Денешна дата
15/08/2020

Maкедонија и регионот не се интегрираат лесно во ЕУ

Eкспертите оценуваат дека лидерите или политичките партии не успеале во исполнувањето на демократските стандарди определени од ЕУ. Извештајот на Европската Комисија за регионот и за Македонија ќе биде објавен во октомври

Македонија уште еднаш нема да добие датум од Европската Комисија (ЕК) за тоа кога земјава ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ, прогнозираа експертите.

Eкспертите оценуваат дека вината е кај лидерите или политичките партии кои не успеваат во исполнувањето на демократските стандарди определени од ЕУ и од самите платформи на партиите.

Aналитичарите сметаат дека овој феномен е последица на фактот што Македонија нема гласачи што слободно одлучуваат за нивните политички водачи врз основа на нивната платформа и способностите за исполнување на ветувањата дадени во предизборните кампањи. Но за жал, македонските гласачи се уплашени и уценети гласачи.  

Suad Misini

Суад Мисини

Aналитичарот Суад Мисини смета дека нашите гласачи имаат обичај да се жалат по кафеани и внатрешни средини за очајната состојба во која се наоѓаме, но кога доаѓа време за дејствување тие не превземаат ништо и ги бираат истите луѓе кои ги “критикуваат”.

Тие се жалат на декларативен начин за масовната корупција. Најголемиот проблем на неупатените и пред се уплашените е во фактот дека сите придобивки од масовната корупција на големите општествени групи некој треба да ги плати. И таа сметка ќе падне врз нивниот грб,”,вели Мисини за Инбокс7. 

 

Неинформирани гласачи и недостаток на независни медиуми 

 

Според Мисини, неодговорните гласачи кои лесно се продаваат и плашат, се главните виновници за иднината на нашата младина, која, спред него, е темна.

 

adelina marini

Aделина Марини, главен уредник на „Еуинсајд“ за Инбокс7 вели дека токму политичките партии се тие кои треба да се уплашат за неуспесите на Македонија.Тие создаваат погрешно информирани гласачи од каде извираат натамошните проблеми. Според Марини, причината за ова е во недостатокот на непристрасни медиуми и независни од политички влијанија.

Причината за ова е во недостатокот на непристрасни медиуми и независни од политички влијанија”. “Ова представува голем проблем не само во Македонија туку за целиот Балкан”.

Mарини смета дека причината што народот прави “погрешни” избори е последица на лошото информирање од независните медиуми зависни од власта.

Добри примери во оваа насока всушност се Македонија и Бугарија”. “Во Бугарија почна релативно добро, додека политичката класа ја откри силата на медиумите. Сега електоратот е маѓепсанза да ги гласа постојано тие кои се на власт”.

 

Предизвикувачка трансформација

 

Maрини истакнува дека оваа појава носи со себе и една друга страна на приказната. Според неа, со проширувањето на ЕУ преку начин на бинг-бенг, ЕУ сфати дека трансформацијата на едно тоталитарно општество е многу предизвикувачко прашање која не може да се води на технички начин така како пристапува ЕУ кон земјите-кандидати.

Во овој случај мислам дека случајот на Македонија е еден пример каде јасно се покажува како интересите ја спречуваат ЕУ да и помогне на една земја која е во трансформација.” 

За да се покаже мир и одржливост во тек на процесите на трансформација во Македонија, ЕУ треба да се интересира за политичките партии во земјава. Вака објави Центарот за Европски Политики, кој објави еден извештај за состојбата на политичките партии на Балканот. Според овој извештај, самата Европска Комисија (ЕК) треба да ги изготви и да ги разгледа добро стандардите на демократските перформанси на политичките партии и партиските системи како еден од формалните услови за членство.

Maлинка Ристеска Јордановска од Институтот за Европски Политики за Инбокс7 вели дека Владата на Македонија е таа која носи одговорност за надворешните политики на земјава. Таа вели дека владејачките партии не направиле се за Македонија да биде дел од ЕУ.

Magdalena

Тешко е да ги обвиниме политичките партии за нерешавање на прашањето за името, која се доживува како главна пречка за нечленување. Но во суштина владата не може да избега од другите одговорности, како на пр: драстичното влошување на демократските стандарди во земјавацелосната политизација на институциите, ограничувањето на слободата на медиумите, кршливи меѓуетнички односи итн”.

 Joрдановска оценува дека владејачките партии се тие кои треба да се обвинат и на недоволно добрите односи со соседните држави, што постојано се критикува и во извештајот на ЕК. 

 

Виновникот и преговорите 

Со ваквото однесување Владата драстично ја влошува позицијата на Македонија кон ЕУ, вклучувајќи ги тука и преговорите за името”. 

Во рамките на зачленувањето на Западниот Балкан во ЕУ, Македонија бележи назадување во регионален аспект, од водечката позиција во годините 2004/2005 на позиција на губитник во 2014. Без оглед што беше првата земја која ја потпиша Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација (ССА) со ЕУ на почетокот на 2001 година, и втора по Хрватска со статус кандидат во 2005 година, Скопје сеуште чека почеток на преговори за членство. Малубројни работни места, мали можности за напредок, неквалитетно образование се само некои од последиците со кои се соочува младината на земјата и ова се гледа како причина за застојот на земјата во исполнувањето на реформите за членство во евро-атлантските структури.

Исто така се воочува и недостаток на млади луѓе на политичката сцена како можност за полесно придвижување кон ЕУ. Марини смета дека такво нешто нема да се случи никогаш без реален плурализам на мислења, вклучувајќи тука и медиуми.

Ова е еден вид балкански феудализам со длабоко влијание од Турција и Русија. Вредностите на ЕУ се тешки за абсорбирање ако земјава не е подговтвена за нив. И Македонија и Балканот во целост не се подготвени”. “Без вредности на ЕУ, не можеме да имаме млади луже во политиката”. Годишниот извештај на Европската Комисија за државите од Западен Балкан се објавува во октомври

 

Уредник :Селим Ибраими

Преведе од албански: Арменд Нухиу

bajrami@inbox7.mk