Денешна дата
02/12/2020

КРЖАЛОВСКИ: ЛЕКАРИТЕ, ПРОФЕСОРИТЕ И ПОЛИЦАЈЦИТЕ СЕ НАЈКОРУМПИРАНИ

Нивото на корупција во македонското општество е на загрижувачко ниво. Според методогија која се применува во цела ЕУ, која ја мери не само перцепцијата, туку и реалното искуство на граѓаните, најкорумпирани професии се лекарите, професорите и полицајците, објаснува во интервју за Инбокс7, Александар Кржаловски, прв извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)

„Виктимолошката анализа покажува дека само ако корупцијата е помала од 5% може да се сузбие, а резултатите до истражувањето во сите области во државата покажуваат корумпираност над 5%“, вели Кржаловски, и додава дека треба уште многу да се работи за да се подобри сликата во Македонија.

Според него невладиниот сектор е потребно да се ослободи од зависноста од странските донации. „За да не мислат граѓаните дека сме „странски шпиони“ или застапници на странските интереси во Македонија, Владата да го отвори буџетот за невладините организации. УСАИД програмата и Швајцарската амбасада засега се најголемите подржувачи на невладиниот сектор, а актуелната власт се уште ги фанансира невладините од времето на социјализмот и тоа на нетранспарентен начин. А во исто време се поголем број донатори ја напуштаат Македонија“, смета првиот човек на МЦМС.

krzalovski i biljana

Што ново ќе донесе ЦИВИКА мобилитис прогрмата во следните четири години, за што ќе се потошат осум милиони швајцарски франци, Кржаловски вели дека програмата ќе биде отворан за сите граѓански организации, ќе вклучи 100 невладини организации, но ќе мора да се има балансиран пристап и по региони и по области за балансиран развој на граѓанското опшстество.

Последното истражување на МЦМС покажа опаѓање на нивото на проактивност на рганите на државната управа во комуникацијата со јавноста. „Огледало на владата треба да им даде фин бек на самите интитуциите како тие ги вклучуваат граѓанските организации при носењето на законите. Шарена е сликата по инистерства, од многу кооперативни (како министерството за труд и социјала, министерството за животна средина), до затворени. Но ниту една институција не доби одличен пет на вкупно ниво. Имавме три четворки и две единици“, рече Кржаловски.

На прашањето на Инбокс7,  зошто често невладините се назадоволни од финалните законски решенија и покрај тоа што биле вклучени процесот на изготвување, првиот човек на МЦМС е дециден:

„Прво треба да си ги расчистиме улогите. Политичките партии доаѓаат на власт да спроведат некоја политичка програма, а улогата на невладините е да укажуваат на стандардите кога се прават законите, да се применат искуствата кои веќе фукционираат во евроспките држави, но ние, како невладини не ги донесуваме одлуките, туку Владата и Парламентот. Така при носењето на Законот за дикриманиција две години работевме, но кога влезе во владина процедура драстично се скрати и нормално ние бевме незадоволни. Познат е ставот за сексуална оргиентација на ВМРО-ДПМНЕ кои се залагаат за семејни вредности за брак меѓу еден маж и една жена. Тоа во законот не е екплицитно решено додадени се некои други вредности. Кај нас сите објасти се заштитиени но сексуалната орниетација, во финанлното законско решение остана како дискриминација и по други основи. Тоа ќе значи постојана промена на законите, кое претставува губење на време но одговорноста е на тие што ги носат одлуки.“

Според Кржаловски Македонија има голема администрација, која според бројноста би треба да се одговори на сите прашања на граѓаните, а во исто време во другите земји се минимизира учеството на бирократизацијата во сите сегменти.

stavrova@inbox7.mk