Денешна дата
24/02/2020

Загадувањето е сериозно и канцерогено по здравјето на населението

Прашината што излегува од фабриката е штетна за белите дробови, кардиоваскуларниот систем, дијабетесот и ракот

коавтор: Орхан Цека

 

Тетовскиот регион веќе подолго време се соочува со проблеми од загадувањето на воздухот и веќе неколку пати беше прогласен за најзагаден во земјата. Еден од најголемите загадувачи на Тетово и тетовскиот регион е фабриката Југохром,  која работи со години во непогодни услови за место какво што е тетовскиот регион. Фабриката која се наоѓа на неколку километри од центарот на Тетово и многу блиску до селата во регионот, го загадува наголемо воздухот во регионот, не земајќи ги во предвид последиците предизвикани од загадувањето на фабриката, која работи без потребните филтри и кршејќи ги еколошките правила и стандарди, поставени од страна на Европската унија.
Македонската влада го постави 31 октомври како краен рок до кога оваа фабрика требаше да се опреми со потребните филтри, инаку фабриката требаше да се затвори. Фабриката “Југохром” не го испочитува тоа и продолжи со нормална работа и по 31 октомври, а владата наместо да ја затвори фабриката и го продолжи рокот за работа и за наредните две години, не земајќи ги во предвид многубројните последици што загадувањето на „Југохром“ му ги предизвикува на ова население. За тоа колку се сериозни болестите кои што ги предизвикува Југохром, за Inbox7 зборува професор Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје, кој предупредува дека доколку фабриката не ги постави филтрите што поскоро и не прекине целосно со работа, последиците за жителите од Тетово и околината ќе бидат фатални. Професорот Драган Ѓорѓев вели дека “Југохром” е индустрија која во голема мера ја загадува животната средина во тетовскиот регион и самите тетовчани. “Без оглед на тоа што фабриката работи со половина капацитет, секако гасовите кои ги исфрла се опасни за регионот на Тетово”. Професорот Ѓорѓев вели дека чадот кој излегува од фабриката “Југохром” содржи канцероген елемент, кој постои во овој регион повеќе од 15 години. “Прашината која излегува од фабриката е штетна за белите дробови, кардиоваскуларниот систем, а некои ја поврзуваат и со дијабетесот и нормално со болеста рак”.

Одлуката на владата фабриката Југохром да продолжи со работа и во наредните две години ги иритираше граѓаните на Тетово, односно организацијата “Eco Guerrilla”, која минатата година организираше протест против овој феномен, а во петок, со почеток во 13:00 часот организираат масовен протест против одлуката на владата. Барањата на движењето Eco Guerilla се следниве: 1. Владата да ја поништи скандалозната одлука да и дозволи на фабриката Југохром да работи уште две години, иако не исполни ниту една обврска за поставување на филтрите во роковите кои му беа дадени на овој комбинат. 2. Владата да донесе нова одлука со која ќе се нареди паузирање на загадувачкиот дел на Југохром во рок од шест месеци, период доволен за поставување на филтрите. Во овој период да се принуди Југохром да не отпушти ниту еден вработен од работа во овој комбинат. Во таа насока ги охрабруваме субвенциите или помош од страна на Владата – како за осигурување на работниците (нивното работно место), така и за поставување на филтрите. 3.Итно да се реши прашањето за дивите депонии во Полошкиот регион. Со ова прашање ќе се занимаваме поинтензивно откако ќе се реши проблемот со Југохром како најголем загадувач. 4. Бидејќи домаќинствата, исто така се сметаат за загадувачи на животната средина, бараме од Владата да ги субвенционира со 33%  сметките за електрична енергија во текот на грејната сезона, со цел да се намали употребата на огревни средства, како дрва и ќумур. 5. Владините и општинските инспекторати за заштита на животната средина да ги казнуваат согласно законите сите оние лица кои илегално палат гуми и други материјали во Тетово, Теарце, Желино, Јегуновце, Боговиње и Брвеница. Оваа појава е многу опасна за човековото здравје и треба во што поскоро време да се постават филтрите или фабриката да престане со работа, велат жителите од регионот.
Уредник: Селим Ибраими

bajrami@inbox7.mk