Денешна дата
11/12/2018

Фондот за здравствено осигурување демантира со неточни податоци

Фондот за здравствено осигурување испрати демант и реакција на текстот „Македонија со најлоши услови за родилките во регионот“, објавен во он -лајн магазинот Инбокс 7 на 13 ноември. Со реакцијата и демантот беше испратена и табела од следниов извор: „ILO 2014, Maternity and paternity at work, Law and practice across the world“, наведен од Фондот за здравствено осигурување. Табелата која може да ја погледнете подолу содржи неколку неточни информации, а Фондот за здравствено осигурување сака токму со такви податоци да демантира текст објавен на Инбокс 7.

Земја број на недели процент на компензација
Хрватска 58 100% до 6 месеци, потоа паушал
Црна Гора 52 100%
БиХ 52 50% – 80%
Албанија 52 80%
Македонија 39 100%
Норвешка 35 85%
Бугарија 32 90%
Полска 26 100%
Србија 20 100%
Данска 18 100%
Финска 18 70%
Грција 17 100%
Канада 17 55%
Франција 16 100%
Холандија 16 100%
Шпанија 16 100%
Словенија 15 100%
Германија 14 100%
Шведска 14 80%
Велика Британија 14 80%
Извор: ILO 2014, Maternity and paternity at work, Law and practice across the world

 

 

Должина на породилното отсуство во Бугарија

 

Во табелата која ни ја испрати Фондот за здравствено осигурување е наведено дека во Бугарија должината на породилното отсуство е 32 недели или седум месеци. Во продолжение пренесуваме цитати од бугарските закони каде јасно се гледа дека породилното отсуство трае од12 месеци па нагоре.

31. Срок, за който се изплаща паричното обезщетение при бременност и раждане. Осигурената за общо заболяване и майчинство майка има право на парично обезщетение при бременност и раждане за срок 410 календарни дни, от които 45 дни преди раждането.“,

Превод на македонски:Осигурената мајка, за општо заболување и мајчинство има право на парично обештетување при бременост и раѓање во должина од 410 календарски денови, од кои 45 дена пред раѓањето“, се вели во Кодексот за социјално осигурување на Бугарија и Наредбата за исплаќање на паричните обештетувања и помош од државното општествено осигурување.

Извор: Национален осигурителен институт на Бугарија

 

„Секоја мајка во Бугарија има право на обештетување при раѓање во висина од 100% од платата која ја земала во првата година. Тоа обештетување се исплаќа за 410 календарски денови и тоа најрано може да започне на 45-тиот ден пред пораѓањето и уште 365 дена после раѓањето на детето. Доколку мајката не користи породилно отсуство пред раѓањето, нејзе и следува породилно отсуство по поднесувањето на барање за породилно отсуство, во траење од 365 дена“.

Во табелата што ја објавивме минатата недела направен е пропуст кај податоците за породилното во Бугарија – наведено е дека породилното отсуство трае девет месеци. Им се извинуваме на читателите поради оваа ненамерна грешка.

 

Неточни податоци и за Србија

 

Фондот за здравствено осигурување се обидува да демантира со неточни податоци и за Србија. Имено, во табелата каде што се споменува  Србија, пишува дека породилното отсуство кај нашиот северен сосед е 20 недели или 140 денови, што е сосема неточно.

Според српскиот закон за труд, во поглавје 5, член 94, јасно е наведено дека породилното отсуство трае 1 година или 12 месеци.

„5. Porodiljsko odsustvo i odsustvo sa rada radi nege deteta

Član 94

„Zaposlena žena ima pravo na odsustvo sa rada zbog trudnoće i porođaja (u daljem tekstu: porodiljsko odsustvo), kao i odsustvo sa rada radi nege deteta, u ukupnom trajanju od 365 dana. Zaposlena žena ima pravo da otpočne porodiljsko odsustvo na osnovu nalaza nadležnog zdravstvenog organa najranije 45 dana, a obavezno 28 dana pre vremena određenog za porođaj.

Превод на македонски: „Вработената жена има право на одсуство од работа поради бременост и раѓање (во продолжение: породилно отсуство) како и отсуство од работа поради нега на дете во вкупно времетраење од 365 дена. Вработената жена има право да го започне породилното отсуство, по наод на здравствените органи, најрано 45 дена пред породувањето, а задолжително 28 дена пред времето одредено за породување“, се наведува во српскиот закон за работа.

 Извор: Закон за работа на Србија

 

Невистинити податоци и за породилното во Словенија

 

Во табелата што ни ја испрати Фондот за здравствено осигурување се ставени невистинити податоци и за породилното отсуство во Словенија. Во таа табела е наведено дека породилното отсуство кај оваа алпска држава е 15 недели, што не е вистинито. Фондот за здравствено осигурување се обидува да манипулира со податоците на тој начин што го претставува само првиот дел од породилното отсуство во Словенија кое трае 3-4 месеци.

Според словенечките правни норми породилното отсуство се дели на два дела. Првиот дел е породилен одмор и трае три месеци.

„KOLIKO ČASA TRAJA PORODNIŠKI DOPUST IN KDAJ NASTOPI?

„Porodniški dopust traja 105 dni. Mati mora nastopiti porodniški dopust 28 dni pred predvidenim datumom poroda, ki ga določi ginekolog.“

Превод на македонски: Колку време трае породилниот одмор и кога започнува?

„Породилниот одмор трае 105 дена. Мајката мора да го започне породилниот одмор 28 дена пред очекуваниот датум за породување, кој е одреден од гиниколог“, се наведува во словенечкиот закон за работа.

Извор: Центар за социјални работи на Словенија

Овие 105 дена родилките примаат надоместок во висина од 100% од платата која ја земале. По завршувањето на тие 105 дена започнува втората фаза која се нарекува период за одгој на детето и трае 260 дена.

„KOLIKO ČASA TRAJA DOPUST ZA NEGO IN VARSTVO OTROKA?

„Dopust za nego in varstvo otroka traja praviloma 260 dni.“

Превод на македонски: Колку дена трае одморот за нега и за одгледување на детето?

„Одморот за нега и одгледување на детето трае по правило 260 денови“, се вели во словенечкиот закон за работа.

Извор: Центар за социјални работи на Словенија

Во оваа фаза од породилното отсуство родилките земаат 90% од просечната плата која ја примале 12 месеци пред да се породат. Парите им ги исплаќа словенечкото Министерство за труд, а се од буџетот на Република Словенија. Дополнителни 90 дена им следуваат на родилките кои на свет ќе донесат близнаци.

lefkov@yahoo.com