Денешна дата
01/12/2021

Сообраќајните казни најскапи за Македонците

Во Германија се плаќа двојно пониска казна за возење без сигурносен појас во споредба со Македонија. Австрија има високи глоби за возачите под дејство на алкохол, а во Хрватска најскапо е возењето без врзан појас

Македонските граѓани повторно се соочени со зголемување на казните. Владата подготвува измени на Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат засилување на казнената политика. Како е во другите земји и колкави казни плаќаат граѓаните истражуваше Инбокс 7. Се определивме да ги анализираме пред се најчестите сообраќајни прекршоци во земјите во регионот и во Европската унија.

444-Zoran Popovski

Зоран Поповски

Казнената политика во Македонија, е предмет на проучување на Зоран Поповски, претседателски кандидат на последните избори, во чија кампања значајно место заземаше оваа проблематика.

Последниве години се направи вистинска драконизација на казнената политика. Веројатно, целта е преку овој брутален казнен пендрек да се држат во психоза на страв граѓаните. Тоа е своевидна гаранција за  спокојно и долготрајно владеење“, вели Поповски.

Тој се залага за намалување на казните и предлага тие да се наплатуваат како процент од приходот, што го остварил прекршителот на законот во претходната година.

 

 

Македонија со најскапи просечни казни за надминување на дозволената брзина

 

Според законските одредби во Македонија за пречекорување на брзината од 10 километри на час над дозволеното ограничување се плаќа казна од 20 евра. За пречекорување на брзината  до 30 километри се плаќа 45 евра, пречекорување над 30 километри на час ќе ве чини 300 евра.

Димитар Ристов од Струмичко, кој неодамна бил казнет во Прилеп поради пречекорување на  дозволената брзина на возење реагира поради тоа што на патот немало соодветен сообраќаен знак, а сепак е соочен со висока казна.

„Вакви казни немало никогаш. Треба да платам 300 евра, за пребрзо возење, а никаде не видов знак каде има помало ограничување“, вели Ристов.

Тој работи во една конфекција и зема плата од 200 евра.

 Во следната табела може да видите колкави се казните за прекршок за брзо возење во дел од соседните земји и во дел од земјите од Европската унија. За попрегледно преставување се земени средни вредности од висината на казните.

Инаку, со новите законски измени, кои се во собраниска процедура, се предвидува и воведување казна од 500 евра доколку некој возач  ја пречекори ограничената брзина во населено место со над 50 километри на час.

 

Македонија и Хрватска со највисоки казни за возење без сигурносен појас

hrvatska policija

Интересно е искуството на нашиот печалбар Илија С. од Италија. Тој за еден ист сообраќаен прекршок во едно деноноќие бил казнет и во Хрватска и во Италија. Возењето без сигурносен појас, го олеснило за 121 евро.

„На пат од Македонија за Италија, во Хрватска ме фати сообраќајна полиција и ме казни со 71 евро зошто го немав врзано појасот. Кога влегов во Италија, застанав на една бензинска пумпа да пијам кафе и да се освежам. Подоцна  заборавив да го врзам сигурносниот појас, ме снимила камера на автопатот и за неколку дена ми дојде казна од 50 евра“, вели Илија.

Тој додава дека пред две години за истиот прекршок во Македонија платил 50 евра.

 

Високи глоби за возење под дејство на алкохол во Австрија и Македонија

Возењето под дејство на алкохол во различни земји различно е санкционирано. Според висината на глобата што треба да се плати, скоро цела просечна платата се издвојува во Македонија.

Казнувањето за возење под дејство на алкохол, во сите европски земји е скалесто. Кај нас казната за возење под дејство на алкохол се движи од 200 до 400 евра за непрофесионалните возачи, во зависност од количеството на алкохол во крвта.

Со новиот закон се зголемуваат казните за професионалните возачи кои ќе возат пијани. Новина во овој закон е што тие можат да бидат задржани во полициска станица додека да се отрезнат.

Највисоки казни за возење под дејство на алкохол во Европа има во Австрија. Таму глобата може да достигне и до 6.000 евра.

 

Уредник: Стојанка Митреска

lefkov@yahoo.com