Денешна дата
26/11/2020

Волерс: Во Македонија нема ниту еден осуден за корупција

volers korupcija (1) volers korupcija (2) volers korupcija (3)vol (5)vol (4)vol (3)vol (2)vol (1)

 

„Во Македонија во 2013-та Државната комисја за спречување на корупцијата истражи 228 случаи за борба против корупција и бројот не е воопшто мал во однос на големита на Македонија. Еден дел од нив беа препратени или седум беа обвинети а тоа е речиси ништо. Во Романија беа осудени лани 244 поединци или околу 27 отсто од вкупниот број. Колкумина беа осудени, седум беа обвинети но колку беа осудени-нула, точно нула а тоа значи дека корупцијата во Македонија е еднакава на нула и не е смешно повеќе би рекол дека е тажно“, рече амбасадарот на САД, Пол Волерс.

 

Волерс,  го отвори форумот „Политики за антикорупција“, организиран во рамките на Програмата на УСАИД за антикорупција. На Форумот беше презентиран првиот Извештај за проценка на корупцијата во Македонија, кој дава сеопфатен преглед на сегашната состојба со корупцијата, како и на мерките за спречување на корупцијата во периодот меѓу 2002 и 2013 година.

 

„Знаеме дека корупцијата ги надминува партиските линии, меѓународните граници и етничките ограничувања – намалувајќи ги човечките ресурси, економската моќ и вербата во владите каде и да се појави.  Секој долар или денар кој е пренасочен кон лично збогатување е на штета на образованието на нашите деца, финансирањето на болниците и изградбата на нашите патишта.” Тој додаде, „Корупцијата е закана, не само за демократското владеење и економскиот просперитет, туку и за националната безбедност и за суверенитетот исто така.”

 

Резимето од форумот го објавуваме во целост:

 

„Извештајот за проценка на корупцијата е сеопфатен преглед на состојбата и динамиката на корупцијата во Република Македонија. Базиран е на Системот за следење на корупцијата (ССК) развиен од Центарот за изучување на демократијата (ЦСД) од Бугарија, а спроведен од МЦМС во рамките на Програмата на УСАИД за борба против корупцијата.

 

За подготовка на извештајот користени се различни извори на информации. Направена е комбинација од квантитативните и квалитативните методи за следење и процена на корупцијата, меѓу кои и две анкети: со населението и со деловниот сектор. Извештајот содржи седум делови: ниво на корупција, политики, институции, судство, економија, граѓански сектор и меѓународна соработка. Во продолжение се изнесени клучните наоди за секој од овие делови.

 

Ниво на корупција. Корупцијата е рангирана како петти најголем проблем во државата (27,9%), после невработеноста, сиромаштијата, ниските приходи и високите цени (на повеќе претходни анкети, корупцијата беше меѓу првите три проблеми).

Индексот на распространетост на корупцијата е намален (на 5,9 од 6,8), но бидејќи се работи за индикатор на перцепции, може да се должи на помалото известување во медиумите.

Извештајот констатира дека е намалена подложноста на корупција (2,7 во однос на 3,1 и 3 порано), што значи наклонетост на граѓаните да прибегнат кон коруптивни практики при решавање приватни проблеми малку се намалила, иако коруптивниот притисок и вклученоста во корупцијата незначително се зголемиле во однос на 2001/2 кога е правена претходната ваква анкета. Интензитетот на коруптивниот притисок останал, иако со неколку битни реформи, значително е намален бројот на контакти на граѓаните со администрацијата (од 79% на 46%).

 

Во Македонија има високо ниво на свесност за корупцијата. Прифатливоста на корупцијата е малку зголемена (2,6 наспроти 2,4 во 2002 г.), но и натаму за мнозинството граѓани (55%) не е прифатлив ниту еден облик на корупција.

Конечно, висок е индексот за практична ефикасност на корупцијата (веројатност за вклучување во корупција, кој мери колку испитаниците ја гледаат корупцијата како ефикасно решение на нивните проблеми, односно дали корупцијата се исплаќа) и изнесува 5,3, иако е забележано намалување во споредба со 2002 г. кога изнесувал 6 индексни поени.

Има разлики меѓу перцепциите и искуството (виктимизација). Додека цариниците, судиите, министрите и даночните работници се перципирани како најкорумпирани, од друга страна професиите како лекари, локалните власти, полициските службеници и универзитетските професори се оние кои реално се најкорумпираните.

 

Политики за анти-корупција. Македонија има заокружена и релативно добра правна рамка за борба против корупцијата (вклучително и специјализиран закон за тоа). Државната програма за превенција и репресија на корупцијата (2011–2015 г.), како клучен документ за оваа област е изготвена во партиципативен процес и содржи 156 активности за адресирање на 51 идентификуван проблем/ризичен фактор.

Сепак, дел од тие мерки/активности не се соодветни на реалните потреби, а во одредени области се можни значителни подобрувања (пр. во делот Медиуми и граѓанско општество, ниедна од 14-те предвидени активности не е целосно завршена).

Како и во други области, клучен предизвик е подобрување на спроведувањето во пракса на анти-корупциските политики.

 

Институции и пракса. Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е специјализирана институција за борба против корупцијата. Не доволната присутноста во јавноста и значително намалениот број на пријави за корупција (не сметајќи ги изборите) до ДКСК во последните четири години, создаваат перцепција на намалена доверба.

И други државни институции имаат своја улога и надлежности во однос на корупцијата. МВР е клучна во откривањето на случаите, но исто така во превенцијата и репресијата значајни надлежности имаат и Државниот завод за ревизија, Управата за финансиско разузнавање, Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, итн. Судовите покажале половична ефикасност во процесирањето на случите за корупција (86 решени од вкупно 169 предмети во 2012 година).

Очигледно е дека очекувањата за резултатите во борбата против корупцијата се премногу насочени кон ДКСК, во споредба со другите институции. Ова особено што Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи и сл., располагаат со повисоки буџети и поголеми човечки капацитети, а нивната улога во борбата против корупцијата  не доаѓа до израз, иако имаат еднакво важна улога во целокупниот антикорупциски систем.

Отсуството на отворени податоци создава големи тешкотии при анализа на ефикасноста на институциите во борбата против корупцијата.

 

Правосудство. И покрај неколкуте измени на законската рамка во насока на зголемена независност и интегритет на судството, перцепцијата за висока корумпираност во правосудниот систем останува многу висока. Околу 74% од граѓаните сметаат дека судиите се корумпирани, додека 61% го мислат истото за јавните обвинители.

Ваквата перцепција на граѓаните се должи на неколку карактеристики на правосудниот систем. До 2011 година министерот за правда беше член на Судскиот совет со право на глас. По бројни критики и препораки во сегашниот состав на Судскиот совет, Министерот е член без право на глас. Овој факт е токму еден од показателите за постоечките врски на извршната власт со судскиот систем. Исто така, досегашната пракса укажува на редовно понискиот судски буџет од потребниот, што придонесува за засилување на влијанието врз судот и оди во насока на перцепцијата за голема зависност на судовите од властите. Граѓаните често се жалат за работата на судовите. Во 2012 година, Судскиот совет постапувал по 1686 претставки од граѓаните и правните лица. Меѓутоа, жалбите се однесуваат пред се на незадоволство од одлуката или на должината на постапката, а не толку многу на интегритетот на судиите или на коруптивни дејств            а.

 

Економија. Симулацијата за пресметка на годишната „цена“ за поткуп дадена од страна на бизнис заедницата изнесува 64 милиона евра. Тоа е 0,85 % од годишниот БДП на Македонија, според податоците за 2012 г.

Области и ситуации во кои најчесто се дава поткуп од страна на компаниите се: за време на инспекции од страна на државни институции, при добивање дозволи и лиценци и при добивање градежни дозволи.

Голем дел претставници од бизнис заедницата кои се сведоци на корупција не преземаат понатамошни дејства. Во исклучително мал број случаи (0,25%) тие поднеле тужба до судот.

Постоечките законски решенија и пред се праксата не се доволни за да осигураат транспарентен буџетски процес, и особено следење на трошење на јавните финансии. Ова е важно при анализирањето на распределбата на субвенциите, дотациите и сите трансфери од централно кон локално ниво и кон одредени области/сектори како земјоделство и сл.

Во сферата на јавните набавки се забележува тренд на раст на бројот на доделените средства преку преговарање без објавување на оглас. Ваквата постапка во 2013 г. беше користена за доделување на 11 % од вкупната вредност на јавните набавки (5.936.324.555 ден на 1.452 договори), за разлика од 2011 кога изнесувала 4%.

 

Граѓанското општество во одредени периоди одигра значајна улога во напорите за справување со корупцијата. Особено за истакнување е нивната иницијатива за формирање на Државната комисија за спречување на корупцијата во 2002 г.

 

Меѓутоа, во граѓанскиот сектор не продолжи да се развива дебатата за борбата против корупцијата и за улогата и капацитетите на граѓанските организации за борба против корупцијата со очекуваниот интензитет. Одредени поместувања од ваквата состојба има во изминатите две години во кои засилена е координацијата меѓу граѓанските организации во напорите здружено да придонесат во борбата против корупцијата.

 

Според перцепцијата на граѓаните, граѓанското општество е една од трите најмалку корумпирани области. Но истовремено, транспарентноста и отчетноста не се најсилната страна на граѓанските организации.“