Денешна дата
18/02/2020

Се бараат гласови со етнички програми

Нејзината платформа ДУИ ја основа во три главни столба: интегрирање на Македонија во евроатланските структури, меѓуетнички односи и економски развој. ДПА преку нејзиниот политички договор бара одлуки со консензус и пропорционална распределба на буџетот. Аналитичарите мислат дека освен етничките прашања, треба да им се обрне внимание и на суштинските прашања на Албанците

И покрај тоа што поминале 23 години од самостојноста на Македонија и 12 години од потпишувањето на Рамковниот договор, партиите што ги застапуваат Албанците главно ги артикулираат колективните барања, кои се однесуваат на нивниот уставно-правен статус. Сите без исклучок ветуваат дека Албанците по изборите ќе живеат подобро.

Големи ветувања

Демократската унија за интеграција (ДУИ), партија која заедно со ВМРО- ДПМНЕ, беше дел од власта од 2008 година, нејзината програмска платформа за парламентарните избори ја основува три главни столба: интегрирање на Македонија во евроатланските структури, меѓуетнички односи и економски развој за сите граѓани. Вицепремиерот за европска интеграција Фатмир Бесими од ДУИ, вели дека платформата на ДУИ е конзистентен документ што ги вклучува барањата на граѓаните. Демократската партија на Албаниците (ДПА), пак, и на овие парламентарни и претседателски избори гласот на Албанците го бара преку “Политичкиот договор“, за чие спроведување бара посебен закон, каде би се предвидувале казнени мерки за непочитување и одолговлекување на одредбите од договорот. Преку овој документ ДПА најавува дека ќе бара целосна рамноправност и правично застапување на Албанците на системот. Според партијата на Тачи, функсионирањето на целиот државен систем би се основало врз принципот на целосен консензус. Од друга страна, ДУИ излегува со ставот дека приоритет останува интеграцијата, бидејќи “само со овој процес Албанците од регионот ќе бидат обединети а Балканот по стабилен. Ова лично го тврдеше лидерот на ДУИ, Али Ахмети во собирот во Слупчане – Општина Липково, во рамките на предизборната кампања.

И лидерот на ДПА, Мендух Тачи со став – интеграцијата нема алтернатива ако името не се реши за една година. Националната демократска преродба (НДП) на Руфи Османи (НДП) исто се залага за деблокирање на интеграциите на Македонија. Тоа, според Османи, се постигнува преку компромис за меѓународна употреба на државното име или преку моделот што се користи за Словенија и Хрватска.

Во планот на внатрешната политика, партиите на Албанците се уште дебатираат за официјалната употреба на албанскиот јазик. Програмските платформи на ДУИ и ДПА имаат заеднички точки и за функционирањето на државните институции. ДУИ настојува во иднина да има консензуален претседател со што ги бојкотира претседателските избори. А ДПА, пак, во нејзиниот договор бара нов закон за консензуално функсионирање на Владата. За време на предизборната кампања, токму од неговиот роден крај – Кичево, Ахмети побара една од трите главни државни фуункции.

Каузите на втор план

Од друга страна, познавачите на состојбите кај албанскиот политички кампус велат дека големите национални каузи на ДУИ, ДПА и на НДП се како резултат на немањето на политички понуди за конкретните проблеми и потреби на обичниот граѓанин.

BardhylБардул Заими е писател, аналитичар и набљудувач на предизборната кампања во Македонија. За него предизборната фаза непродуктивна и претставува анемично натпреварување без вистинска платформа и без визија за иднината на Албанците од Македонија.

Кај Албанците не се третираат круцијалните прашања, тие се спомнуваат површно без некаков посериозен и аргументиран пристап“, рече Заими за Инбокс7. Според него, позициите за суштинските теми на политичките партии на Албанците во оваа кампања се фолклорни, неартикулирани и без некоја политичка суштина.

Немаат реална визија во согласност со тие интереси за тие прашања, што ги застапуваат интересите на Албанците на Македонија“, наведува Заими.

Севдаил Демири, научен соработник во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците од Скопје (ИДКНАС), за Ибнокс7 вели дека во текот на оваа предизборна кампања кај албанските партии главно се забележува користењето на етничкиот елемент. Според него, само на со ваков пристап овие партии се убедени дека можат да ја добијат симпатијата на албанските гласачи. “Ова реторика кај партиите на Албанците ќе биде присутна се додека не се сметат како решени многу прашања на Албанците во Македонија кои се со етнички карактер“, вели Демири.

Тој нагласи дека разлика во овој аспект се забележува кај ДУИ, која освен етничките прашања, како приоритет ја има и интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ.

Интеграцијата е и дел од мотото на партијата на Ахмети за парламентарните избори: Заедно во Европа“, смета Демири.

Но, за аналитичарот Бардул Заими прашањето на интеграциите се спомнува само како еден небулозен слоган, без да се има фокус на конкретна агенда.

Прашањето со името повеќе се користи за мобилизација, а не до крај да се објасни неговата сложеност. Во ова прашање Албанците се немоќни да наметнат решение“, рече Заими.

Тој оцени дека се додека оваа кампања не истакнала ништо од реалната политичка димензија, ниту пак се елаборирани некои конкретни предлог-мерки за решавање на реалните проблеми на обичниот албански гласач.

Во контекст на дискурсот на програмските платформи на албанските партии, Заими забележува дека воопшто или симболично се дебатира за економијата, културата, образованието, социјалниот живот, кои всушност се главни проблеми на граѓаните. “Очигледно ова се должи на немањето на конкретни политички понуди“, додава Заими.

SevdailЗа Севдаил Демири, економските, социјалните, образовните и здравствените прашање се споредни бидејќи како кај албанскиот така и кај македонскиот блок, приоритет имаат големите политички проблеми.

Но, што е тоа што треба да се измени во програмскиот пристап на албанските партии?

Демири и Заими сметаат дека на место на празните ветувања, албанските политички партии треба што поскоро да ги затворат етничките прашања и да се насочат сериозно во економскиот развој за да отворат нови работни места, фабрики. Според нив, ваквиот дискурс и овие програмски определби треба да се надградат со идеи, проекти, стопански и општествени визии што кај албанските гласачи реално ќе донесат позитивни измени.

Уредник: Селим Ибраими

Преведе: Љулјета Адеми 

tahiri@inbox7.mk