Денешна дата
02/12/2020

Студентски пленум: Зошто треба да се бориш со нас?

(ПРОТЕСТ, 26 декември, 14.00часот, Технички факултет Битола)

 

Образованието низ годините се трансформираше во фабрика, во која што ние пополнуваме квоти и норми, трчајќи од еден до друг шалтер, мотајќи се низ лавиринтите на бирократијата – од уплатница, до уплатница.

На партиските структури не им одговара квалитетно образование. За нив сме бројки и индекси што треба да потклекнат на догматизмот како идни послушници и полтрони. Секој што размислува критички – го стигматизираат и етикетираат како неподобен. Нè научија дека „наведната глава – сабја не сече“ и се влечкавме како мекотели по ходниците од факултетите и училиштата.

Редно е да ги исправиме главите и да се избориме за нашето утре!

Наместо потиштеност, апатија и аполитичност – младите треба да носат оган во нив. Да пламнат и да ги изгорат догматизмот, послушноста и конформизмот. Да се издигнеме од пепелта на урнатините што сакаат да ги остават зад себе!

Стравот – влади чува! Владите треба да се плашат од нас, наместо ние од нив. Која и да е. Оваа, претходните… наредните.

Ние сакаме општество на слободни луѓе, тие сакаат збирштина безрбетници. И тука – нема компромис!“ – велеше Никола Младенов.

Ние немаме резервно образование. Немаме резервна иднина!
Бори се со нас!

Петок (26.12.2014), во 14:00 часот – пред Технички факултет, започнува протестотот на студентите, средношколците, работниците и работничките, родителите, професорите и професорките… започнува протестот на општествено одговорните!