Денешна дата
26/11/2020

Поддршка за студентскиот марш

ДСП „Ленка“ во целост го поддржува Студентскиот марш кој ќе започне во Понеделник на 17.11.2014 година во 12:00 часот од Платото на УКИМ. Студентите преку неформалната студентска иницијатива „Студентски Пленум“ имаат легитимно право да ги одбранат Универзитетите од противуставното и противзаконско навлегување во нивната загарантирана автономија, со новите најавени реформи кои предвидуваат екстерно тестирање за студентите во втора и четврта година. Исто така сметаме дека од оваа реформа, покрај студентите се засегнати и професорите како научни работници, па во таа насока, би ги охрабриле општествените интелектуалци да бидат похрабри во спротиставувањето на овие негативни трендови во високото образование. Позитивен пример за ова е поддршката која студентите ја добија од МЕСО (Мултиетнички синдикат за образование), грански синдикат кој е дел од ССМ.

Покрај тоа, ги повикуваме студентите да истраат во нивните барања и преку својата  упорност да манифестираат како се гради автентично студентско движење во Македонија, кое во иднина ќе потегнува и други значајни прашања.

Би сакале да упатиме апел и до другите категории на граѓани кои не се студенти да се солидаризираат со студентската борба, бидејќи само здружено се прават промени кои би биле во корист на мнозинството.

Членови на ДСП Ленка ќе ја покажат својата солидарност и на дело, со присуство на самиот марш.

 

Скопје,

16.11.2014