Денешна дата
14/08/2020

Беџети: Maкедонија бележи голем политички и економски застој

Maкедонија, 23 години по независноста, не е многу изменета од економски аспект. Земјата ја придружуваа многу кризи. На крајот, Македонија заостанува во процесот на интеграција, ситуација која се одразува во економскиот живот. Онлајн магазинот инбокс7 ги дискутира овие прашања со академик Абдулменаф Беџети

Инбокс7: Г. Беџети, Ви благодарам што ја прифативте поканата за интервју.

Беџети: Ми беше задоволство.

 

Инбокс7: Најпрвин би се задржалa на фактот дека Македонија повторно потфрли на последниот самит на НАТО, не доби покана за членство во Алијансата. Колку оваа одлука на НАТО ќе влијае врз економската ситуација особено за привлекување на странските инвестиции?

 

Беџети:  Без сомнение, таканаречените неекономски фактори имаат влијание во економскиот развој на земјата и факторот на политичка сигурност е меѓу најважните фактори со посебна специфична тежина за инвеститорите, не само надворешните кон кои најчесто се реферираме, туку и на домашните. Често и домашниот капитал бара регионални алтернативи за да се оддалечи од региони и простори кои не се стабилни. Тоа е нормално, ова статус кво и дури и назадување во некои процеси државата ја прави несигурна особено кон сериозните инвеститори и структурните инвеститори. Инаку, денеска, по 23 години, споредбено се периодот по осамостојувањето на земјата во многу аспекти и економски индикатори, Македонија има значителен застој, се разбира, не во апсолутни вредности и цисфри, туку во релативни.

 

Инбокс7: Во меѓувреме имаме еден неуспех во Самитот на НАТО, Вие велите дека ова несомнено ќе влијае врз инвестициите билo домашни било странски, од друга страна имаме најави од самиот Премиер за нови инвестиции и тоа само неколку дена по самитот, каде уште еднаш на Македонија и се рече НЕ,  не се спомна воопшто или не беше на агендата на овој самит. Кoлку се реални најавите на Премиерот за нови странски инвестиции?

 

Беџети: Mислам дека малку кој може да забележи, но ако се направи една систематска анализа од 2008 година до денес на сите НАТО самити каде сме одбиени, да не речам сме примиле и шлаканици за слаб напредок на процесите, секогаш е направена алтернативна програма, резерва, за да се дефокусира вниманието на јавноста и тогаш наместо да се даде политички отчет за овие постојани структурни неуспеси, јавноста се измамува со најави за нови можности со најави дека еве доаѓа економскиот рај, ќе дојдат три, четири компании без да се именуваат кои се тие, без да се истакне секторот, без потенцирање на конкретниот проект, туку дека ќе дојдат од силни држави како САД, Турција или понекогаш од Далечниот Исток. И ова систематски се случува кога се сака да се дефокусира вниманието на јавноста.

 

Инбокс7: Бевте еден од јавните личности кои потпишавте дека албанската партија која е сега на власт, значи партијата која ги добила мнозинството на гласовите на Албанците да биде дел од Владата. Дали е оправдан вашиот потпис на оваа петиција, главно мислам на еконоскиот сегмент?

Беџети:  Никако, за жал, не само на економски аспект, туку и на политички-  мислам дека има многу неуспеи и застои. За дополнително појаснување пред јавноста, мојот потпис и потписот на некои мои колеги и интелектуалци беше принципиелен, да не се повтори тоа што се случи во 2006, Албанците во Македонија да се представуваат од нелегитимни, да не речам и нелегални структури, бидејќи имаме систем кој е на некој начин така и структуриран што бара представување на мнозинството. Значи  затоа беше и тој потпис, за партијата која преговара за влез во Владата или претставување во институциите да не го намали политичкиот пазар. Значи, ја потсетувам јавноста дека токму ова беше нашата забелешка. За жал, немаше никаков пазар и ние за тоа веднаш се изјаснивме.

Инбокс7: Во меѓувреме, Македонија постојано зема странски кредити за да опстои економски. Како ја оценувате оваа економска политика?

Беџети: Ако го слушате отчетот на институциите и надлежните, тие даваат квалификација дека Македонија припаѓа на држави се релативно ниска задолженост. До пред неколку недели кога една рејтинг агенција ја стави во рангот на средно задолжени земји и на некој начин го прекина овој лавиринт во кој влегуваа представниците на власта во нивните објаснувања.  И во основа сега тие реферираат дека не припаѓаме на земји со голем јавен долг, додека јавниот долг оди до некаде околу 50% на бруто домашниот производ, вклучувајќи ги овде и другите јавни агенции кои се задолжуваат со гаранција од Владата.  Одреден процент не може да се квантифицира колку е оптимален ако се мери само со индикатори како процент на учество во бруто производот. Оптималниот долг треба да се мери со ефектот кој тој го предизвикува. Ние економистите велиме дека имаме модел на оптимално мерење секогаш кога една некоја единица на заемот предизвикува позитивен ефект во економскиот раст во единица погелема од заемот, ефектот е оправдан, но кај нас се случува спротивното. Значи интензивно се зголемува заемот, а нема некој позитивен економски ефект. Затоа, одамна е запалено црвеното светло во смисла дека Македонија нема фисклаен капацитет и уште помалку фискална издржливост за потребите на социјалните фондови за да продолжи со ваквата авантура на јавен долг за непродуктивни тошења, какви се случуваат. Од друга страна пред одредено време јас сум отворил и друга дилема за долгот од аспект на социјален и филозофски феномен. Зошто овој заем се прави на долги рокови како случајот со евробоновите пред еден месец со рок на враќање од 10, 15 или повеќе години и така натаму што е проблем повеќе на меѓукоалициските односи. Значи, овој заем кој ги оптеретува наредните генерации кои ќе треба да жртвуваат многу за да ги платат обврските за долгорочните долгови е неправедно и од политички аспект, бидејќи таа генерација не учествува во политичките одлуки денес, значи тоа е генерација без право на глас. Тоа се 12-13 годишници кои некогаш ќе станат 22-23 годишници кога ќе се вратат долговите и не се учесници на легитимирањето преку изборниот процес на политичката структура за да менаџираат во нивно име. Значи ова е проблем- малку и филозофски, и политички за легитимноста ние да одлучуваме и за овој заем.

Инбокс7: Значи произлегува дека сите околности се добро осмислени?

Беџети: Несомнено дека актерите кои кои го реализираат ова сценарио ги имаат предвид и овие нешта, но во јавноста не е поставен проблемот во оваа димензија. Моја желба е да го поставиме ова прашање и да започне една општествена, но и филозофска и меѓугенерациска дебата, за тоа зошто не се вклучува следната генерација која ќе го носи товарот на огромниот долг, и што е најлошо, од сите дестинации на инфраструктурата, Македонија стои најлошо во регионот.  Ако ги погледнете овие рангирања кои ги прават другите институции, особено пред неколку дена го разгледав рангирањето на Светската банка, токму оваа диспропорција е многу изразена. Колку повеќе се зголемуваат јавните потрошувачки, толку помалку Македонија е конкурентна за инфраструктурата почнувајќи од неконкурентноста на железничката инфраструктура, и ова можете да го најдете во Индексот за глобална конкуренција на државата, каде на сегментите кои ги подвлеков е најниското ниво на државата во регионот, дури и во споредба со Албанија, спрема која сме имале големи предности.

  1. Инбокс7: Дали мислите дека при ваква економска ситуација има шанси или економски параметри за зголемување на платите на јавната администрација, кога се знае дека се покачени цените на некои производи и услуги? Имаше ветување но подоцна како да се ретерираше кон овие ветувања. Има ли можност ова да се исполни или не?

Можноста за реализација на тоа ветување, кое обично се прави две години –пред да се изгради политички терен за добивање на политички ефект, и тие ги добиваат гласовите, значи го оправдуваат ветувањето, а кога доаѓа време за реализација фискалната ситуација е се потесна, а реално и ребалансот на буџетот кој штотуку помина, кој помина и со вулгарни испади како боксови, немаше некој посебен ефект од таа природа. Овој ребаланс на буџетот не ствара можност да се исполни ова ветување за многу едноставна причина, нивото на ниска реализација на приходите е многу повисок од зголемувачкото ниво на трошоците. Ако го погледнете периодот на првото полугодие за 2014 година, приходите се под нивото на реализација за 7% додека трошоците на одредени категории се под растечкото ниво од 6%, значи дискрепанцијата е околу минус 13%.  Кога ќе се евидентира разликата и ќе се изнајдат средства за исполнување на овој раст од 5 % во јавната администрација, и самите ние немаме представа колкав е тој денес.  Од истражувањата на други институции, во случајов ММФ и Светска Банка за индексот на финансиска транспарентност, Македонија има значителен пад од позицијата над 50 во која беше во 2008 година, 2012 година ја заврши на 35 место и ако го гледате овој извештај кој е многу актуелен, ќе видите дека Македонија е во друштво со Зимбабве и афричките земји. Албанија е околу за 8 места подобро рангирана од Македонија.

  1. Инбокс7: Господине Беџети, колку очекувате Слободната економска зона во Тетово и останатите зони да влијаат врз економскиот развој на Македонија?

Обично зоните беа предвидени како модел кои ќе имаат влијание за економски развој ако се развијат пропорционално со проектираните планови и модели, но за жал ние немаме пропорционален пристап за развојот на тие зони. За разлика од скопски Бунарџик, кој е епицентар кадешто се даваат не само основни структурни субвенции туку и финансиски ињекции, Тетовската зона нема основна инфраструктура, иако е определена веќе 7 години. Минатата година е поставен камен-темелникот и ако поминете оттаму ќе видите дека е една ливада кај која не се гледа перспектива за развој за разлика од останатите зоно како онаа во Кавадарци. Значи, во триаголникот Скопје- Битола-Кавадарци имате зони кои станале ефективни за една година, додека зоната во Тетово е најавена и основана во Владата, колку што јас знам, веќе 6 или 7 години. Денес ние сеуште немаме никаква инфраструктура и замислете, треба да се инвестираат 15 милиони евра за гасоводот од Скопје да се донесе до Тетово. Значи основната инфраструктура, кои компании ќе имаат преференции да се најдат внатре во зоната, останатите неисполнети услови, да речеме основната патна инфраструктура, железничката инфраструктура, енергетската инфраструктура, значи, не се нуди ништо конкретно, освен имагинација.

Инбокс7: Значи во слободната економска зона во Тетово не може да се надеваме на подобра иднина во блиска перспектива?

Беџети: Сигурно дека процесот ќе биде многу блед што се однесува до реализацијата за разлика од очекувањата. Јас мислам дека и во 2014 може да остане на една или две локации и ако овие “печурки” пораснат ќе биде добро.

Инбокс7: Дали мислите дека дебатите околу економијата го немаат вистинското место во јавноста, заради политизацијата на општеството?  

Mислам дека и приоритетот што им се дава на политичките теми и особено темите кои се на некој начин полувиртуелни, какви што се стратегиските теми за интеграциите намерно и со умисла ги запоставуваат конкретните цели, какви што се економските прашања, животниот стандард, животните прашања од секојдневието, социалното ниво, положбата на образованието, училиштата, болниците и така натаму и ние сега се занимаваме со евроинтеграциите. Овие денови читаме како потпретседателот на Собранието се правда за слабата комуникација на албански во Собранието, бидејќи Собранието било фокусирано на темите за евроинтеграција. Кажети ми какви тема за еврионтеграции има Собранието во својот дневен ред, за да исклучи употреба на албански јазик во места определени со правилник. Значи секојпат кога добиваме одговор од оваа природа тоа е алиби, демагогија, празна реторика, а се разбира дека значителен дел на јавноста се освестува многу бавно, во споредба со други прашања.

Инбокс7: Значи економијата, иако треба да биде во прв план, останува некаде на втор или трет план?

Јас мислам дека е под разно и тоа на крајот на списокот, иако устата ни е полна со животниот стандард, за вработувањата, инвестициите. На овие политичари устата им е полна за овие приоритети, но кога доаѓа време за отчет за нереализираното, тогаш се појавуваат евроинтеграциите. Значи секогаш кога има алиби за неуспеси, излегуваат интегристите и никако да не интегрираат.

Инбокс7: Г-дине Беџети, уште едно прашање. И покрај фактот дека економијата на земјата не бележи пораст, Владата продолжува со реализација на проектот Скопје 2014. Каде го води овој факт Македонија?

За жал продолжува авантурата на нерационалните и непродуктивни трошења, иако 2014 година беше најава дека ќе се направи пресврт и јас сум меѓу оние кои охрабрувал дека навистина ќе се случи пресврт. Кога се виде дека ова нема да прекине и дека ние продолжуваме со фирмите на големи јавни и непродуктивни трошоци, дури преферирајќи и алтернативни финансирања од некои друштва, асоциации, цивилен сектор. Кој е капацитетот на тој цивилен сектор да дава такви грантови за поставување на 5 споменици од бронза преку ноќ во Скопје, а Владата да не знае за оваа работа. Во услови кога имаме оштетени подови по училиштата, имаме ситуација со болници без лекови и ни паѓа таванот на глава. Во институциите на државата има канцеларии каде луѓето немаат едно столче за да еднат и да ја вршат нивната должност. Значи ситуацијата е дојдена дотука, а ние продолжуваме да трошиме за тие проекти.  За жал, во вториот дел беа најавени капитални инвестиции во делот на продуктивните трошења, сеуште не се случуваат и нема ни да се случат и ова го покажа и ребалансот на буџетот. Значи се кратеше таму каде конецот беше најтенок, во капиталните инвестиции и токму таму и се скрати, и тоа во северозападните краишта населени со албанци. Тука го имаме Тетовскиот театар, Националниот Театар во Скопје, Тетовската Библиотека, Државниот Универзитет во Тетово и така натаму. Постојано се крати таму каде не треба да се прави тоа. Со ваков модел на економски развој, треба да се очекува дека 2014 година ќе биде година која ќе ги заклучи сите предвидени индикатори. Дури нема дебата ниту за отчет, зошто ова се случува и до кога ќе продолжи овој феномен на прераспределба на приходите во општеството. Значи целиот овој процес се води само и исклучиво со политички мотив.

Инбокс7: Ако работите се движат со овој ритам, кога може да очекуваме подобри времиња во контекст на економскиот развој?

Беџети: Додека имаме ваква неодговорна власт и институции, сигурно дека не треба да очекуваме некоја промена, независно дека статистичките податоци ќе продолжат да покажуваат економски раст од 3.4 или 4.5%. Но нека ми каже некој како живеат граѓаните денес, во споредба од пред две или пет години, ќе видите дека овој економски раст која во нашите економски дебати го квантификувам повеќе како декларативен и статистички, не се гледа реално, бидејќи не е правилно распределен, затоа што тој нема капацитет на пренесување на ефектите кај животниот стандард кај тие што живеат најлошо. Значи имаме едно постојано социјално раслојување на општеството каде богатството се концентрира кај се помал процент на населението, на сметка на осиромашување на тие кои некогаш беа средна класа. Значи ние имаме топење на средната класа, во многу малку богат, а многу изразен сиромашен слој. Значи тоа што се топи доаѓа во сиромашниот дел. Овие се проблеми кои на еден или друг начин воопшто не се третираат во нашето општество. Социјалната, економската прераспледелба, појавата на нови бизнис елити, новите корпорации кои се ствараат во семејни, коњуктурни релации пврзани со политиката,не се издржливи бидејќи тие нема да можат да опстојат кога ќе се промени овој политички формат. Јас немам ништо против оваа политичка формација.  Секоја политичка формација ствара свои елити, но овој вештачки елитизам ќе и чини многу на политиката на економски развој на земјата бидејќи додека сите други де факто напредуваат со мали чекори, ние правиме значителни чекори назад, одејќи наназад. Многу реални индикатори, на пример да ги земеме реалните плати, последните статистики покажуваат пад од -1%, значи имаме пад на реалните плати. Истакнавте дека цените се зголемуваат со повисок интензитет  отколку платите. Статистиката ги мери цените во потрошувачката кошничка со еден просек а просекот значи дека некој ќе јаде месо а некој ориз или сарма. Значи, во оваа смисла не треба да се врзуваме или да се повикуваме само врз економските статистики кои на некој начин се фабрикувани според нарачките.

Инбокс7: Господине Беџети, ви благодариме уште еднаш што ја прифативте поканата за интервју.

Беџети: Како и обично, ми беше задоволство.

Преведе од албански – Арменд Нухиу

tahiri@inbox7.mk