Денешна дата
19/09/2020

ИНБОКС7 ДЕБАТА: ВЛАСТА ПОТВРДИ ДЕКА ПОЛОВИНА МИЛИОН ГРАЃАНИ СЕ ИСЕЛИЛЕ

Македонија е на второто место според младинска невработеност во Европската унија. Статистиката покажува 29% од високо образованите Македонци живеат надвор од својата матична држава. 85% од младите сакаат да студираат надвор, но и по враќањето во Македонија повторно заминуваат во странство. Што треба да се преземе? Ова беа прашањата чии одговори се бараа на дебата со наслов „Македонија без млади“ која во организација на онлајн списанието Инбокс7, Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија и Институт Либерална Алтернатива, вчера се одржа во ЕУ Инфо Центарот.

Debata Marjan Zabrzanec

Марјан Забрчанец

Марјан Забрчанец од невладината Младински образовен форум (МОФ), потсети на резултатите од последните истражувања: 45% од младите не ја гледаат својата иднина во Македонија, 60% од студентите во Македонија не ја гледаат својата иднина во државата.

 

Дури ни главниот град Скопје веќе не е атрактивен за младите од внатрешноста кои планираат да заминат надвор“, истакна Забрчанец, кој го цитираше професорот Слободан Унковски, „Ако сакаш некому да му посакаш нешто лошо посакај му да остане во Македонија“,  исказ кој предизвика широка јавна дебата на социјалните мрежи. Оттука и прашањето дали е патриотски да се остане во Македонија или е прагматично да се напушти?

Debata Agim Selmani ZIP

Агим Селмани

 

Агим Селмани од ЗИП Институтот, посведочи со својот личен пример како студент од европски факултет, кој како рече дека „во Македонија не може да се најде работа со Цирикулум витае (лична и професионална биографија)“.

 

Претставникот од Министерството за образование и наука, Бардил Туши се осврна на четирите фази на иселување од Македонија. „Првиот период е од 1945 до 60-тите години кога најголем дел од населението се иселувало во Турција. Втората фаза од 60-тите до 1975 бележи мигрирање во САД, а третата фаза до 90-тите напуштање на државата со цел привремена работа во странство. Македонија се наоѓа во четвртата фаза која е интензивирана после 2000 година, а започна од осамостојувањето која е специфична по иселување на високо образованата класа“, рече Бардул Туши.

 

Тој повикувајќи се на бројки од последниот попис од 2002 година, истакна дека 500.000 Македонци ја напуштиле државата, што претставува 22% од вкупниот број на населението.

Debata Bardulj Tushi MON

Бардул Туши

 

Сите панелисти беа согласни дека без точни бројки за тоа колку млади ја напуштиле државата не може да се гради стратегија за нивно враќање назад во татковината.

 

Загрижувачки е што последните години интелектуалната миграција се повеќе се интензивира. Владата на Република Македонија за да ги охрабри младите да се вратат по студиите во Македонија е во фаза на изработка на посебна стратегија за реализација на проекти преку кои ќе се создадат подобри услови за враќање на младите, како и поголемо активирање на Агенцијата за иселеништво, информираа од МОН.

 

Претставниците на невладините организации побараа тие да бидат вклучени во процесот на изготвување на стратегијата и со своите забелешки и податоци да придонесат кон поквалитетни одредби, бидејќи пред сè е важен контекстот во кој се носи стратегијата.

Debata Zlatko Simonovski CIKP

Дарко Симоновски

 

Дарко Симоновски од Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) презентираше дел од последните истражувања направени врз 120 студенти кои се вратиле од студии во странство и кои сега се соочуваат со предизвикот вработување и неизвесната иднина.

 

Најпрво се во шок, поради различните културни навики кои ги стекнале во земјата каде студирале, потоа проблемот со домувањето (во странство живееле во студентски дом или стан самостојно), потоа имаат ограничени можности за вработување и усовршување“, истакна Симоновски.

 

Според резултатите од истражувањето на ЦИКП, дури 95% од испитаниците одговориле дека по враќањето од студии во странство во својата земја не наишле на помош од ниту еден центар, потоа само 38% од нив започнале процес за нострификација на дипломите. Две третини од нив се вработиле, а една третина сè уште активно бараат работа и тоа најчесто во истражувачки центри, меѓународни и невладини организации.

Debata Beti Holandska

 

Повратниците, како што истакна Симоновски, во своите одговори посведочиле дека воопшто нема интерес за нивните знаења поради што се обесхрабрени и прифаќаат да работат за пониски плати. Причините за ваквата состојба според ова истражување е економската ситуација во државата, потоа политичката, како неможноста за понатамошна квалификација.

 

Сепак бројките велат дека речиси половина позитивно одговориле, а половина рекле дека не за задоволни од враќањето во Македонија. Нема точна бројка колкав процент од студентите надвор од Македонија се враќаат назад во татковината.

Debata Ljuljzim Haziri ADI

Лулзим Хазири

 

Лулзим Хазири од Асоцијацијата за демократска иницијатива истакна дека по 20 години криза надлежните мора да имаат поширок пристап за решавање на овој проблем. „Иселувањето на младите Албанци трае веќе три децении, колку ли само Албанци играат во странски фудбалски клубови, значи тие живеат во странство 2-3 поколенија. И покрај тоа што МОН дава стипендии на 200 престижни универзитети во светот, потребно е модернизација на нашето образование“, рече Хазири, кој праша зошто еден фудбалер не се враќа и не игра во Македонија.

 

Проблем за младите е партизацијата на општеството и лажниот патриотизам, рекоа присутните на дебата, кои посочија дека на интервју за работа во министерствата им било поставено и прашањето дали имаат партиска книшка. На што претставникот од министерството рече дека таквите ситуации не треба да се премолчуваат, туку за тоа да се известат медиумите.

stavrova@inbox7.mk