидува да ја спречи Словенија да се отцепи од Југославија. Кога ноќта на 24 јануари федералното претседателство, се сретна по втор пат тој месец со барање до хрватската полиција да се разоружа, Милошевиќ имаше одвоена средба со словенечкиот претседател Кучан. Тие постигнаа лесен договор. Кучан рече:

 

‘На тој состанок беше очигледно дека Србите нема да инсистираат да ја задржат Словенија во Југославија … Ние Словенците рековме дека сакаме право на сопствена држава. Милошевиќ рече дека Србите сакаат признавањето на еднакви права за себе, така што сите Срби во Југославија ќе живеат во една држава. Мојот одговор, се разбира, е дека Србите секако го имаат тоа право, но на ист начин како и Словенците, без посегање кон правата на другите народи. Милошевиќ одговорил: “Да, се разбира. Тоа е јасно.” Тогаш отпатувавме дома во Љубљана.’

 

Во Словенија не живеа Срби, па од гледна точка на Белград немаше разлика помеѓу словенечкиот народ и словенечката република. Но, тоа не важеше и за Хрватска. Кога се дозна за српско-словенечкиот договор, Хрватите се разбеснеа. Тие тоа го гледаа како Кучан да му даде одврзани раце на Милошевиќ да ја подели Хрватска…” (Laura Silber, Allan Little : Death of Yugoslavia, Penguin Books & BBC Books, London, 1995, стр 113 и 114).

 

Авторите на неколку места во книгата ги покажаа последиците од договорот меѓу Словенија и Србија. Во поглавјето Дојде време за Европа: Словенечкиата привидна војна пластично прикажаа како словенечката страна без потреба и  агресивно го срушија хеликоптерот Газела со пилот Тони Мрлак и пред се како Србија во сојузното претседателство спречи општиот напад врз Словенија кој го планираа генералите на ЈНА. Јовиќ, во име на Милошевиќ, на 30 јуни „им го извлече тепихот под нозете” (стр. 161), бидејќи, како член на српското претседателство, гласаше против предложениот напад, при што претседателството, како врховната команда на ЈНА, за заповед недостасуваше само еден глас. Изненадувањето беше уште поголемо, бидејќи Србија во јавните настапи беше најагресивни кон Словенија, а во реалноста, кога работите станаа  сериозни, ја заштитија од фронтален воен напад. Ако знае за договорот Кучан и  Милошевиќ, овој навидум нелогичен потег на Јовиќ станува разбирлив.

 

Во преговорите на Бриони на 8 јули, Словенија конечно успеа да се отцепи. “Кога делегатите се собраа тоа утро, созреа сојузот меѓу српските и словенечките водачи склучен на 24 јануари кога Милошевиќ и Кучан за прв пат го усогласуваа отцепувањето.” (стр. 164 )

 

“Брионскиот договор го поздравија како успех на европската дипломатија. Но, тој беше далеку од тоа … Дипломатската победа отиде кај Милошевиќ и Кучан, кои взаемно се договорија за словенечкото напуштање на федерацијата во серија состаноци кои започнаа на 24. јануари во Белград, а завршија со седница на Претседателството на Југославија на 18. јули (Тогаш е прифатено заклучокот за повлекување на единиците на ЈНА единици од Словенија, напомена од Б.З.) Клучни прашања се решени од страна на самите учесници, без помош на меѓународните посредници. Милошевиќ и Кучан заедно ја изиграа – всушност ја уништија федеративна Југославија” (стр. 166)

 

“Српските и словенечките водачи, до крајот на јуни 1991, и всушност веќе долго пред тоа, имаа договорени и усогласени цели и во спротивставување на федералните структури кои ги сметаа за ограничувачки. Кучан и Милошевиќ беа сојузници во вистинска смисла а генералите на ЈНА беа оние кои беа оставени надвор од играта. Тие мислеа дека го бранат територијалниот интегритет на Југославија, а не знаеја дека тој интегритет е веќе судбински издаден и тоа од оној кој во јавноста се претставуваше како негов главен заштитник. “(стр.166)

 

Постојат уште изјави и заклучоци кои докажуваат на постоењето на договор помеѓу Словенија и Србија во ова важно дело. Книгата „Смртта на Југославија“ во светот е признаена како едно од веродостојните прикази на крвавиот распад на поранешната федерација.

 

Фасцинантна и детално документирана приказна за тоа како српскиот експанзионизам, хрватскиот национализам и словенечкиот сецесионизам ја  уништија Титовата Југославија“, оцени Мајкл Игнатиев во ревијата New York Review of Books.

 

“Најсуверена анализа досега … Авторите убедливо покажуваат дека војната ја координираа луѓе кои планираа да останат на власт по секоја цена” заклучи Меги О’Кејн од лондонски „Гардијан“.

 

Во престижниот магазин London Review of Books рецензијата ја напиша еден од најголемите познавачи на балканските војни Миша Глени, поранешен дописник на БиБиСи во Виена.

 

Во една статија под наслов “Како Туѓман ја доби војна” (4 јануари 1996 година) рече дека ниту една друга книга не нуди вака темелно докажани факти. “Сецирањето на заверата за давење на југословенската федерација, која ја скова раководство на Словенија и Србија, мајсторството на современата политичка анализи. Српската насилни дволичност кон федерацијата, релативно почитуван политички субјект кој претседателот Милошевиќ очигледно се обидуваше да го зачува, а во реалноста се обидуваше да го  поткопа, не би можел да успее без подмуклиот словенечки егоизам. Авторите убедливо докажаа дека словенечкото раководство беше подготвено да го охрабри бруталниот распад на Југославија, во замена за лесен излез од федерацијата. Љубљана, се разбира, не носи морална одговорност за она што следуваше подоцна, но Силбер и Литл покажаа дека без сомнение Словенците игра валкана и одвратна политичка игра.

 

На рецензијата на Глен веднаш се надоврзаа и поранешниот дописник на БиБиСи, Марк Томпсон и историчарот Марко Атила Хоар, експерт за војните во Југославија. Во живата дебата заговараа различни мислења околу последиците до кои доведе Дејтонскиот договор и оценка на потезите на Туѓман и Милошевиќ, но ниту еднаш не се посомнева дека постоела тајна словенечко-српски врски кои ја разрушија Југославија.

 

И последниот американскиот амбасадор во Белград, Ворен Цимерман беше многу критичен во однос на словенечки потези. “Спротивно на доминантната гледна точка, Словенците беа оние кои ја започнаа војната. Нивните Декларацијата за независност, која беше прифатена без најмал обид за преговори, доведе до тоа да целата граница и граничните премини со нејзините  два соседи Австрија и Италија прејдат под нивна контрола. Ова значеше дека Словенија беше единствениот меѓународен премин помеѓу Западот и Југославија, но и дека еднострано ги присвои правата врз стоките наменети  за другите републики, како и приходите од царината, што претставува околу 75% од федералниот буџет. Дури и помалку груби армии од ЈНА би реагирале на тоа. Најлошо од се беше тоа што разбирливата желба за независност на  Словенците го осуди остатокот од Југославија на војна” (The Last Ambassador: A Memoir of the Collapse of Yugoslavia, The Foreign Affairs, март/април 1995 година).  

 

“Во својата желба да ја напуштат Југославија едноставно ги игнорираа 22 милиони граѓани на Југославија кои не беа Словенци. Тие носат прилично голема одговорност за крвопролевањето што следеше по нивното отцепување” додаде амбасадорот.

 

Дали постоеше алтернатива за Словенија и за нејзиното раководство? Јосип Бољковац, поранешен хрватски министер за внатрешни работи во своите мемоари ќе напише дека во втората половина на ноември 1990 година во Оточац на Крка се сретнаа делегациите на двете републики. Претседателот Кучан беше придружуван од претседателот на парламентот Франс Бучар, премиерот Лојзе Петерле, министерот за одбрана Јанез Јанша и министерот за внатрешни работи Игор Бавчар. Со хрватскиот претседател Туѓман допатуваа премиерот Јосип Манолиќ, министерот Бољковац и советниците Славен Летица и Душан Биланџиќ.

 

“Бидејќи беше јасно дека единствена цел на Словенија беше да излез од Југославија што е можно поскоро, ги замоливме, бидејќи бевме во многу потешка ситуација, ова малку да го одложат или барем да го успорат, за да не би биле оставени сами, со оглед на тоа дека Босна и Херцеговина и Македонија се уште не се осмелија да направат што било” се сеќава Бољковац. (Istina mora izaći van, Golden Marketing – Tehnička knjiga, Zagreb, 2009, стр. 223)

 

“Објаснувајќи каква големосрпска мрежа постојано и темелно се ткае околу Хрватска … При тоа го нападнав и Бучар кој ги изнесуваше ставовите на  словенечката страна. “Господин претседателе, останав констерниран по вашето излагање. Вие одите во Европа, а ние сами во валкана војна. Дали Словенците навистина имаат намера ова да го направат? И досега низ историјата секогаш одевме заедно. Да почекаме малку БиХ да се изјаснат за конфедерација. Ќе ја имаме и Македонија на своја страна. Ќе бидеме четири. И покраините, Косово и Војводина ќе не поддржат во првата прилика кога ќе можат слободно да се изјаснат. Јас тврдам дека Милошевиќ нема моќ да оди во војна сам против сите. Армијата се уште во целост не е за Милошевиќ. Затоа и ве молам да застанете на тој пат кон Европа!”

 

Хрватскиот академик и историчар Душан Биланџиќ во меѓувреме се обидуваше да го убеди Милан Кучан, “Почекајте малку. Ако одите полека, чекор по чекор, ние останатите ќе ви се придружиме – Босна и Македонија и секако Хрватска. Причекајте ја коалицијата против Милошевиќ.”(Death of Yugoslavia, стр. 149)

 

Од нечист договор до трговија со оружје

 

Дали словенечкото раководство тој судбоносен 24 јануари 1991 година, можеше да знае, или барем да претпостави, дека договорот со Милошевиќ ќе доведе до насилно распаѓање на Југославија и до војна?

“Настаните во белградскиот Сава центар во тие пресвртни јануарски денови во 1990 година, потсетуваа на еден вид хроника со однапред најавена трагедија. Кога на 22 јануари, словенечката делегација го напушти 14. Конгрес на Сојузот на комунистите на Југославија, низ салата како кошница забруи шепот … Сепак, иако работите беа многу јасно уште пред одржување на  Конгресот, во Сава центарот, таа топла зимска вечер ја завладеа значителна неизвесност, особено меѓу странските новинари, кои, штом конгресот заврши со работа, буквално ги бомбардираа словенечките новинари со прашања… Кога еден од нив нервозно ме праша што ќе се случи сега со Југославија, кога словенечкиот дел јасно го покажа своето несогласување со федералната политика, без да трепнам му одговорив: ‘La guerra! Војна!”

 

Со овие зборови, новинарот Бранко Собан ги опиша тогашните очекувања и стравови во предговорот на словенечкото издание на првата книга од трилогијата U ime države. Би било неверојатно дека за оваа закана не биле свесни во поранешното републичко раководство, кое покрај поранешниот претседател на Сојузот на комунистите го сочинуваа и најважните претставници на владејачката коалиција на Демократската опозиција на Словенија (ДЕМОС).

 

Словенија, истата година, во декември 1990 година, од странство тајно ја доби првата поголема пратка со оружје за територијална одбрана. Стануваше збор за  автоматски пушки од сингапурско потекло, кои што пристигнаа на помош од Израел. Подоцна, кога се склучуваа договори за оружје со Русија, во пристаништето Копер почнаа да пристигнуваат полни бродови од источноевропските пристаништа. Еден помал дел од оружјето остана за  словенечките војници, а поголемиот дел по лихварски цени се продаваше на хрватските и босанските боишта.

 

Дури и денес, повеќето од вината за трговијата со оружје ја носи тогашниот министер за одбрана Јанез Јанша, кој во јуни 2013 година, за поткуп при набавката на оклопните возила Патрија беше осуден на две години затвор. Толку многу неправилности, интриги и самоволие, како во Министерството за одбрана во деведесеттите години, не си дозволуваше ниту една друга државна институција.

 

Сепак, фактот дека оружјето му се продавало и на Министерството за внатрешни работи, значи на полицијата и на безбедносно-информативната служба над кои Јанез Јанша немал надлежност, покажува дека навистина станува збор за тајна државна операција, одобрена на највисоко ниво.

 

Можноста да тогаш триесетитригодишниот министерот Јанша, без знаење на странски јазици, иако со помош на вешти и способни соработници и советници како Лудвик Звонар и Андреј Ловшин и многу други, самиот договара големи зделки со оружје, е малку веројатна.

Тој како министер за одбрана ги спроведувал одлуките на Советот за одбрана при Претседателството на Словенија со кое раководел претседателот Милан Кучан. На седниците на кои се донесени судбоносните одлуки присуствуваа најважните луѓе во земјата. Кучан веќе дваесет години јавно тврди дека Словенија и “отстапувала” оружје на Хрватска, односно дека се работело само за “помош”. Кога станува збор за продажба или препродажба, според него, станува збор за неовластена и нелегална трговија.

 

Но, записникот од третата седница на Советот за одбрана при Претседателството одржана на 9 јуни 1992 година (види документ) ја открива суштината на аферата со оружје. На тајната седница на која, освен Милан Кучан, присуствува и претседателот на Парламентот, Франце Бучар, премиерот Јанез Дрновшек, министерот за одбрана, Јанез Јанша, министерот за внатрешни работи Игор Бавчар, министерот за надворешни работи, Димитриј Рупел и началникот на Генералштабот на територијалната одбрана на Република Словенија, генерал мајор Јанез Слапар.

 

Тие зборуваа за драматичната ситуација во Босна и Херцеговина и за посетата на заменик- премиерот на БиХ, Мухамед Ченгиќ. Тој побара оружје и муниција за одбрана од српската офанзива, а министер за одбрана Јанез Јанша побара мислење од Советот дали позитивно да одговори на барањето (види документ)

 

“Во расправата присуствуваа сите членови на Советот. Тие утврдија дека словенечката територијална одбрана има некои од побараните средства и се согласија овие средства да и ги отстапат до степен до кој не се загрозува  одбранбената способност на Словенија”.

 

“Претседател Милан Кучан ја заклучи расправата со согласност на сите членови на Советот со предлогот на министерот за одбрана побара дел од оружјето и воената опрема да и се отстапи на Босна и Херцеговина. При тоа надлежните органи ќе го продадат оружјето и муницијата, а користената воена опрема ќе им се отстапи без надоместок.”( Записник од 3. состанок на Претседателството на Советот за одбрана на Словенија, 12 јуни 1992 година, истакна Б.З.)

 

Од приложениот список на оружје кое го побарала босанската влада се открива дека станува збор за оружје и опрема за илјада членови на босанската армија кои во летото во 1992 година биле организирани од страна на словенечката територијална одбрана и тајно обучувани во Светли Поток во Кочевски рог. Користената воена опрема која им беше бесплатно отстапена најмногу се состоеше од униформи и интендантска опрема.

 

Значи државниот врв на Република Словенија беше оној кој во јуни 1992 година по меѓународното признавање и влез на Словенија во Организацијата на Обединетите Нации, едногласно ја прифати продажбата на оружје покрај меѓународното ембарго за извоз на оружје на територијата на поранешна Југославија. И со обучување на странски воени единици на своја територија, Словенија како членка на ОН прекршила неколку меѓународни конвенции.

 

Оружје во големи количини од Словенија се продавало и порано. Според претходно познат податоци, првата одлука за продажба, Советот ја донесе во јули 1991 година, иако за сега се познати само усно сведочење на учесниците, а  пишана документација се уште не и е достапна на јавноста. Претседателството на Словенија официјално и ја потврди “помошта” на Хрватска на 26 август 1991 година.

 

Но Јанша, на неколку наврати ги извести членовите на Претседателството за продажба на оружје. “Во согласност со таа одредница на Претседателството,  на последната седница кога тоа се занимаваше со тој проблем … е прифатена и одлуката … да се оди на продажба на преносни ракетни системи на кои таа година или во 1992 година им истекува формалниот рок. За Хрватска тоа е интересно, тогаш тие им беа потребни”, меѓу другото им се довери во ноември 1991 година. (Магнетограм од 81. седница на Претседателството на Словенија, 29 ноември 1991, изјави Б.З.) за продажба на оружје или  за “отстапување” и “помош” се дискутираше на неколку други седници. Затоа често употребуваните изрази од страна на тогашните словенечки водечките политичари како што се “помош” или “отстапување” беа само еуфемизам за профитабилна “продажба”.

 

Инаку, тие анчелни договори за продажба на оружје”се одвиваа на врвот, меѓу Изетбеговиќ, Туѓман и Кучан.” (Изјава на сведок Иван Хорват, купувач на оружје за босанските Хрвати пред истражен судија на Окружниот суд во Љубљана, 8 декември 1998 година).

 

Со трговијата со оружје се согласуваа и ја одобруваа истите оние словенечките лидери кои во 1991 јануари склучија договор со српскиот лидер Слободан Милошевиќ или во август 1991 година тајно се договараа со Добрица Ќосиќ. Продажбата на оружје оперативно ја водеше министерот за одбрана, Јанез Јанша.

 

Се до денес, за трговијата со оружје и неправилности во неа, никој во Словенија кривично не одговараше. Имено, политичките елити, всушност, со влијание врз судството си обезбедија имунитет во случајот на трговија со оружје. Во Чиле и Аргентина, со продажбата на оружје во Хрватска постапија поинаку. Во Чиле, беше осудено поранешното воено раководство а осомничен беше и претседателот Аугусто Пиноче, кој почина пред судењето. Аргентинскиот претседател Карлос Менем беше осуден на седум години затвор.

 

Одлуката на државниот врв за прикривање на трговијата со оружје

 

Одлуката за престанување на трговијата со оружје е донесена на 6 јануари 1993 година на состанок со претседателот Милан Кучан. На неа присуствуваа претседателот на Парламентот Херман Ригелник, премиерот Јанез Дрновшек, министерот за одбрана Јанез Јанша, министерот за внатрешни работи, Игор Бавчар и министерот за надворешни работи, Димитриј Рупел .

 

Од овој момент се што некој во Словенија ќе го направи станува нелегално и подлежи на кривично гонење” им изјави Милан Кучан на собраните лица, иако уште од 1991 година, во Словенија важеше истиот кривичен закон кој некои од присутните на овој состанок го кршеа без последици. Меѓутоа, министерот за одбрана Јанез Јанша подоцна не се придржа на договорената забрана за продажба на оружје и споровите помеѓу него и претседателот Кучан доведоа до “откривањето” на оружје на аеродромот во Марибор и воено насилство во случајот Депала Вас.

 

На тој состанок највисоките претставници на Словенија донесоа уште една судбоносна одлука. Претседателот Кучан ги повика присутните претставници на прикривање и завет на молчење. Тој им предложи дека “кон надвор важи  вистината дека Словенија никогаш не им помагала на Хрватска и на Босна и Херцеговина со оружје и со обука на војниците.” Понатаму додаде: “На вистината тука нема да и се помогне бидејќи постојат две вистини. Една за јавност и друга за тука. “(Магнетограм од состанокот со претседателот на Републиката, Љубљана, 6 јануари 1993 година).

 

На неговите предлози, никој не се спротивстави. Тие се согласија дека Словенија од тој ден веќе нема да продава ниту да превезува оружје за Хрватска и Босна и Херцеговина. Тие заклучија дека за јавноста – за граѓаните на Република Словенија – постои друга вистина: дека продажбата на оружје никогаш не постоела. Тогаш всушност се роди аферата со шверц на оружје.

 

На новинарско прашањето дали во јануари 1991 година биле свесни дека признавањето на правото на сите Срби да може да живеат во една држава ќе доведе до насилна промена на републичките граници и војни, Милан Кучан рече дека содржината на изјавата за јануарските разговори во Белград “јасно покажува дека Словенија смета дека се учесници во разговорите за иднината на републиките на СФР Југославија. Во овој поглед, ние имплицитно го почитувавме принципот на Хелсиншката декларација за ненасилна промена на границите, бидејќи бевме свесни дека ова гледиште воедно претставува  најдобар начин за да се обезбеди мирно решение за кризата. Таквото размислување на Словенија вклучуваше  и заштита на националните малцинства кои живееле во границите на мнозинскиот народ.

 

Тој повтори дека беше сосема јасно дека правото на секој народ на сопствена држава не може да оди на сметка на еднаквите права на другите народи во сопствената земја. “На состанокот во Белград, како и на посетите со раководствата на другите републики не изговоривме ништо друго освен тоа дека своето право на независно одлучување, кое демократски го потврдивме на референдумот во декември 1990 година, ние сакаме да се постигне на мирен и договорен начин, а не против било кого и не на сметка на еднаквите права на другите народи. А за тоа колку стојалиштата за еднакви права на другите народи навистина беа заеднички став елоквентно сведочат последователните настани на територијата на поранешна СФРЈ” тврди тој. “Принципите за кои се интересиравме во тогашните разговори во Белград и во другите републики не е можно да се најдат аргументи за да се оправда насилната промена на границите, насилно решавање на југословенската криза односно војна“, додаде тој (одговор на Милан Кучан на новинарско прашање на 13 февруари 2014 година).

 

Кога го прашале дали воопшто некогаш се согласи на продажба на оружје од складиштата на територијалната одбрана, тој одговори: “И Претседателството и Советот за одбрана се согласија Словенија и со оружје да им помогне на  нападнатите републики Хрватска и Босна и Херцеговина до степен до кој нема да се загрози нашата сопствена безбедност. Ние оценивме дека оваа помош е исто така најдобра одбрана за Словенија пред опасноста војната да се врати  назад на словенечка територија. Нема причина да додадам или одземам нешто од моето тогашно стојалиште. Овие задачи оперативно ги водеше Владата и Министерството за одбрана.”

 

Словенечкото политичко раководство прво во договор со Србите ги предаде  Хрватите. Набргу по тајната продажба на оружје на Хрватска и Босна и Херцеговина ги изигра Србите. Денес, дваесет години подоцна, граѓаните на Словенија имаат чувство дека истата политичка елита ги измами и нив, бидејќи живеат во земја полна со лаги и измама, без работа, и без перспектива.

 

Граѓаните на Словенија денес веќе плаќаат за гревовите кои со своите неетички дејства ги предизвика раководството кое тие самите го избрале.

 

Последната средба во Хаг

 

“Денес двајцата поранешни балкански претседатели и искусни ривали се сретнаа на двобој во судот на Обединетите нации. Додека ја реконструира својата повеќе од една деценија старата битка, меѓусебно се обвинуваа за поттикнување војна. Нивниот тон беше студен и однесувањето невообичаено пријателско”, така на 22 мај 2003 година известуваше New York Timesза распитот на Милан Кучан во Меѓународниот трибунал за воени злосторства за поранешна Југославија.

 

На клупата за сведоци на судењето за воени злосторства против Слободан Милошевиќ седна Милан Кучан, долгогодишен лидер на Словенија, првата република која се отцепи од поранешна Југославија во 1991 година. Обата  комунистички лидери повеќе пати се среќаваа на преговори кои беа увертира во  распадот на Југославија. Кучан ниту еднаш не го погледна Милошевиќ кој седеше неколку метри подалеку од него

 

Денес Милошевиќ, а тоа веќе стана навика, се обиде да ги замени улогите. ‘Зошто ви беше потребна оваа војна?’ Го праша Кучан во текот на вкрстеното испрашување … Тој тврдеше дека конфликтот во 1990 и 1991 година можеше да се избегне и отворено му рече на Кучан: ‘Одбравте насилство, вие лично имавте одлучувачка улога.’

 

Кучан како сведок на обвинителството пред судот даде поинаква приказна. Тој рече дека веќе во 1989 година, кога почна политичката напнатост меѓу југословенски републики, стана јасно дека Милошевиќ ќе ги искористи сите средства, вклучувајќи го и насилството, да ги задржи сите Србите во југословенската држава.

 

“Порака на Милошевиќ беше дека ако Југославија се распадне “Србија никогаш нема да се согласи со позиција во која дел од српскиот народ кои живеат надвор од Србија ќе останат надвор од нејзините граници” сведочеше Кучан. Оваа позиција укажуваше дека “граници ќе се менуваат со сила.” (New York Times, 22 мај 2003 година.)

 

На конкретно прашање од обвинителот Џефри Најс за состанокот на 24 јануари 1991 година, во Белград на кој беше договорен словенечко – српскиот пакт, Кучан рече:

 

“Во однос на билатералната средба меѓу раководство на Словенија и раководството на Србија … претставниците на таа средба, а бевме присутни обвинетиот и јас, ние можевме само да утврдиме дека тогаш настапи крајот на преобликувањето на Југославија во конфедерација.” (Магнетограм сослушување на сведокот Милан Кучан, Меѓународен суд за воени злосторства за поранешна Југославија, Хаг, 21 мај 2003 година, стр.20893)

 

Шест месеци подоцна, избувна војната.

Инбокс7 доби екслузивно право од авторот Блаж Згага да го објави овој материјал на македонски, англиски и албански јазик за подрачјето на Република Македонија.

Оставете коментар

Коментар(и)

Словенечки новинар и ко-автор на трилогијата „Во името на државата“
http://www.uimedrzave.com/