Денешна дата
25/10/2020

ЧЕПРЕГАНОВ: ИСТОРИЈАТА НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ СРЕДСТВО ЗА ПОДЕЛБИ

Да не беше 23 Октомври 1893, немаше да ги имаме ниту Илинден, ниту АСНОМ, вели во интервју за Инбокс7, универзитетскиот професор по историја Тодор Чепреганов и поранешен директор на Институтот за национална историја. „Најлошо е кога историјата ќе се исполитизира, а во одредени моменти тоа го прават политичарите – користат одредени историски теми кои го подигаат националниот набој кај одредени етнички заедници кај нас. Историјата не треба да биде средство со кое ќе се делиме. Историското национално битие се гради преку образованието, а ние и во образованието сме поделени“, вели Чепреганов

Да не беше 23 Октомври 1893, немаше да ги имаме ниту Илинден, ниту АСНОМ, вели во интервју за Инбокс7, универзитетскиот професор по историја Тодор Чепреганов и поранешен директор на Институтот за национална историја.

Според него заедничка прослава на Илинден со Бугарија е невозможна, зашто тие ни ја признаваат државата, но не ни го признаваат јазикот и нацијата. „До 1944 сме биле Бугари и потоа некој не довел овде и сме станале Македонци? Како е тоа можно“, прашува Чепреганов и додава дека секоја нација се создава низ долг историски процес, кој за нас започнал во 1893 и трае до денес.

Историјата е учител на животот, но за жал многу малку учиме од историјата, вели професорот Чепреганов.

CEPREGANOV I BILJANA

Најлошо е кога историјата ќе се исполитизира, а во одредени моменти тоа го прават политичарите – користат одредени историски теми кои го подигаат националниот набој кај одредени етнички заедници кај нас. Историјата не треба да биде средство со кое ќе се делиме. Историското национално битие се гради преку образованието, а ние и во образованието сме поделени“, вели Чепреганов. Не смета дека во учебниците се претерува со античкиот период но, потентира дека материјата е оптеретена со датуми и имиња. „Секој датум не е битен, битни се процесите“, вели професорот. Тој и самиот учествувал во создавањето на одредени учебници по историја и не крие дека на универзитетите има студенти дојдени од гимназија кои не ги знаат основните датуми од македонската историја. Чепреганов смета дека на проштадот Македонија има најмалку споменици од антиката и дека е добро што на плоштадот ја имаме целата историја на Македонија.

На прашањето на Инбокс7, дали Македонија може да го затвори прашањето околу името со Грција, Чепреганов вели: „Ние немаме проблем со името, има Грција. Името не сме го добиле на референдум и не може на референдум да се менува. Меѓународната заедница знае дека ние сме порозни, го сменивме Уставот, го сменивме знамето ќе го смениме и името. Сметам дека со промената на името ќе ја изгубиме и историјата и нацијата“.

stavrova@inbox7.mk