Денешна дата
14/08/2020

Шасивари: Граѓаните не се соодветно застапени во Собранието

Нивото на политичката застапеност на граѓаните во Парламентот и во општинските совети не е на соодветното ниво, па затоа оваа моментална ситуација има врска со типот на кандидатската листа што се спроведува со пропорционалниот модел кој што се спроведува од 2002 година

Последниве денови повторно се актуализираше дебатата за потребата Македонија наместо да ги избира пратениците со затворени листи, да ги избира со пропорционален изборен систем на отворени листи. Последниот инцидент во Собранието покрена многу прашања во врска со квалитетот на политичката застапеност. Во врска со предностите на отворени листи во интервјуто на Inbox7 е поканет професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Јетон Шасивари.

 

Inbox7: Господине Шасивари Ви благодариме што ја прифативте поканата да бидете дел од ова интервју. Дали сметате дека Македонија има демократска средина за да го воведе изборниот модел на отворени листи? Дали би прифатиле политичките партии таква иницијатива?

Шасивари: Јас сметам дека постои позитивна атмосфера во врска со вклучувањето на отворените листи во рамките на постојниот пропорционален изборен модел, тргнувајќи од аспект на интересот на избирачите, значи од самото избирачко тело во Република Македонија. И според мое мислење повеќе техничко прашање е тоа како да се подобри постојниот пропорционален изборен модел, значи не станува збор за некоја суштинска реформа на изборниот систем, бидејќи пропорционалниот модел од 2002 година па наваму на сите парламентарни избори е одомаќинет, ако може така да се каже, меѓутоа отворените листи се техника која овозможува многу предности. Првата се однесува на персонализирањето на изборниот глас, позитивен елемент кој постои кај мнозинскиот изборен модел. Преку отворената листа се овозможува во рамки на пропорционалниот модел, избирачот покрај гласот за омилената партија да има можност да гласа за омилениот кандидат или кандидати, што не е можност сега со пропорционалниот модел на отворени листи. Друг позитивен аспект на овие листи, кои преовладуваат во повеќето земји-членки на Европската унија и пошироко во светот кои што се практикуваат моментално се однесува на зајакнување на врската помеѓу претставникот, значи пратеникот и избирачот бидејќи пратениците или претставниците што се избираат според затворените листи многу повеќе причини за избори гледаат кај политичката партија отколку кај избирачкото тело или кај избирачот, така што нема сомнение дека вклучувањето на отворени листи ќе ја зајакне одговорноста, значи ќе ја зајакне и ќе ја направи уште потесна врската меѓу пратеникот и својот електорат. И уште еден позитивен аспект на отворените листи се однесува на зајакнување на географската застапеност на електоратот во рамките на шесте постоечки изборни единици. Има уште еден друг аспект на кандидирање, а самиот процес на кандидирање според сегашните отворени листи досега е разгледуван од аспект на доста силно централизирање, каде се познати примери пет минути пред истекување на рокот за листите, кандидатската листа да претрпи суштински промени на кандидатите, што зборува дека постои едно силно централизирање. А вклучување на отворените листи би влијаело позитивно и кај децентрализацијата на самиот кандидатски процес во кандидатските партиски листи, а со самото тоа и врз демократизацијата на постојните политички субјекти кои што се натпреваруваат на изборите.

 

Вклучувањето на отворените листи влијае позитивно врз децентрализацијата на кандидатскиот процесот

 

Inbox7: И покрај предностите кои што ги спомнавте вие, некои од поголемите политички партии го гледаат со резерви изборниот систем на отворените листа. Што мислите кои се причините за такво нешто?

Шасивари: Вклучувањето на отворените листи ќе биде предизвик. Се разбора,  тоа само по себе е предизвик за големите политички партии. Тоа ќе биде процес кој е познат во Македонија и кој се нарекува “шефување” или партизирање  на политичкиот систем, што значи дека лидерот на политичката партија или потесното раководство на политичката партија одлучува за редоследот на кандидатите. Се разбира, отворените листи имаат спротивно влијание со овој тренд и со оваа карактеристика, бидејќи отворената листа ги трга на страна омилените, значи омилените кандидати на раководството. Па така големите партии ќе бидат принудени да кандидираат не личности кои ги викаме „партиски војници“ или „потрчковци“ на тесното раководство, туку оние кандидати кои имаат авторитет кај народот, значи кои уживаат авторитет кај избирачкото тело. Затоа само по себе отворените листи, како што реков, претставуваат предизвик за големите партии поради неколку феномени кои што се патолошки за македонскиот политички систем и несомнено е дека преку отворената листа се зајакнува, се зацврстува самиот глас на избирачот. На некој начин, изборниот модел му се враќа на самиот избирач, бидејќи во крајна линија граѓанскиот суверенитет подразбира дека власта му припаѓа на народот.

 

Inbox7: Дали тоа значи дека отворените листи по автоматизам би обезбедиле поквалитетна политичка застапеност и всушност пратениците би биле повеќе одговорни кон граѓаните?

Шасивари: Со самиот факт дека мандатите ќе ги добиваат кандидатите кои на кандидатската листа ќе добијат повеќе повластени гласови, значи дека пратениците ќе бидат многу поодговорни. Ќе расте и да се зајакне поврзаноста меѓу пратеникот и електоратот, нешто што не се случува сега. Еднаш во четири години за време на изборните кампањи имаат директни комуникации помеѓу кандидатите и избирачкото тело, а отворените листи ќе овозможуваат да има постојана, континуирана поврзаност меѓу пратеникот и избирачот и се разбира со отворените кандидатски  листи, кандидатите кои што ќе се појават, треба да уживаат авторитет кај избирачкото тело и тоа само по себе го зголемува квалитетот на политичката застапеност или застапеноста на граѓаните, избирачите во Парламентот и во општинските совети.

 

Inbox7: Господине Шасивари како го оценувате фактот дека во Собранието се случуваат инциденти. Вториот по ред се случи меѓу албанските пратеници, па дури и со физички пресметки?

Шасивари: Се разбира дека таквите однесувања се неприфатливи за парламентарната демократија и тие влијаат негативно врз застапувањето на интересите на електоратот, бидејќи вршењето на пратеничката функција или на функцијата претставник на народот само по себе подразбира многу нешта, значи многу елементи. Избирачите се идентификуваат со своите претставници, со пратениците кои што ги избрале да ги застапуваат нивните интереси во Парламентот. Таквите однесувања влијаат негативно кај електоратот и од друга страна кај самиот авторитет на Парламентот, како носител на законодавната власт, кој е доста важна власт во политичкиот систем на Македонија.

 

Инцидентите во Собранието и казнените мерки

 

Inbox7: Тепањето со тупаници на албанските пратеници во Собранието на Република Македонија помина само со јавна опомена од страна на претседателот на парламентот. Дали мислите дека е доволен овој вид на санкција или се потребни други санкции против пратениците во такви случаи?

Шасивари: Врз основа на нормативните акти на Парламентот на Република Македонија се предвидуваат и други санкции. И самата оваа санкција што беше изречена од страна на претседателот на Собранието, значи опомената е еден вид на санкција. Но, прашање е колку оваа санкција ќе има ефект и ќе делува превентивно да кажеме и кај другите пратеници членови исто така членови на Собранието на Република Македонија. Останува да се види во блиска иднина колку оваа санкција е ефективна. Се разбира, еден парламент кој претендира да биде сериозен и професионален и во кој пратениците квалитетно ги застапуваат луѓето, таквите однесувања како што на пример се случуваат и во поразвиените земји не смее да ги дозволи, меѓутоа санкциите кои што се изрекуваат се соодветни, адекватни и имаат директно влијание и ефект за спречување на таквите однесувања во иднина. Што се однесува до конкретниот случај останува да се види како оваа санкција е соодветна или не.

 

Inbox7: Дали е на потребното ниво сегашната политичка застапеност на граѓаните или е потребно нејзино подобрување?

Шасивари: Се разбира дека самото ниво на политичка застапеност на граѓаните во парламентот и во советите на општините не е на соодветното ниво, па затоа  моменталната ситуација има врска со видот на кандидатската листа што се спроведува со пропорционалниот модел кој спроведува од 2002 година па наваму, значи затворената листа и мислам дека еден од факторите е самиот карактер на затворената листа, што оневозможува подигнување на нивото на квалитет на застапеност. Иако во Уставот на Република Македонија одредено е дека пратеникот ги застапува избирачите во Собранието и одлучува според своите убедувања, практично оваа уставна норма во македонското Собрание не се спроведува, бидејќи обично пратениците не само што не ги застапуваат избирачите во парламентот, туку и не одлучуваат според неговите убедувања, туку обично одлучуваат според убедувањето на потесното раководство на лидерите на политичките партии. Затоа, уште еден друг аспект на отворени листи е токму тоа што со тоа што ќе се зајакне поврзаноста помеѓу пратеникот и избирачот, тој ќе биде принуден во парламентот да ги застапува избирачите и да одлучува според свое убедување, значи убедувањето кој е најдобриот интерес на избирачите или на граѓаните што ги застапува тој македонскиот Парламент.

tahiri@inbox7.mk