Денешна дата
14/08/2020

Лидерите не ја слушаат пораката на Волерс

Изјавата на американскиот амбасадор наиде на различни реакции. Аналитичари ја оценуваат како сериозен аларм за соочување со политичките предизвици во Македонија

Aмбасадорот на Соединетите Американски Држави (САД) во Скопје, Пол Волерс со еден непосреден и недипломатски јазик рече дека” политичките лидери во Македонија повеќе се ангажираат за нивните краткорочни и лични интереси и дека ова е деструктивно однесување”.

“За жал, во многу земји, а треба да кажам и во оваа земја- гледам лидери кои политиката ја гледаат како краткорочна игра за нивни лични и партиски придобивки наместо да работат за надминување на конфликтите”.

”Mислам дека ова е рецепт за уништување на државата”, рече амбасадорот Пол Волерс.

nikola popovski

Никола Поповски

Mинистерот за надворешни работи, Никола Поповски, рече дека “изјавата е извадена од контекст”, додека медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ оценија дека изјавата на Пол Волерс дадена во една научна конференција во Институтот за Културно и Фуховно наследство на Албанците во Скопје (ИКДНАС) е манипулативен обид на опозициските портали оваа изјава на амбасадорот да ја искоростат во функција на интересите на опозицијата.

 

 

 

 

Лидерите одговорни за актуелната состојба во Македонија 

 

lideri

 

Провладините портали пишуваа дека пораката е наменета за лидерот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети, но не и за премиерот Никола Груевски.

И покрај ваквите тврдења научниот работник во ИКДНАС, Зекерија Ибрахими, кој бил присутен во салата кога зборувал амбасадорот Волерс, ја потврди вистинитоста на изјавата.

zekerija-ibrahimi

Зекерија Ибрахими

“Помалку е важен вториот дел, кому ова му беше наменето”.

”Амбасадорот, во рамките на неговите овластувања и дипломатскиот речник, кажа еден совет кој само ние не сакаме да го разбереме”, вели Ибрахими за Инбокс7.

“Неговата порака беше дека со вакви политичари државата тешко може да напредува”, истакна Ибрахими додавајќи дека “во оваа група припаѓаат сите политичари кои го менаџираат политичкиот живот во земјава, од претседателот на државата до општиските советници”.

Професорката на  Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, (УЈИЕ), Мирјана Малеска коментираше на Инбокс7 дека амбасадорот на заминување, го кажа тоа што порано го кажуваше со дипломатски такт и што сигурно го мислат и другите западни амбасадори, дека политичарите во Македонија се бават со себеси, а не со проблемите на земјата.

mirjana maleska

Мирјана Малеска

“Светот не е мирен. Има повеќе кризни жаришта, а на политичарите не им се брза да станеме членка на НАТО. Другите држави во регионот прават напори да се интегрираат во ЕУ и да ги користат придобивките на развиениот свет”.

“Ние се однесуваме како да не сме многу заинтересирани. Се разбира дека проблемот со името ни влијае во голема мера, но ни пречи и застојот на демократските процеси и токму тоа се прашањата за кои политичарите треба да понудат решение”, вели  Maлеска  и констатира дека ”понекогаш од длабоките кризи излегуваат решенија и се прашува дали треба да чекаме и која е цената која треба да ја платиме за ова чекање”.

 

Земјата на крстопат, почеток на критичната фаза

 

Од друга страна, директорот на Институтот за политички и меѓународни студии  (ИПМС), Илбер Села оценува дека изјавата на Волерс докажува дека земјата е на крстопат.

“Maкедонија по шлаканицата на Велшкиот самит и следната што ќе ја добие од извештајот на Европската Комисија за напредокот на државата, влегува во најкритичната фаза од самостојноста досега од аспект на надворешната политика”.

Ilber Sela

Илбер Села

“Државата слабее секој ден повеќе, и се насобрани проблеми на кои не им се надзира решение”, рече  Села, додавајќи дека  “земјата не стои добро ниту во надворешната политика, бидејќи функционира како авторитарна држава”.

Ибрахими додаде дека наместо да се прави херменаутика со изјавите на Амбасадорот, треба повеќе да се насочиме кон неговата порака и да не дозволиме да ни се случи неуспех.

“Имаме толку многу неодговорни политичари кон кои цели амбасадорот, што навистина шансите за неуспех се многу големи. Тоа се политичари кои на големо се наоѓаат во власта, но од оваа улога не се исклучува ниту опозицијата”, вели тој.

Професорката Maлеска  предвидува дека вакви изјави во иднина ќе слушаме често, бидејќи од страна на меѓународната заедница постои интерес за стабилизирање на Западниот Балкан.

“Македонските политичари немаат многу избор, иако мислат дека можат да одберат во која насока ќе се движат. Амбасадорот Волерс даде сигнал за другите дипломати за притисок кон власта, за да се бават со виталните теми за граѓаните како што се сигурноста, стабилноста, владеење на правото, демократијата, вработувањето, економскиот просперитет и да ги остават настрана меѓусебните обвинувања”, вели  Maлеска.

 

Притисоците од амбасадорите и непослушните лидери

 

Професорот Села додаде дека политиката во Македонија треба да ја разбере нејзината моќ и улогата на меѓународната заедница.

“Државната политика не треба да функционира според принципот ‘Државата- тоа сум јас’ и да иам улога врз меѓународните политики, туку треба да функционира принципот според кој меѓународната политика треба да биде над внатрешната политика и над теоријата дека “државата сме ние: Македонците,Албанците, власта, опозицијата…””.

“Ако нашите политичари се изјаснуваат за интеграција, но дејствуваат против интеграцијата, ако се залагаат за толеранција и соживот, а дуваат во оганот на меѓуетничките и меѓуверските конфликти, ако тврдат дека сакаат да го решат спорот со името, а работат за поголемо иритирање на Грција, и ако нашите политичари имаат толку малку државна визија а толку многу лична и приватна визија, тогаш и покрај советите на нашите меѓународни пријатели, останува наша задача да ја завршиме нашата работа внатре во државата”, истакна Ибрахими.

Aмериканскиот амбасадор, Пол Волерс на научната конференција посветена на Првата Светска Војна (ПСВ) без да употреби дипломатски речник, искажа сомнеж кон политичките лидери во Македонија. Волерс е на заминување од неговата дипломатска мисија во Скопје, додека неговата директна изјава е прва од ваков формат и димензија. Поранешниот олеснувач на прегодоворите за Македонија во текот на 2001 година  Џејмс Пердју упати слични критики на адреса на лидерите за време на една неофицијална посета на Скопје во март годинава.

 

Кабранов: Волерс го кажа тоа што сите го знаеме

aco-kabranov

Амбасадорот Волерс конечно гласно го кажа тоа што ние што живееме на овие простори го знаеме. Политичари клептомани имавме и во претходните власти, но ова што ни се случува последниве години според мене е крадење без усул. Тажно е за сите нас кога ќе слушнете како премиерот пазарел продавање на банка и судот наместо него, да го осуди тој што се дрзнал на народот да му ја покаже аудио снимката. Мислам дека амбасадорот Волерс на заминување само ни најави што во наредните месеци може да очекуваме – обелоденување на докази за криминали од кои се крева косата на главата и можеби радикализација на безбедносната состојба во режија на власта за да го оттргне вниманието на граѓаните од таквите објави. Волерс веројатно не направи нешто непромислено, ниту пак се истрча со изјавата. Глупава беше одбраната на владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку нејзините медиумски труби дека штом тоа е кажано на прослава на Албанците се однесувало на ДУИ, ама никако не за Груевски. Смешно и тажно, како мало дете фатено како крадец на чоколадо.

Јас мислам дека дипломатите и меѓународните фактори допрва ќе адресираат такви пораки за корупција и недемократско владеење на актуелната владејачка коалиција на Груевски и Ахмети. Приказните за нивната чесност, посветеност за доброто на граѓаните ќе се распрснат како меур а тие како власт не треба да не изненади да ја добијат казната од народот, каква што ниедна власт на независна Македонија не добила.

Уредник – Селим Ибрахими

Преведе од албански – Арменд Нухиу

tahiri@inbox7.mk