Денешна дата
30/05/2020

Арифи: Бараме казни за загадувачите на животната средина

Мислам дека се уште сме далеку од она што јас и мојата администрација го имаме поставено како таргет, како цел во однос на чистотата на градот, но сме многу подалеку од каде што започнавме пред година и пол

Инбокс7: Г-ѓа Арифи добре дојдовте, ви благодарам многу за овој разговор.

Арифи: Добар ден, ви благодарам и на вас за можноста, добре дојдовте во општина Тетово.

Инбокс7: Првото прашање што сакам да ви го поставам се однесува на загадувањето на градот Тетово, проблем кој ги засегаше граѓаните уште минатата година кога беше организиран еден протест од страна на граѓаните на Тетово за да изразат незадоволство од оваа појава. Знаете дека 31 октомври е крајниот рок кога фабриката Југохром мора да ги исполни еколошките стандарди, предвидени со потребниот систем. Иако ова е проблем на централната власт, вие како локална власт имате ли било каква стратегија за овој проблем, кој ги засега граѓаните со кои вие управувате?


Арифи:
Секако дека сме свесни и нормално дека сме загрижени за овој проблем, ние сме во постојан контакт со Министерството за животна средина, кое всушност би требало да биде извршител на оваа обврска, а од нашите контакти впечаток е дека министерството ќе се придржува до оваа дата која што е зацртана. Секако ние како општинска власт гледаме да ги преземеме нашите мерки што се во надлежност на општината во однос на намалувањето на загадувањето и се надевам дека намалувањето на емисиите на стакленичките гасови од страна на Југохром дефинитивно ќе ја промени целокупната животна средина кога е во прашање загадувањето на воздухот.

 

Намалувањето на емисиите на стакленички гасови од Југохром ја менува животната средина

 

Инбокс7: Во вашата предизборна платформа вие наведовте дека еден од клучните приоритети на вашата администрација ќе биде промена на Тетово од едно отпадно место во најбогато место во Македонија, но помина една година и нешто и градот продолжува да има голем проблем со отпадот. Имате ли конкретен план за долгорочно решавање на овој проблем?


Арифи:
Секако, но за вашите гледачи ќе треба уште еднаш да ве потсетам дека откога јас ја презедов градоначалничката функција, ние како администрација започнавме од позиција на град каде што покрај тоа што отпадот не се собираше, туку се палеше и на тој начин се создаваше дополнителен проблем за граѓаните на Тетово. Нормално, успеавме да го спречиме целосно овој процес и она што е вистина е дека сега отпадот се собира секоја вечер и нема палење на истиот, туку отпадот се носи во депонијата Русино. Би сакала да ве известам вас и граѓаните на Тетово дека општината Тетово од пред една и пол година откога ја презедов општината имаше само еден и пол камион за собирање на ѓубрето, бидејќи целата машинерија беше речиси уништена и вон употреба. Денес општина Тетово, базирајќи се на фискалните политики кои се позитивни и претпазливи, успеа да обезбеди 14 камиони за собирање на отпадот и како резултат на тоа имаме редовни собирање на отпадот. Колку што сум информирана, кога дојдовме во општина Тетово, улиците никогаш не беа миени, а ние правиме редовно миење и метење на улиците на градот. Само во текот на минатата година направивме чистење на речните корита и на каналите за наводнување, а во исто време ги зголемивме зелените површини, бидејќи сметаме дека тие даваат голем придонес за заштита од загадувањето. Дали е тоа доволно? За мене не, затоа што сметам дека сме се уште далеку од она што јас и мојата администрација го имаме поставено како таргет, како цел во однос на чистотата на градот, но сепак сме многу подалеку од каде што започнавме пред година и пол и во оваа пригода би сакала да ги повикам претставниците на медиумите, граѓаните, со целосна одговорност да се однесуваат кон животната средина, бидејќи овој град не ми припаѓа на мене, туку им припаѓа на сите и ако сакаме да се направиме град кој ќе дише како градот, тогаш секој од нас треба да сноси одговорност, а во меѓувреме ќе ги зајакнеме по сета оваа активност нашите инспекциски служби да се направи контрола, а зошто и да не се изречат казни во однос на загадувањето на животната средина.

Општината ја затеков во бедна состојба

 

Инбокс7: Го спомнавте загадувањето на воздухот, отпадот, а сега да се свртиме кон проблемот кој е многу стар и всушност секој градоначалник, кој ја преземал оваа функција имал проблемот да најде решение за него, значи за водата за пиење во Тетово. Тетово иако е град кој се протега на подножјето на Шар планина и има свои извори за вода, постојано има проблеми. Знам дека споменавте неколку пати дека имате проект за ова прашање, но постои ли можност уште еднаш да ни кажете до каде е фазата за имплементација за да се реши конечно овој проблем?


Арифи:
Со нашето доаѓање на чело на општината, исто така еден од големите правни проблеми на општината беше прашањето за немање на добар правен пристап во однос на пристапот до вода. Мојот пристап беше дека бидејќи се работи за капитален проект, ние за тоа треба да обезбедиме средства од државниот буџет, бидејќи со буџетски средства се решени проблеми низ целата земја и Тетово не би требало да биде исклучок. Како резултат на брзата реакција успеавме да ги собереме документите за повторно проектирање, значи со буџетот за 2014 година беа обезбедени 39 милиони денари, а останатиот дел ќе се обезбеди со буџетот за 2015 година, при што е предвидено да се затвори како план  и како концепт. Од она што го видов на лице место и од извештаите што ги добив на лице место, интензивно се работи и се користи времето. Според нашите предвидувања, проекцијата од 39 милиони денари ќе биде затворена во поглед на оваа година и ние имаме стратегија да се потрошат овие средства и да се продолжи со други средства. Во исто време, преку Европската инвестициона банка обезбедивме кредитна линија за линијата за филтрирање со оглед на фактот дека сегашното решение во однос на водата е тоа дека добиваме површинска вода од реката Студена Река, која треба да се филтрира. Според нашата проценка, во период од 15 месеци ќе треба да ја завршиме изработката на цевките и на станицата за филтрирање со цел граѓаните да немаат проблеми. Сакам да нагласам дека во рок од една и пол година направени се повеќе од 150 поправки за вода и оние поправки ни помогнаа да го задржиме стабилно нивото на водата за разлика од другите години. Покрај тоа што ни помогна климата, ни помогна и ова и јас сум многу задоволна што успеавме да го вратиме проектот на германската банка KFV за поставување на нови броила, кои исто така ќе го намалат неконтролираното трошење на водата од страна на граѓаните.

 

Инфраструктурата, водата и недостатокот на простор за движење во Тетово

Инбокс7: Уште еден проблем со кои се соочува нашиот град се улиците. Улиците, кои дури не е планирано да имаат толку многу возила колку што имаме. Имаме недостаток на паркинзи. Го започнавте иницијатива да се направат неколку  паркинг места со плаќање и застанавте со тоа, може ли да ни објасните зошто? Би сакале да ве прашаме дали имате намера да продолжите со таа иницијатива или имате конкретен план за тоа како да го решите проблемот со сообраќајот со се соочуваат граѓаните како во летната, така и во зимската сезона, кога се враќаат луѓето од странство, а исто така овој проблем го имаме и во текот на целата година.


Арифи:
Генерално мислам дека урбанистички проблем на градот е недостатокот на простор за движење на сите овие возила, но, исто така проблем е и нашиот општ менталитет дека сакаме да одиме секаде со автомобил и мислам дека тоа е голем проблем. Реално ние работиме во насока на решавање на проблемот со паркирање и решението ќе дојде во неколку фази. Прво со користење на постоечките паркинзи, проектот кој веќе го имаме изготвено и доставено до Министерството за внатрешни работи во врска со одредувањето на првата зона за паркирање, бидејќи според законот за сообраќај треба да доставиме проект до Министерството за внатрешни работи, со кој што ќе треба да ја одредиме првата зона, а потоа да се доредат и другите зони. Според информациите што ги имам, овој проект се смета дека ги надминува линиите, ги исполнува условите и нормално во понатаму во иднина ќе треба да се размислува за изградба на јавни паркинзи. Политиките на општина Тетово се дека ќе бидеме многу строги и всушност сме строги во однос на високите градби кога е во прашање планирањето на паркинзи, бидејќи она што се планира како паркинг, и треба пред техничка употреба да биде паркинг. Еден од проблемите кои ги има градот сега е тоа што сите високи градби, всушност немаат (освен некои мали исклучоци) предвидено паркинг, бидејќи логично е дека ако изградиш 40 станови треба да се размисли на тоа каде ќе се паркираат 40 автомобили. Реално, тоа е прашање кое размислуваме да го решиме во рок на мандатот секогаш со цел да се има олеснување во сообраќајот и создавање на можности за движење и со други сообраќај возила, а не само со автомобили.


Инбокс7: Еден мошне позитивен проект од ваша страна е инвестицијата на патот до бањата. Ако може да ни кажете нешто повеќе, знаеме дека е направен половина пат, што е следниот план? Дали се планира да се направи некоја друга инвестиција на овој дел кој што го користат многу граѓани и дали сте размислиле да ги забраните возилата да одат до водата, бидејќи тие ја загадуваат животната средина.


Арифи:
Секако дека ние интензивно работиме во поглед на патната инфраструктура во Тетово, а особено во околината на Тетово за која сметаме дека може да се користи за рекреација. И еден од нив, бидејќи се всушност неколку, е патот до Селце, патот до бањата и средствата со кои располагавме беа токму за тој простор кој ние го средувавме досега и се работеше согласност стандардот, на широки улици, со тротоари, со осветлување, значи со сите овие средства. Секако  ние ги изготвуваме апликациите за да дојдеме до средства и во 2015 година и секако спремни сме да учествуваме и со нашиот буџет со цел да го завршиме сето тоа за граѓаните да можат да се движат со разни сообраќајни средства. Размислувавме и на забрана на сообраќајот со возила, но мислам дека не треба да се преземе таков чекор се додека не завршиме со проектот за потоа во соработка со граѓаните да најдеме начини да имаат што помалку загадување, а што повеќе можности за движење на граѓаните.

 

 

 

Полова еднаквост


Инбокс7: Претпоследно прашање, задржувајќи се секогаш во рамките на општината, што прави г-ѓа Теута Арифи за зајакнување на тетовската жена, дали може да споделите со нас некој конкретен план.


Арифи:
Првенствено политиките на нашите кадри се политики кои го покажуваат вашиот пристап секако кон еднаквоста на жените. Можам да кажам дека во мојот раководен тим, жените се на важни позиции почнувајќи од секретарката на општината па се до другите подеднакво важни позиции. 40% од раководниот тим, кои се под надлежност на општината, како на пример директорите на училиштата, се жени затоа што јас верувам во нивната работа и верувам многу во правилниот пристап и сериозноста кон работа. Имаме некои други проекти кои што се однесуваат на жените. Едно е кога сме заедно и со поддршка од УСАИД за зајакнување на жените во претприемништвото во бизнис активностите, активности кои на еден или друг начин во светот им припаѓаат на мажите и ние сме подготвени да поддржуваме проекти со цел што повеќе жени да создаваат работни места. Исто така со УСАИД имаме уште еден проект во врска со жените од руралните средини, бидејќи сметаме дека нивното зајакнување е многу важно. Имаме поддржано и се уште сме заинтересирани да поддржиме еден центар за собирање на производи, особено планински бидејќи планински се производи кои што се собираат од тие жени и тој центар ќе им создаде финансиска стабилност. Нормално заедно со УНИЦЕФ започнавме една програма за деца на возраст од 3-5 години со цел да отвориме дневен центар во сите планински места, во Селце го завршивме и сега во останатите, со кои општина Тетово обезбедува вработување на лицата, а УНИЦЕФ го средува просторот и тоа им помага на жените да имаат повеќе време за местото. Исто така, успеавме да добиеме уште еден проект со ЕУ во врска со жените градоначалници, значи успеавме да направиме едно (вмрежување) поврзување на 6 други општини, кои се дел од ЕУ и други кои се кандидати за во ЕУ, со кои што исто така сакаме да направиме проекти кои што ќе се однесуваат на жените, а исто така сме во исчекување на одговор за еден проект од четвртата компонента на ЕУ во однос на вклученоста на жените.


Инбокс7:
Ви благодарам многу за вашите одговори и информации што ни ги дадовте. Имате ли некаква порака за оние што не следат

 

Арифи: Ви благодарам многу за можноста и би сакале да ги повикам сите граѓани да станат дел од нашите проекти, дел од нашите активности, бидејќи тоа се заеднички граѓански интереси и ние сите сме граѓани на една земја и важно е за сите нас на каков начин го живееме нашиот живот. Ние го отворивме и проектот за интервенција преку УНДП за искажување на барањата кон општината и секако секоја втора недела граѓаните имаат можност да се сретнат со својот  градоначалник и да ги изразат своите барања. Мислам дека медиумите треба да биде неразделив дел од нашата работа.

 

Уредник: Селим Ибраими

bajrami@inbox7.mk