Денешна дата
21/09/2020

Македонските граѓани денгубат години, пари и нерви за приватизација на земјиште

Две, три, па дури и повеќе од пет години македонските граѓани губат во чекање да приватизираат државно земјиште. Кој е кочничарот во оваа постапка во надлежност на Управата за имотно – правни односи истражуваше Инбокс 7 -на самото место затекнавме граѓани што не знаеја кој пат да го фатат и каде и кому да се жалат за изгубените документи, време, пари, нерви…

Иако со години ги граделе своите домови вложувајќи ја целата своја заштеда, илјадници македонски семејства и фирми не можат да бидат свои на своето. Кочницата е во Управата за имотно-правни односи каде со години стојат предмети на граѓаните кои чекаат решение дека државното земјиште е легализирано со што сопствениците на земјиштето ќе можат слободно да располагаат. Интересот за приватизација на државно земјиште е голем затоа што цената изнесува едно евро за квадратен метар, но тоа не ја оправдува бавноста и неажурноста во работењето на кое ни се пожалија скопјани:
Уредно ги доставив сите документи потребни за приватизација на државното земјиште.Три години чекам да ми издадат решение. Во меѓувреме, општина Карпош го измени Деталниот урбанистички план (ДУП). Сега, од Управата ми бараат нов елаборат, а тоа значи дополнителни трошоци”, вели шеесет и двегодишен скопјанец кој екипата на Инбокс7 го сретна во канцелариите на Управата за имотно-правни работи.
Ништо полесно не им е ниту на битолчани, жители во станбениот комплекс на булеварот „1 Мај”. Немајќи друг излез тие морале и јавно да се пожалат.Тие својот проблем го објавиле и  на веб страницата на Владата, www.uslugi.gov.mk.
Пред околу една година како претседател на заедница на сопственици на станови поднесов барање до подрачното Министерство за финансии за откуп на државно земјиште. Службеничката ми одговори дека со последната тогашна измена не е потребно да се врши заедничко поднесување документи. Ми кажа дека државните служби по службена должност ќе поднесат до секој станар известување со кое секој независно, понатаму ќе ја проследи постапката. Но, оттогаш помина многу време, а немаме добиено никакво известување“, вели Т.Д. еден од претставниците на станарите во овој комплекс.
Предметите се чуваат во ходници

dokumenti1

Ваков метеж екипата на Инбокс 7 затекна во просториите на одделението на Управата за општина Карпош како и во она на општина Центар, кои во моментот на нашата обиколка се селеа во нови простории.

Инбокс 7 направи обиколка низ неколку подрачни единици на Управата за имотно-правни односи во Скопје, во кои затекна и такви кои предметите ги чуваат по ходници.

dokumenti2
Ајде тоа што чекав, но во тој лавиринт, ми загубија дел од документите. Бев принуден да ги вадам истите документи повторно. И секогаш кога ќе дојдев на шалтерите во управата, ми кажуваа дека до крајот на неделата ќе треба да добијам решение. Оваа голгота трае три години. Кој мене ќе ми ги плати трошоците што ги направив поради неажурното работење на службеничките ?”, вели педесет годишен скопјанец кој го затекнавме пред вратите на одделението на Управата за имотно-правни работи за општина Карпош.

karpos

Општина Карпош

 

Купишта документи за постапки во недоглед

 

Постапката за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост се покренува по барање на корисникот на градежното земјиште. Барањето за приватизација се поднесува до Управата за имотно-правни односи. Постапката е сложена, но граѓаните со кои разговаравме тврдат дека пред да заглават во надлежната Управа ги обезбедиле сите документи. И тоа барање кое треба да ги содржи основата на правото што се бара (приватизација без обврска за плаќање надомест, приватизација со обврска за плаќање надомест) како и начинот на плаќање на надоместокот.

centar-13-1

Кон барањето заинтересираните за приватизација на државното земјиште треба да приложат и доказ за идентификација на тој што бара приватизација (фотокопија од лична карта или патна исправа за физички лица), односно извод од соодветниот регистар за правни лица, правната основа, односно акт врз основа на кој е стекнато правото на користење на градежното земјиште за кое се однесува барањето за приватизација (закон, тапија, пресуда, договор, решение, одлука на надлежен државен орган), податоци за градежното земјиште (имотен лист од катастар, или поседовен лист на земјиштето). Барателот за приватизација во текот на постапката по барање на Управата за имотно-правни односи приложува и геодетски елаборат за нумеричките податоци за градежната парцела што треба да се приватизира“, пишува во Законот за приватизација на државното земјиште.
Управата за имотно-правни односи по службена должност е обврзана да обезбеди копија од катастарски план, уверение за историски преглед на извршените запишувања во катастарот на недвижности за земјиштето што се приватизира и извод од урбанистички план од општината каде што се наоѓа земјиштето.
Надлежните молчат

dokumenti5

 

Во потрагата на граѓанската правда и објаснување кој е кочничарот во обезбедувањето документација за приватизација на земјиштето и после сите обиди и барања за одговор наидовме на молк и во Управата за имотно правни односи каде директор е Зоран Крстановски и во одделението за односи со јавност при Министерството за финасии.

dokumenti4

Ниту по две недели чекање Инбокс7 не доби одговор  на прашањата – од што зависи должината на постапката за издавање на решенијата, зошто доаѓа до губење на предметите? Има ли недостиг на кадар за непречено извршување на обврските? Пренатрупана ли е Управата со предмети. Колку предмети годишно добиваат, колку од нив решаваат?

Уредник: Стојанка Митреска

opetceska@inbox7.mk