Денешна дата
25/10/2020

САМОРЕГУЛАЦИЈА НА МЕДИУМСКАТА СФЕРА – ПРЕДИЗВИЦИ И ОЧЕКУВАЊА

Саморегулацијата е започната тој процес ќе ги покаже своите добри и лоши страно но, тое не е доволно за да се подобри ситуацијата. Светот не се движи кон информации, туку оди кон анализа и истражувања. Во Македонија постои елементарен недостиг на информирање, имаме цела една изгубена генерација на новинари кои мислат дек се развиле во новинари, а биле само трансмитери, ова се дел од забелешките изнесени на денешната дебата на тема Саморегулација на медиумската сфера – предизвици и очекувања, која денеска се водеше меѓу новинарите, претставници од синдикатот, Советот за етика и Агенцијата за Агенција за аудио и аудиовизуелни услуги во ЕУ инфо Цнетарот, која ја организираше порталот за истражувачко новинарство Инбокс7.мк

„Во моментов медиумскиот простор се соочува со многу тешки проблеми од професионална и политичка природа. Првиот чекор е основање на Советот за етика, Комисијата за жалби и поплаки. Оценката е дека сепак нешто се движи, но не многу брзо. Треба да се направи јасна динстинкција помеѓу оние кои се новинари и оние кои не се новинари.

kate sinadinovska

Треба да се одреди дали еден новинар информира или коментира, дали врши пропаганда, дали брка свои интереси или го штити јавниот интерес“, истакна пред присутните Сефер Тахири, новинар и универзитетски професор.

Според него имаме закон за медиуми кој не се почитува воопшто, а за ситуацијата сме сите виновски, бидејќи македонските медиуми не ја исполнуваат својата основна задача.

Новинарот Александар Чомовски истакна дека во услови на нетранспарентна власт и опозиција со инфантилно однесување тешко дека медиумите може да ја спроведат саморегулацијата. Според него во медиумското милје во Македонија се движи од лажни информации до прекрасни новинарски истражувања.

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, Зоран Трајчевски оцени дека има некое подобрување во медиумската сфера  со однос на минатата година. Сепак новинарите не треба да очекуваат дека некој друг ќе им ја заврши нивната работа.

trajcevski

Ние како иституција работиме на проект за корегулација помеѓу Агенцијата за визуелни услуги со телевизиите и како трета страна маркетинг агенциите. Кај порталите е потребно да се има обавезно импресум и да се знаат авторите на текстовите“, истакна Трајчевски.

Оваа негона констатација предизвика бурни рекции од претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани.

Значи не е идејата да се воспостави ред, туку контрола, возврати тој, со саморегулацијата ние сакаме да прифатиме за нашите прекршоци да ни суди колегата, а тука некој сака институциите државни тоа да го прават. Зошто се залагаме за саморегулација, затоа што и ние  ја прифаќаме одговорноста за сето ова што ни се случува, но ние не можеме да ја преземеме вашата одговрност“, рече Селмани.

Тој истакна дека Агенцијата троши јавни пари и не ни кажуваат зошто ги троши и како ги финансираат медиумите. Зошто не ги финансирате локалните медиуми кои имаат страшни проблеми, зошто не им помогне на печатените медиуми. Зошто не организираме дебата за МТВ, ЕУ во извештајот напиша дека не функционира како треба, зошто не дебатираме за владините реклами, праша првиот човек на ЗНМ.

 

Претседателката на Советот за етика, Катерина Синадиновска, кој официјално функционира еден месец истакна дека за нивното тело е прифатливо спроведување и на корегулација и се што опфаќа самореулација, прифаќаме дека повеќе не треба да ни се меша државата, рече таа.

Еден месец сме оператибилни, постоиме, седум луѓе на своја сметка се обучувавме, ја формиравме комисијата за жалби во која има претставници на НВО, сопственици на медиуми и новинари. Десетина претставки веќе добивме, за прекршени стандарди во печатаените или електронските медиуми. Примаме коментари од воодушевување до остра критика“, рече на дебата Синадиновска. Таа информираше дека Советот како главна алатка при својата проценка го користи постоечкиот Кодекс на етика на новинарите и дека постои идеја за негово усовршување. Најчесто претставките се однесуваат на говор на омраза, пропаганда, лаги, недостаток на втора страна во текстот. Советот, појасни таа нема мандат за санкции, тука тоа е една етичка опомена за медиумот.

Синдикалниот претставник Драган Антоновски праша: Дали е можен етички кодекс во услови на атрофирани општествени стандарди? „Имаме форма немаме суштина, имаме синдикат кој неможе да им помогне на новинарте, имаме демократија а немама медиуми. Не ја гледам логиката во финансирање на истражувачки стории и нивно објавување на интернет портали, тоа е како да вежбата еден голгетер совршено да дава голови, а никогаш не го пушташтате на натпревар. Во истовреме на телевизиите нема новинарство“, забележа Антоновски.

Саморегулциата не е измислена во Македонија. Тоа еден концепт кој мораме да го спроведиме и во Македонија“, истакна унивезитетскиот професор и новинар Сефер Тахири кој директно му се обрати на директорот на Агенцијата, Трајчевски и го праша како таа институција се грижи за развој на плурализмот во општеството.

Мислам дека доаѓате тука ни зборувате за регулација на интернет просторот, вие на понижувате. Агенцијата е независна институција, отчет давате пред Собранието, а треба пред јавноста, пред тие што ве плаќаат, ние ја плаќаме радио-дифузната такса, а вие држите  седници затворени за јавност и ни малку не се обидувате да промовирате јавен систем на работење. Знам дека сте политички определен и доаѓате од политичка партија и како таков не можете да регулирате медиуми. Дали е точно дека тие ТВ новелите кои се синхронизирани на македонски јазик ги сметатте за програми со домашна продукција“, упати прашање Тахири до Трајчевски.

Прозваниот одговори дека за сериите податокот не е точен и дека Тахири не е информиран и дека зборува воден од некои лични фрустрации.

dragan antonovski

Тогаш во дебата од публиката се вмеша претседателот на ЗНМ Насер Селмани и го замоли Трајчевски да не користи говор на омраза и да не дели навреди како што тоа го правел и при разговорите со нив.

Трајчевски транспарентноста на Агенцијата ја оправда со интернет порталот каде биле објавувани сите информации.

Одговорност од агенцијата за преплавеноста на телевизискиот медиумски простор со странски серии побара и синдикалецот Драган Антоновски. На што Трајчевски објасни дека секоја телевизија си ја уредува својата програма, а законската обврска вели дека мора да имаат 20 часа играна програма и 10 часа информативна сопствена продукција на годишно ниво. Тој истакна дека освен МТВ сите телевизии ќе бидат од општ забавен формат.

sengers

На крајот на дебата Лук Сенгерс, новинар и универзитетски професор од Холандија даде свое видување на работите. „Додека ние зборуваме за стандарди младите се ентузијастични и полни со надеж. Ова е важна дебата, се прашвам зошто да немаме ваква дебата во Холандија. Сепак, кај нас нема регулатива никаква или саморегулатива. Стандардите на новинарите се премногу високи. Доколку професионализмот е правилен доволно е луѓето кои работат да бидат професионални како што треба – тоа е регулацијата. Има и лоши медиуми… Имаме и Совет на етика, секој редакција и медиум мора да ги почитува кодексот на однесување. Во САД се загрижени за професионалните стандарди, а првата одговорност е одговорноста пред јавноста, сите останати стандарди произлегуваат од ова и вие сте обврзани од јавноста и се мора да се заснова на ова начело“, рече Сенгерс.

stavrova@inbox7.mk