Денешна дата
21/09/2017

Ерхард Бусек: Македонија се подалеку од европската интеграција

ИНБОКС7: Неодамна учествувавте на Форумот за медиумите во Југоисточна Европа кој се одржа во октомври оваа година во Скопје, фокусиран на ситуацијата со медиумите, помеѓу другите и во Македонија. Кои се вашите впечатоци во однос на ситуацијата со медиумите во Македонија?

 

Бусек: Ситуацијата со медиумите е засенета од страна на отворените политички проблеми на Македонија, особено проблемот со името. Исто така, може да се забележи одалечување од процесот на европска интеграција, што е разбирливо со оглед на долгиот пат кој треба да се изоди. Мислам дека треба да има поотворена дискусија за положбата на Македонија во регионот и за она што е направено точно и погрешно.

Busek1

 

ИНБОКС7: Имајќи го предвид вашето сегашно и претходно познавање како експерт за југоисточна Европа, дали имате оптимистичко мислење за интеграцијата на земјите од Балканот кои се стремат да станат дел од ЕУ семејството?

 

Бусек: Јас мислам дека е грешка да имаме негативен впечаток од изјавата на Жан Клод Јункер за пет години без проширување. Причината е што земјите од регионот можат да направат сè да го изведат потребниот процес на трансформација, кој во многу случаи е под она што е навистина неопходно. Доколку се постигнат резултатите и се следат принципите на ЕУ, никој не може да ги одбие земјите од југоисточна Европа во ЕУ. Јас имам оптимистички гледишта дека Балканот ќе стане дел од ЕУ семејството, бидејќи општата политичка ситуација ја притиска интеграцијата да ја стабилизира Европа кон другите делови на соседството.

 

ИНБОКС7: Неодамна во македонската јавност се појавија нови документи со нов предлог за прашањето со името ,,Горна Република Македонија, наводно од страна на медијаторот Нимиц. Владата негираше дека има напредок во проблемот со името. Дали сте оптимист дека проблемот со името ќе се реши во блиска иднина

 

Бусек: Јас сум свесен за коментарите на медијаторот Нимиц, но и за коментарите на премиерот Груевски кон мене дека нема напредок на темата. Јас многу се борам, при секоја можност со земјите членки на ЕУ, за тие да ги притиснат обете земји (Македонија и Грција) со цел да се дојде до решение. Ако тоа не може да се реши, како можеме да решиме други проблеми од поголема важност?

 

ИНБОКС7: Според вас, дали Косово е дел од проблемот или решение за понатамошна демократизација и напредок на државите околу него?

busek3

 

Бусек: Косово не е проблем и решение за понатамошна демократизација на напредокот на ссоедните држави. Проблемот помеѓу Косово и Србија е посебен. Мислам дека не треба да се направи грешка Косово да се употреби за други политички активности. На Косово мора да се направи демократизација, но и во државите околу него.

 

ИНБОКС7: Во регионот сè уште постои страв од можно ширење на ИСИС во овој дел од светот. Дали верувате дека терористичките напади на религиозна основа можат да се префрлат и на Балканот?

 

Бусек: Терористички напади на религиозна основа може да се префрлат секаде, не само на Балканот. Затоа е неопходно, од безбедносни причини, да се внимава. Ова не е работа само на владите. Мислам дека е тоа задача на другите религии и воопшто на демократското и хуманистичко образование.

 

Во Австрија универзитетите се автономни при проверка на знаењето на студентите и тоа е најдобриот начин

 

ИНБОКС7:  Вие сте добро познат како важен реформатор на австриските универзитети. Во моментов во Македонија постои огромно незадоволство заради обидот на македонската влада да воведе систем на државен испит за проверка на знаењето по втората и четвртата година на студиите. Студентите одржаа протести. Каков е системот на проверка на знаењето на австриските универзитети и дали верувате дека ова е најдобриот начин за подобар образовен систем?

 

Бусек: Во Австрија универзитетите се автономни при проверка на знаењето на студентите. Јас мислам дека тоа е најдобриот начин. Може да се помогне преку споредба со универзитетите во соседните држави или цела Европа. Болоњскиот систем е на извесен начин многу корисен и може исто така да помогне за подобар образовен систем. Конкуренцијата со други универзитетски системи во Европа е особено корисна бидејќи можете да воочите јаки страни и слабости на вашиот систем. Многу е важно тоа да се направи, инаку ќе изгубите талентирани студенти во другите делови на Европа.

Оставете коментар

Коментар(и)