Денешна дата
14/08/2020

Граѓанските иницијативи ги “тресат” институциите

Две граѓански иницијативи, кои што се преземени од неодамна, ги раздвижија државните институции.

Граѓанските иницијативи во Македонија може да влијаат врз институциите, да влијаат врз нивната работа и да ги земат во предвид критиките поврзани со разните текови и појави во општеството.

Граѓанската иницијатива “Сакаме чист Чаир” го покажа токму тоа, и тоа само преку една фан страница на социјалната мрежа Фејсбук, поттикнувајќи одредени социјални групи да ги адресираат вистинските проблеми до локалните и централните институции.

 

“Сакаме чист Чаир” ја чисти општината

 

Во врска со интересот на он-лајн списанието Inbox7 за иницијативата и нејзината цел, од оваа иницијатива во еден допис одговорија дека “иницијативата `Сакаме чист Чаир` се роди како идеја затоа што на една многу мала површина каква што е површината на општината, отпадот се гледаше отворено! Населението ја дочека ентузијастички нашата иницијатива, ни пристигнуваа многу пораки на благодарност, па кога ги читавме се охрабрувавме да работиме уште повеќе за еден почист и подостоен Чаир за живеење“!  

cair

Но, токму граѓанската иницијатива “Сакаме чист Чаир” беше таа која треба да влијае заедно со Јавното претпријатие “Комунална хигиена Скопје” да преземат конкретни чекори, спроведувајќи акција на целата територија на општината, во текот на која беше отстранет поголемиот дел од отпадот!

Од оваа организација соопштија дека ќе ја продолжат активноста на оваа иницијатива, со надеж дека тие ќе наидат на разбирањето кај надлежните органи! “Нашите критики се исклучиво од хигиенска природа, од природа за чиста животна средина, заштита на зеленилото! Затоа ќе го искористиме случајот преку вас да испратиме порака до сите оние кои мислат дека работат за нечиј инает”! Од иницијативата искажуваат подготвеност за соработка со сите, средината во која живееме да добие друг изглед, да имаме волја да излеземе со децата и да шетаме на свеж воздух и во зеленило!

 

Југохром не почитува “Стоп за канцерогените загадувања”

 

Иницијатива чија цел е заштита на животната средина е и “Стоп за канцерогените загадувања”, која ја презедоа седум граѓаните со цел да се влијае за подигнување на свеста против тешкото загадување на воздухот кое го предизвикуваат некои загадувачи во Тетово и околината, кои ние успеавме да ги идентификуваме: дивите депонии и неодговорните сопственици на некои компании.

jugohrom

Арианит Џафери, претставник на Советот за протести вели за Inbox7 дека движењето почна да функционира бидејќи многубројни еколошки организации во Тетово беа во длабок зимски сон и дека мерењата од ресорот за екологијата, спроведени во текот на минатата зима покажуваа застрашувачки бројки, односно присуство на канцерогени честички PM10 во воздухот до 20 пати над дозволеното. “Нашата борба беше насочена кон два фронта: прво, да им ја покажеме на граѓаните разликата помеѓу магла и загадување, затоа што некој се обидеше да ги збуни и второ, да направиме притисок врз властите да влијаат врз загадувачите кои се заложија дека ќе преземат заштитни мерки, а не го прават тоа”, вели Џафери.

Според оваа иницијатива, договорот на оваа компанија со Владата на Република Македонија предвидува комбинатот да постави филтри за чистење на гасовите кои ги емитува во воздухот, но тоа не е направено. “Поранешниот министер за животна средина, Абдилаќим Адеми, неколку пати по ред им даде рокови, а потоа ги пролонгораше истите, но решение до овој момент не беше најдено и по се изгледа се уште нема на повидок решение. Ние сметаме дека иницијативата ќе допре до свеста и на актуелниот министер за екологија, Нурхан Изаири, да не му дозволи никому да го загадува воздухот кој го дишеме ние и самиот тој во овој град и околината”, истакна Џафери.

Според Џафери, иницијативата во иднина ќе ги фокусира енергиите да се едуцира пошироката маса за овие проблеми и се надева дека властите ќе ја завршат својата работа и ќе ги принудат загадувачите да ги преземат потребните чекори за да нема потреба за радикализација на протестите. “Ако ‘Југохром продолжи да не труе пред носот на властите, тогаш ние ќе треба да се заштитиме самите себеси и нашите семејства на било кој начин кој ќе го сметаме за исправен”, истакна Арианит Џафери, претставници на Советот за протести.

 

Во демократските земји ечи гласот на граѓаните

 

Во земјите со развиена демократија, граѓански иницијативи имаат огромно влијание врз институциите на државата. Во таа насока, Швајцарија е земја во која за различни општествени прашања, ако граѓаните соберат 100 илјади потписи, се распишува референдум. Ирфан Агуши, новинар кој живее во швајцарската држава, наведува еден пример кога до израз дошла волјата на граѓаните. “Минатата година швајцарската влада побара да ја зголеми цената на патарините од 40 на 100 франци годишно и народот гласаше против оваа одлука. Со години претходно имало иницијатива од блок на политички партии за забрана на градење на минарињата на џамиите и народот одлучи во полза на забраната за изградбата на минариња. Денес стои отворена можност доколку некој сака да преземе иницијатива против оваа одлука”, вели Агуши, додавајќи дека за разлика од Македонија, каде граѓаните многу малку се консултирани во врска со владините одлуки, во Швајцарија народот, а не само власта, одлучува за својата иднината. Според швајцарскиот устав,  се предвидува директно учество на граѓаните врз донесувањето на политичките одлуки. Швајцарија спроведува директна демократија, која е поврзана со правото на референдум и петиција, како уставни механизми со кои се зголемува директното влијание на граѓаните врз  процесот на донесување одлуки и на тој начин граѓанинот станува контролор на владините иницијативи и закони кои што се однесуваат на јавното добро.

Фатон Арифи, новинар од Струга, пак, одлучил животот да го продолжи во Соединетите Американски Држави (САД). Тој смета дека во Македонија продолжената рака на власта ги има зафатено и невладини организации. “Во иднина токму граѓанските иницијативи ќе ја држат политиката под притисок. Благодарение на анонимноста која ја обезбедуваат социјалните мрежи, луѓето се осмелуваат да го кажат тоа што го мислат, па дури и постигнуваат резултати. Сакам да ја издвојам иницијативата `Сакаме чист Чаир`, која ја разбуди од сон локалната власт во Чаир и даде пример како да ја следат иницијативата и другите градови”, рече Арифи.

Реџаил Рамадани е лекар по професија, но страст му е проучување на светската историја и политички и економски идеи. Моментално живее и работи во Германија и како многу други интелектуалци одлучил да ја продолжи кариерата во оваа европска земја. Рамадани смета дека граѓанинот во демократија треба да биде свесен за моќта што ја има, треба да покаже дека тој е суверен и иницијативите се инструмент за изразување на неговата моќ. Тој смета дека суверенитетот не треба да му се доверува на ниту еден политичар или партија, туку само на општествената правда, каде што граѓанинот секогаш има право на нејзина заштита. “Оваа несвесност за моќта што ја имаат самите граѓани, како носители на суверенитетот, е коренот на нивното ропство и нивното претворање во слуги на неодговорните и себичните политичари. Колку се попасивни граѓаните, колку се полојални кон партијата, толку поголеми се демагогијата и празните ветувања. Кога политичарите наоѓаат пасивен и лојален граѓанин на партијата, тие уште повеќе ја намалуваат почитта кон граѓаните и нивните барања, особено во средината во Македонија, каде кај политичката класа не постои етика на одговорност и посветеност кон должноста како обврска кон плаќачите на даноците”, вели Рамадани.

Според него, граѓанинот треба да биде искрен кон јавниот интерес и рационално и организирано треба да ги формулира јавните барања и во тој поглед невладините организации активно треба да учествуваат во подобрувањето на квалитетот на демократијата, особено кога има дефицит. “Денес граѓанското општество во нашата средина треба да биде поактивно, да се ангажира за прашања од јавен интерес, бидејќи власта и партијата како носители на власта, сè повеќе стануваат глуви во извршувањето на обврските кои ги имаат кон граѓаните, бидејќи граѓанинот е даночен обврзник и државата има обврска како што ги гарантира правата и граѓанските слободи, чистата еколошка средина, изградбата на инфраструктурата, да го гарантира и јавното здравство во здравствените установи, итн.”, дециден е Рамадани.

men-193196_1280

Тој објасни дека германскиот Устав става посебен акцент на човековото достоинство, слободата и политичката организација на граѓаните за изразување на своите легитимни барања, кои се однесуваат на јавниот интерес. “Во државите каде што има дефицит на демократија, како што е Македонија, со цел да се дисциплинираат граѓаните за да бидат што попасивни и полојални кон пропагандата на мајката партија, таму каде што медиумите се комерцијализирани и каде доминираат владини пропаганди, политичарите немаат етика на одговорност и се ослободени од каков било граѓански морал”.

Соговорниците бараат граѓаните да учествуваат во граѓанските здруженија и да бидат конкурентни во нивните легитимни барања и да им прават што повеќе политички притисок на политичките власти за да ги принудат да ги извршуваат обврските кон граѓаните.

Уредник: Селим Ибраими

tahiri@inbox7.mk