Денешна дата
24/02/2020

Тетово со знаци за опасност по живот!

Остана само уште една недела до 31 октомври, кога фабриката

На магистралата Тетово – Скопје вчера беа забележани знаци “опасност по живот” во правец кон градот Тетово кои што се поставени под сообраќајните знаци.

foto-1

Мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање минатата година покажа присуство на РМ10 честици во Тетово од 234 микрограми на кубен метар, што ги вознемирени граѓани на овој град.

Еден од најголемите загадувачи во овој регион е токму фабриката “Југохром”, која работи без да ги исполни еколошките стандарди согласно со европските и владините стандарди.

Минатата година и во јануари 2014 година беа организирани протести против загадувањето на воздухот во Тетово, каде што демонстрантите побараа од надлежните власти да преземат соодветни мерки за да се спречи оваа појава. Ветувањето беше дека 1 април 2014 година ќе биде краен рок за фабриката “Југохром” да ги исполни еколошките услови или во спротивно ќе и се одземе лиценцата за работа, што секако не се случи и фабриката продолжува непрекинато да работи.

Ова ги принуди граѓаните на Тетово да се посомневаат дека новиот рок поставен од страна на Министерството за екологија 31 октомври 2014 година за исполнување на еколошките стандарди од страна на фабриката исто така нема да се испочитуваат.

Тетовските граѓани ја изгубија довербата во надлежните власти поради неисполнување на нивните ветувања и вчера на магистралата Тетово-Скопје беа забележани знаци “Опасност по живот” во правец кон Тетово кои беа поставени под сообраќајните знаци.

foto-2

Се уште не се знае кој е авторот на овие слики кои во знак на протест сакаа да ја изразат нивната загриженост во врска со овој проблем.

Остана само уште една недела до 31 октомври, кога фабриката “Југохром” ќе мора да ги исполни условите според европските еколошки стандарди или да престане да работи за да престане загадувањето на тетовските граѓани.

Дека Тетово има сериозен проблем со загадувањето на воздухот не е ништо ново за граѓаните од овој град, но и за цела Македонија. За масовното загадување на Полошкиот регион и градот Тетово пишуваа и медиумите од регионот, нагласувајќи дека Тетово иако е планинско место, се смета за најзагаден град во светот.

Уредник: Селим Ибраими

bajrami@inbox7.mk