Денешна дата
18/10/2018

Пратенички или „кукли“ во Собранието?!

Во почетокот на март Собранието на Република Македонија се распушти со цел да се одржат предвремени парламентарни. Гласот и способноста на албанската жена очигледно не е слушнат колку што треба во Собранието и од нивните лидери се злоупотребуваше за партиски цели и дневна политика.

Демократската партија на Албанците (ДПА) беше првата партија која во 1998 година ù ја довери функцијата министер на госпоѓа Мирије Рушани, министерка за образование и наука. Истата партија за првпат во Македонија во 2009 година на претседателските избори излезе со кандидат жена –  Мируше Хоџа.

Неколку години подоцна, во 2012-та година, Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја именуваше Теута Арифи за министерка за евроинтеграции. Таа сега е прва градоначалничка на една општина Тетово, на која позиција беше избрана на локалните избори во 2013-та година. Арифи ито така беше првата пратеничка Албанка, избрана во 2002 година. Од 2012-2014 година вкупно 27 жени од различни албански партии во Собранието ги застапуваа галсачите.

 

Квантитетот „го покрива“ квалитетот   

Според експертите, најголемиот проблем е во тоа што жените во политиката не се одраз на себе, туку на тие „водечки„ функции се благодарение на врските што ги стекнуваат со политичките лидери.

1-bdi

Аналитичарот Роберт Несими смета дека причина зошто  во последната деценија е зголемен  бројот на жени Албанки во политиката е поради законот што обврзува една третина од кандидатите на една партија да мора да бидат од понежниот пол.

„Мислам дека застапеноста на жените во Собранието е само квантитет, а не квалитет. Секоја чест за исклучоците, албанските жени во политиката се анонимни,  иако се на значајни функции. Не може да се каже дека имаат важна улога во креирањето на политиките на нивните партии или пак на државата. На  позициите што ги имаат повеќето од нив, за жал, изгледат како украс а не како вистински застапник на гласачите“,  истакнува Несими.

Афердита Хаџијаја Имери, експерт за социјална инклузија, смета дека повеќето од пратениците жени пратеничкиот мандат го имаат како „подарок“ од законската регулатива. Според неа, политичките партии во суштина не ги промовираат  вистинските демократски вредности во однос на инклузија на жените во политиката.

„Партиските структури се патријархални, застапени со доминација на мажите, каде првиот и последен збор го има лидерот на партијата“,  наведува таа.

Имери вели дека процесот на одлучување во политичките партии често пати не е транспарентен и сеопфатен, туку е резултат на преговори  во затворени групи, каде жените се исклучени.

2-PDSH

„За изборот на кандидатките, можам да кажам дека сосема малку или воопшто не се  внимава на нивните професионални надлежности. Речиси секогаш предност имаат кандидатите кои се лојални и послушни на директивите на лидерот или раководството на партијата“, истакнува Имери.

Албанските политичарки – невидливи

Според Имери, ваквата појава се потврдува со фактот дека на многу пратенички не може да им се слушне гласот ниту за време на предизборната кампања, ниту за време на пратеничкиот мандат. Имери признава дека имало и има жени во Собранието кои биле активни во елаборирањето на политичките цели на партиите  кои ги застапуваат. Како пример таа ги споменува Теута Арифи, Флора Кадриу, Ермира Мехмети и Мируше Хоџа. Но, забележува дека поголемиот број од пратеничките Албанки во Собранието се наоѓаат таму само за да ја исполнат законската квота.

За аналитичарите, зголемувањето на бројот на пратеничките е како резултат токму на овој закон, каде на жените им се гарантира една третина од местата во Собранието. Од овој контекст, експертите велат дека обично тие се избираат како резултат на компромиси меѓу различните кланови во нивните партии.

“Ваквиот меканизам не постои во земји како што е Обединетото Кралство или САД,  каде жени како Маргарет Тачер или Ненси Пелоси добиле функции да бидат премиери жени или членки на Конгресот само заради нивните индивидуални квалитети“, вели аналитичарот Несими.

Во меѓувреме, дел од пратениците во текот на нивните мандати биле толку невидливи што немаат ниту биографија на официјалната веб-страница на Собранието на Македонија.

Се смета дека слична маргинална улога имаат и жените кои имаат функции во Албанските партии.

Нивото на водење политика

Сепак, аналитичарите Имери и Несими сметаат дека и добар дел од пратениците мажи во Собранието ја играат улогата на обичен гласач.

3-RDK

„Не се нешто повеќе активни и ангажирани во Собранието ниту пратениците мажи на партиите на Албанците. Има само неколку пратеници кои дискутираат, а останатите само ја играат улогата на гласачи“, истакнува Имери.

Исто размислува и Несими. Ниту пратениците мажи не се избираат врз основа на нивните заслуги и квалитети, туку поради блискоста што ја имаат со партиските лидери или различните партиските групи.

Како резултат на оваа ситуација, експертите оценуваат дека историски во Собранието имаме слаб состав.

“Затоа не може да се зборува за механизам за подобрување на улогата на жените во политиката без да се дискутира за подобрување и подигање на општото ниво на водењето политика кај нас“, констатира Несими.

Уредник: Селим Ибраими

 

Преведувач : Љуљета Адеми 

Оставете коментар

Коментар(и)

bajrami@inbox7.mk