Денешна дата
21/03/2023

Промоција на прирачникот „Истражување врз основа на постоечка приказна-Прирачник за новинари истражувачи“

Промотор на книгата „Истражување врз основа на постоечка приказна“, прирачник за истражувачки новнари беше еден од авторите Лук Сендерс.

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија со дозвола од УНЕСКО го објави овој прирачник, којшто како што рче Александар Божиновски е наменет за сите новинари и оние кои сакаат да истражуваат.

This slideshow requires JavaScript.

„Ќе биде литерура на нашиот центар за сите кои ќе работат или волонтираат како млади новинари“, рече Божиновски од СКУП.

На промоцијата која се одржа на Правнит факултет во Скопје пред студентите по новинарство, беа присутни и претставници поддржувачите – Американската амбасада.

„Среќна сум што сум тука токму на Свети Никола. Го славиме објавувањето на публикацијата на македонски и албански јазик, благодарение на напорната работата на СКУП. Ние ја поддржавме нивната напорна работа која резултираше со издавање на овој прирачник за истражувачко новинарство. Првиот чекор е објавувањето на албански и македонски јазик, а вториот вие да го земете во вашите раце и да го применувате“, истакна Валери Колби, Американската амбасада.

Професорката, Јасна Бачевска го оцени прирачникот како многу важен. „Едноставен и важен кој ние ќе го користиме како дополнителна литература и тоа не само по предметот истражувачко новинарство туку и преку целите студии“, рече Бачевска.

Авторот Лук Сендерс од Холандија најпрво ги праша студентите: Зошто сме овде? Завршивте ли со испитите? Дали се досадни?

„Прирачникот „Истражување врз основа на постоечка приказна“ е многу важен, него може да го читате дома и овој припарчник ќе ве води чекор по чекор низ доброто новинарско истражување и ќе ви помогне да се станете добар репортер“, рече Сендерс.

Тој пред публиката – млади идни новинари рече дека му е сосема јасно како емоционално присихички се чувствуваат зашто и тој пред повеќе години бил во истата положба.

„Можеби се плашите да започните истражување. Оваа книга ќе ви даде практични техники и информации, почнувајќи од планот за почеток на истражувањето, до финалниот продукт. Значи, Го земате дома и читате“, рече Сендерс.

„Првото правило пред истрагата да започне е една реченица, која објаснува зошто започнувате истрага, често тоа се само неколку зборови“, рече Сендерс, тој преку примерот на водата за пиење која поради пластичните цевки содржуи хемикалии, студентите преку целиот процес на новинарското истажување.

Според Сендерс, главната работа на новинарите е постојано да поставуваат прашања, на пример новинар од еден американски медиум велел дека ако мајкати ти рече дека те сака, тогаш ти провери го тоа.

Етапите низ кои што треба секој новинар да го види истражувањете е да се обебедат одговри на неколку клучни прашања: Кој јас ќе го истражувам, не што? Каде е кофликтот? Како да се биде уникатна? Каде да обезбедам факти?

„Но се уште не ги знеме сите факти, затоа јавувајте се преку телефон, разговарајте со новинари- користетја фантазијата. На празен лист хартија напишете- Јас мислам. И Чарлс Дарвин не знаел до каде ќе стигне кога започнал да фаќа белешки за првпат“, истакна авторот на прирачникот „Истражување врз основа на постоечка приказна“, Лук Сендерс.

После поставување на хипотезата и подготовката на сценариото, се преминува на тајмлајнот, односно хронолошки распоред на приоритетите, ова се само дел од корисните совети кои може да се најдат во прирачникот.

Овој прирачник за истражувачки новинари од денеска е достапен на сите студенти, кои можат да го обезбедат во библиотеките на Правниот факултет во Скопје, на македонски и албански јазик, како на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“.

stavrova@inbox7.mk