Денешна дата
15/08/2020

Високи патарини за небезбедни автопати

Автопатот Скопје – Тетово е инвестиција направена од пред повеќе од 20 години, и оттогаш немаме ниту една инвестиција, а трошоците за одржување се толку мали што тие не ги оправдуваат високите цени

Македонија брои вкупно 10 наплатни места на своите автопати кои служат како извор за одржување на патиштата и нови инвестиции за да има поефикасно и поудобно патување за граѓаните на Македонија и разните посетители. Износот кој треба да го платат возачите на наплатните места за возила е различен.

На почетокот на јули, Владата донесе одлука да ги зголеми цените на патарините на наплатните места по автопатите, односно, одлучи да ги врати старите цени како што беа пред 2008-ма година. Тогашната влада одлучи да ги намали цените на патарините поради економската криза. Според владата, Македонија веќе не е во економска криза и поради тоа ги врати старите цени на патарините.

 

Оштетена патната инфраструктура

 

 

Со оглед на фактот дека состојбата на магистралните патишта во Македонија и не е во толку добра состојба, се наметнува логичното прашање: каде одат парите од плаќањето на патарина? За економскиот стандард на граѓаните на Република Македонија, патарината од 160 денари само на магистралниот пат Тетово – Скопје е многу висока.

elmi-aziri

Елми Азири

Магистралата Тетово – Скопје е пат со многу дупки. Инвестиции на овој  дел се направи пред 20 години и оттогаш не е реновиран воопшто асфалтот на овој пат. Истото може да се каже и за другите магистрални патишта во земјата, како што се: магистралата Тетово – Гостивар, каде што покрај лошата инфраструктура, браниците на автопатот се исто така во многу лоша состојба.

Граѓаните сметаат дека владата едноставно ги користи нив како и секогаш за да ги пополни своите економски потреби и дека парите што се собираат не се користат воопшто за одржување на патиштата.

Економистот Елми Азири вели за Inbox7 вели дека во економијата јавните услуги имаат едно непишано правило, бидејќи таксите се поставуваат до таа мера за да се покријат трошоците од реализирањето на овие услуги.

 

 

Несигурност на домашните автопати

 

“Сакам да истакнам дека ова непишано правило во нашиот случај не држи бидејќи на пример: автопатот Скопје – Тетово е инвестиција направено од пред повеќе од 20 години, и од тогаш немаме ниту една инвестиција, а трошоците за одржување се толку мали што не ги оправдуваат овие цени”.

Азири вели оти треба да се земе в предвид фактот дека патиштата се сметаат  за јавно добро и како такви не треба да бидат предмет на “строгите правилата на пазарот”, особено по периодот на поврат на нивните инвестиции.

robert

Роберт Несими

Роберт Несими оценува дека не треба да се посвети внимание само на зголемувањето на патарините на автопатите, туку во целост и на сите мерки кои Владата ги има преземено со цел да се полни државната каса, која по се изгледа  е празна.

“Несомнено патарините на магистралните патишта се дел од владиниот планот. Некои од мерките кои би ги издвоил се: Намалување на нивото на мали фирми поради исплатата на ДДВ-то од два милиони денари на еден милион денари. Плаќањето на придонесите и за хонорарната работа. Новиот долг од 500 милиони евра, земен предвреме и најпосле зголемувањето на акцизите за некои производи, како на пример за цигарите.

Зголемување на цените на патарините на автопатите, според Несими, треба да се гледа од еден многу едноставен аспект, а тоа според него е затоа што на владата и требаат пари.

“Ова е најлесниот начин државата да брцне во џебовите на граѓаните и приватниот сектор”, вели тој.

Но, Јавното претпријатие за државни патишта за Inbox7 истакна дека плаќањата на патарините се еден од изворите со кои се финансира годишната програма на Јавното претпријатие за државни патишта.

“Сите средства што се собираат од патарините се користат за изградба, реконструкција, реновирање, одржување и заштита на јавните патишта”. Но, граѓани всушност не мислам така. Тие велат дека се револтирани затоа што наидуваат на многу проблеми. “Јас не знам зашто ги плаќаме овие пари кога дупките на патиштата се повеќе се зголемуваат наместо да се намалуваат. На автопатите мора да возам цик-цак за да ги избегнувам искршените патишта за да не си го оштетам возилото”, вели граѓанинот Х. Б.

 

Каде одат средствата?

 

Но, во одговор на Јавното претпријатие за државни патишта се вели дека во текот на 2014 година, вклучувајќи го и септември, на автопатот Тетово – Гостивар, ЈП “Македонија Пат ” – Скопје, инвестираше во поставување на нова мрежа на браници во должина од 2.61м1 и за поправка на оштетената мрежа и нејзино покривање во должина од 1.860м.

“Јавното претпријатие за државни патишта ќе ги има во предвид финансиските средства за оваа намена и во годишната програма за 2015 година”.

А за реконструкција на патот Тетово – Гостивар, претпријатието соопшти дека преку ЈП “Македонија Пат” – Скопје, во рамките на редовното одржување во 2015 година ќе се преземат сите активности потребни за поправка на оштетените делови на автопатот Тетово – Гостивар.

Уредник: Селим Ибраими

bajrami@inbox7.mk