Денешна дата
26/10/2020

Професорите и студентите најавуваат граѓанска непослушност поради државниот испит

Универзитетски професори и студенти се собраа денеска пред зградата на републичкото Собрание каде организираа Отворено заседание на Професорскиот и Студентскиот пленум. Тие упатија порака до пратениците да не ги усвојуваат предложените измени во високото образование, кои денеска треба да се разгледуваат во законодавниот дом. Професорите најавија граѓанска непослушност доколку не се слушне нивниот глас.

This slideshow requires JavaScript.

„Ве повикуваме да го примените основното начело на демократијата и да го сослушате гласот на засегнатите страни. Ве повикуваме да не ги донесувате овие предложени измени со кои се воведува концептот на државен испит каков што не познава ниедна цивилизирана држава и кој задира во автономијата на универзитетите“, изјави професорот Владимир Мартиноски, читајќи го писмото кое професорите планираа да го достават до пратениците. Тој, како и неговата колешка Билјана Ванковска најавија дека ќе продолжат со граѓанскиот отпор.

„Денес сме принудени да стоиме овде. Се надеваме дека пратениците ќе не слушнат. Ние имаме поширока агенда и планираме да опстанеме тука“, порача Ванковска пред Собранието.