Денешна дата
26/11/2020

Масовен протест во Тетово: Стоп на канцерогеното загадување

Граѓани на Тетово и Гостивар, без разлика на нивната политичка, етничка, верска или друга припадност, денеска организираа масовен протест во Тетово за да го искажат нивниот револт против канцерогеното загадување.

1

Протестите кои ги организира движењето Еко Герила, беа иницирани по последната одлука на Владата да го и продолжи рокот на Југохром за уште две години за да ги исполни потребните еколошки стандарди.

10369595_10152739648042221_3933742494838436786_n

Според организаторите, Југохром е најголемиот загадувач за кој не барат затворање туку поставување на потребните филтери, додека најавуваат конкретни акции и против другите помали загадувачи.

3

„Ве повикувам сите да не ги оставаме на мира оние што ги гласавме, без разлика дали се во опозиција или позиција , општина или министерство – сите тие треба да сносат одговорност за судбината на овој град и на овие жители . Барајте од нив сериозно да му пристапат на решавањето на пробелемот„, рече Аријанит Џафери од Еко Герила.

2

4

 

5

6

 

7

8