Денешна дата
22/10/2020

Состојба на патишта

СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА: Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

РАБОТА НА ПАТ: Поради вршење на градежни работи за реконструкција и санација на мост на река Брегалница кај селото Долни Балван, Општина Карбинци, се забранува сообраќајот во двата правци по локалниот пат село Долни Балван – село Таринци во период од 14.01.2014 година до завршување на реконструкцијата на мостот на река Брегалница.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДВИЖЕЊЕ НИЗ НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК ЈАСЕН: Од 01.04.2014 година воведени се нови термини за насоката на движење на патниот правец кој го поврзува Скопје со Македонски брод низ НП Јасен. Во правец од Скопје кон Македонски брод сообраќајот се одвива од 6:30 до 9:00 и од 16:00 до 18:00, а во правец од Македонски Брод кон Скопје сообраќајот се одвива од 5:00 до 6:00 и од 18:30 до 20:00.

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца)), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево е отворен за сообраќај. Потсетуваме дека на овој патен правец, од клучката Трпејца до зимскиот центар Отешево во двата правца, дозволен е сообраќај само за патнички возила и минибуси со вкупна маса до 3,5 тони.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ:  Нa граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.