Денешна дата
02/12/2020

ДИМУШЕВСКА: ИНСТИТУЦИИТЕ ПОТФРЛИЈА ВО ЗЛЕТОВО И ВО КАВАДАРЦИ

Министерството за труд и социјална политика не прифаќа средби со невладините, затоа нашите протести ќе продолжат секој 25-ти во месецот, најавува во интервју за Инбокс 7, Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жената и семејно насилство, која обединува 27 невладини организации

Димушевска истакнува, дека во последните два случаи во Кавадарци и во Злетово кога пријавувани за семејно насилство убија шест луѓе, потфрлиле ценатрите за социјани работи и полицијата.

Во случајот во Кавадарци имаше закани по живот и никој од институциите не обрнал внимание. За да се спречат ваквите трагични ситуации потребно е институциите да направат проценка на ризик од користење на тоа оружје“, вели таа.

За новиот владин предлог за одземање на оружјето на лицата, кои службено го поседуваат, Димушевска со препорака- треба да се прошири и на други лица кои имаат дозвола за поседување на оружје.

elena dimuseska i stavrova

Два од четири шелтер центри воопшто не работат, објаснува Димушевска по нивната опсервација на теренот. Таа алармира дека досега нема позитивен пример на жртва од семејно насилтво која по неколку месечен престој во шелтер центар започнала самостоен живот, бидејќи вработувањата се често привремени и со минимални приходи, активните мерки за вработување на жени жртви на насилство не вродиле со плод.

Сервисите се најважни, можеме да работитем на превенција, но потребно е и со децата да се работи, затоа што за нив остануваат две опции дали ќе пораснат во насилници или жртви, затоа министерствотото треба да обезбеди финансии за да се отворат шелтер центри“, истакнува извршната директорка на Националната мрежа против насилство врз жената и семејно насилство.

Бројот на пријавите е зголемен како резултат на кампањите кои придонесоа кон пријавување на семејното насилство.

Кога ги освестивме жените сега треба да бидеме спремни и да им помогнеме, вели Димушевска.

Невладините се незадоволни од новиот закон против семејно насилство кој ќе стапи во сила од први јануари 2015 година, бидејќи тој не содржи никакви финансиски апликации. Другата забелешка се високите казни од 2.500 – 5.000 евра кои пак, според Димушевска, значат, од една страна, дополнително оптеретување на буџетот на семејствата каде се случува насилството, а од друга страна, дека богатите ќе си ги плаќаат казните и ќе продлжат со малтретирањата.

Таа упатува критика и на законската одредба за исфрлање на сторителот од домот:

Не може да го исфрлите од домот без да му обезбедите каде ќе го сместите, тој ќе се врати и ќе убие“, предупредува Димушевска.

(целото интервју е во видеото)

stavrova@inbox7.mk