Денешна дата
14/08/2020

Образованието, културата и науката во штрајк

Наставниците кон крајот на септември се очекува да влезат во генерален штрајк, барајќи поголеми плати, но и нивно ослободување од педагошките административни обврски. Министерството за образование и наука ги прекина разговорите

Наставниците во предучилишно, основно и средно образование наскоро ќе стапат во штрајк, искажувајќи го на овој начин нивното незадоволство и протест од состојбите во образованието. Организатор на овој штрајк ќе биде Независниот синдикат за Образование, Хаука и Култура (НСОНК) чиј Совет ја усвои одлуката за организирање на штрајк на 29 септември оваа година.

 

НСОНК: Mасовна поддршка за организација на штрајкот

Jakim-Nedelkov

Jaким Неделков

 

Лидерот на оваа организација, Jaким Неделков, за Инбокс7 изјави дека штрајкот се очекува да се организира и во дејностите: наука, култура и високо образование. “Во овие 10 дена колку што трае дебатата и изјаснувањето на регионалните совети, ние имаме голема поддршка од членството односно се прифаќа предлогот за организација на генерален штрајк”, истакнува Неделков.

Главните барања на овој Синдикат се во врска со подобрувањето на животниот стандард на вработените во областа на образованието, науката и културата.

Освен барањата за покачување на платите имаме и други барања кои се многу важни за нашите членови како: потпишување на колективниот договор, подобрувањето на условите за работа, промена на постоечките закони во дејностите, посебно во делот на казнените одредби и намалување на педагошката администрација”, истакна Неделков.

 

СНА подржува некои од барањата, но е против штрајкот

Nuhi-Dardhishta

Нухи Дардишта

Но, Сојузот на Наставниците Албанци (СНА) оцени дека барањата на НСОНК се многу задоцнети и се отвараат само за да го оправдаат неработењето на водството на овој Синдикат.

Сојузот на Наставниците Албанци секогаш ги подржувал барањата на наставниците, но сегокаш не сме ги поддржувале барањата на водството на НСОНК. Во овој случчај го подржуваме барањето за неказнување на наставноците само врз основа на едно тестирање на учениците, но и ова барање е задоцнето, битејќи СНА  пред една година дошол до заклучок дека наставниците не треба да се казнат врз основа на едно тестирање на учениците, бидејќи за да се оцени работата на наставниците е потребно оценување на многу компоненти”, изјави Нухи Дардишта, претседател на СНА.

СНА го подржува и барањето на НСОНК за намалување на административните активности на наставниците и укинување на мануелниот дневник, а за екстерното тестирање оценува дека е потребна широка дебата.

Во врска со барањата, НСОНК е во преговори со  Mнистерството за Образование и наука, (МОН) Министерството на Труд и социјала (МТС) и Министерството за Култура (МК). Водството на синдикалците за образование, наука и култура не сака га ги коментира изјавите на министерот за образование Aбдулаќим Адеми дека не прифаќа разговори со условувања и уцени така што тие се прекинати, туку само истакнува дека:

Преговорите во Синдикатот не се лични желби, туку законска обврска на двата социјални партнери и секое избегнување од преговорите е повреда на законот“,подвлече Неделков.

Од своја страна, министерот Адеми изјавил дека преговорите со НСОНК се прекинаа бидејќи се условија со епилогот на тројцата професори вработени во Штипскиот  универзитет кои штрајкуваа со глад барајќи нивно унапредување, но на крајот барањето им беше одбиено, што резултирање со губење на нивното работното место.

Владата на Македонија, преку премиерот Никола Груевски неколку пати објави дека ќе се врши покачување на платите во државниот и јавниот сектор за 5 проценти во наредните 4 години. Ваквото ветување се очекува да се реализира од октомври оваа година, но останува да се види како ќе тече неговата реализација со оглед на економската криза.

Во наредните 4 години вклучувајќи ја и 2014 година платите во јавниот сектор и социалната помош ќе се покачат за 21,5%”, изјави премиерот Груевски на 29 јуни годинава.  

 

Дали ќе се повторат притисоците кон вработените?

 

НСОНК на 1 август организираше протест која траеше многу кратко, само за да ја информира Владата и одговорните министерства за нивните барања. Тогаш оваа организација протестот го оцени како успешен, додека ден пред тоа ги осуди силните притисоци на кои беше подложена со цел да не се организира протестот.

Според водството на Синдикатот на адреса на наставниците во различни градови имаше закани за бркање од работа ако учествуваат во протестите. Заканите беа упатени вербално, преку електронска пошта, но и кон членовите на семејствата на вработените во образованието, што се одрази во малиот број на учесниците во протестот.

Од 30.000 членови, колку што брои овој Синдикат, на протестите излегоа околу 1000 лица.   Хелсиншкиот Комитет за Човекови Права и Слободи (ХКЧПС) ја осуди полицијата која ги легитимираше граѓаните, а според оваа организација таа не смее да го прави тоа.

Останува да се види дали септември ќе биде месец на нормалниот старт и одржување на воспитно-образовниот процес, или ќе биде период на штрајк и губење на настава за учениците, кои во вакви ситуации се тие кои губат најмногу.

Уредник: Селим Ибраими

Преведе од албански – Арменд Нухиу

tahiri@inbox7.mk