Денешна дата
24/11/2017

Студентите повторно кажаа „НЕ“ за државниот испит

Стотици студенти и граѓани, вчера, повторно протестираа пред Владата, во знак на револт поради најавените законски измени за воведување на државен испит на факултетите. „Нема правда, нема мир“ извикуваа студентите, поддржани од универзитетски професори, претставници на невладини организации, средношколци, како и граѓани кои дојдоа пред зградата на Владата да им дадат поддршка. Наспроти очекувањата, протестот овој пат не беше толку масовен. Дел од учесниците на протестот објаснија дека, наводно, големата масовност отсуствува поради студеното време.

This slideshow requires JavaScript.

„Ние сакаме и бараме корисни реформи, поддржани и подложни на анализи и јавна дебата. Ние бараме добри реформи, стоп за лошите реформи“, изјавија претставниците на Студентскиот пленум, за време на протестот.

Додека траеше протестот, во Владата имаше Отворен ден, каде граѓаните можеа да дојдат и директно да се сретнат со министрите.

Инаку, непосредно пред протестот, се формираше „Професорски пленум“, а професорите ја објавија одлуката на Ректорската управа, со која побараа одлагање на измените во образованието.

Оставете коментар

Коментар(и)