Денешна дата
18/11/2019

Се празни Македонија, се бега од сиромаштијата

Експертите тврдат дека масовна миграција се случува и во Македонија, особено на младите образовани луѓе, а главната причина за напуштање на домовите е сиромаштијата. Според последните податоци на Светската банка, 9,1% од граѓаните во Македонија живеат со помалку од 2 долари на ден

Луѓето се иселуваат, бидејќи бараат решенија. Одат онаму каде што можат да најдат работа и да обезбедат подостоинствен живот за себе и за своето семејство, велат експертите во Скопје. Жителите на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја тука и Македонија, мигрираат кон земјите од Европската унија (ЕУ).

Овој феномен ја зафати не само Македонија, туку и Косово. Во последниве денови најчестите телевизиски глетки во Косово се “реки” од луѓе кои тргнуваат кон Европа, длабоко разочарани од владата, но со надеж дека Западот ќе им донесе подобар живот во иднина. Куштрим Садику, новинар на телевизијата Клан Косова, за Инбокс 7 вели дека владата и другите институции на Косово не објавиле некоја точна бројка на Косоварите, кои ја бараат својата среќа во земјите на Европската унија, како бегалци или лица кои бараат азил. Меѓутоа, според него, она што се знае е дека постојат делумни податоци, кои јасно ја покажуваат тенденцијата на зголемувањето на бројот на оние кои го гледаат азилот како единствена надеж, иако истиот тешко дека ќе го добие некој Косовар.

 

kushtrim-sadiku

Податоците на Еуростат и УНХЦР, објавуваат бројка од 23 илјади Косовари, кои се пристигнати во земјите од ЕУ и аплицирале за азил. Бројката 23 илјади фигурираше до месец септември, без да се смета на големиот прилив во ноември и во декември 2014 година. Па дури и ако се знае дека овие податоци не се конечни, оваа бројка е поголема од 2013 година за повеќе од 3000 лица. Трендот на зголемување на бројот на косовски азиланти се појавува и во извештајот на Федералниот завод за миграција и бегалци во Германија, каде само во текот на ноември се пријавиле 1306 Косовари за да добијат статус на азиланти“, рече Садику.

Светска банка: 447 илјади жители живеат надвор од Македонија

Драган Тевдовски, професор на Економскиот факултет при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје и истовремено претседател на Комисијата за економија на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), смета дека во Македонија постои процес на масовно иселување на луѓето, кое во последно време доби сериозни размери.

Тевдовски повеќе сака да зборува со бројки. “Веќе постојат податоци од релевантни меѓународни институции. Светската банка проценува дека бројот на македонски граѓани кои живеат надвор од Македонија е 447 илјади граѓани. Според Еуростат, само во периодот од 1998 до 2009 година, само во земјите од Европската унија просечно годишно се иселувале по 10 илјади граѓани. Сигурно овој тренд продолжил и во последните пет години и тоа не само во Европа, туку и во Северна Америка и Австралија“, рече Тевдовски.

Тевдовски смета дека токму голема миграција беше причината поради која актуелната власт не го спроведе пописот на населението во 2011 година, бидејќи тој ќе покажеше алармантни бројки во врска со бројот на населението во Македонија.

Професорката на Економскиот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово (УЈИЕ), Шенај Хаџимустафа смета дека е најтрагично тоа што голем број на млади луѓе својата иднина за докажување на своите работни способности ја гледаат во странство.

 

Партизација во јавниот сектор, ниски приходи и миграција

 

Главните причини за миграцијата на граѓаните се неможноста да се најде работа поради недоволниот развој на реалниот сектор, ниските приходи кои можат да се остварат кај нас, но и партизацијата при вработувањето во јавниот сектор“, рече Хаџимустафа.

Инаку, и според Тевдовски, главната причина за иселување е нискиот стандард и тешката економска состојба.

Луѓето се иселуваат, бидејќи бараат решенија. Одат онаму каде што можат да најдат работа и да обезбедат подостоинствен живот за себе и за своите семејства.

Според последните податоци на Светската банка, 9,1% од граѓаните во Македонија живеат со помалку од 2 долари на ден. Овие 2 долари се околу 40 денари, бидејќи станува збор за меѓународни долари (виртуелна валута со која може да се купа услуги и добра во домицилната држава – во случајов Македонија, а кој со која сума може да се купи истата количина на добра и услуги во САД). Тоа значи дека 180 000 луѓе во Македонија живеат со помалку од 40 денари на ден. Ова е македонската реалност“, истакна Тевдовски.

Тој прави споредба со втората држава во Европа по сиромаштија, Молдавија. Тој додава дека оваа држава има двојно пониска стапка на сиромаштија, а тоа 4,4%, додека во 2006 година оваа стапка изнесуваше 14%. Тевдовски понатаму објаснува дека сиромаштијата во Македонија е на ниво на неколку земји од Латинска Америка, како што се Бразил и Еквадор, каде што таа стапка изнесува 10,5%, а во 2006 година изнесувала 14%. Позагрижувачко од стапката на сиромаштија е фактот дека таа постојано расте.

Ако во 2006 година, таа била 4,6%, бројот на сиромашни за само четири години двојно е зголемен, анализира економскиот експерт Тевдовски, истакнувајќи дека сиромаштијата во трите наведени земји е во постојано опаѓање.

И во Косово тешката економска ситуација е главната причина за бегањето на граѓаните во земјите од Европската унија (ЕУ).

Губење на надеж е долгото веќе 15 годишно чекање да се промени ситуацијата. Да не заборавиме дека невработеноста во Косово, според самите статистики на владата, е 30 отсто, а граѓанските организации истакнуваат дека невработеноста е над 40 отсто. И двете бројки говорат за еден огромен проблем на косовското општество. Не мислам дека може да има некој голем заговор што толкав број на луѓе честопати го ставаат својот живот на ризик и ја напуштат земјата“, рече Садику.

Според него, големиот флукс го помогнало и слободното движење на граѓаните на Косово преку Србија, како транзитна земја на сите оние кои ја гледаат Унгарија како прва отскочна точка пред да пристигнат во другите земји, како Австрија, Германија, Франција, Белгија, Холандија или на друго место. Но, Садику истакнува уште еден факт:

Нормално е дека кога постојат вакви параметри, на лице место  се појавуваат шверцерски криминални групи, кои колку се Албанци, толку се и Срби и Унгарци, кои го сочинуваат шверцерскиот ланец на луѓе“.

 

Блокирањето на интегративните процеси влијае врз миграцијата на населението

regjistrimi-i-popullsise-ne-maqedoni-565x296-e1405069649910

Од друга страна, професорката Шенај Хаџимустафа оцени дека блокирањето на интегративните процеси влијае на процесот на миграција.

Стоењето во место со години значи дека ние не сме мрднале напред во исполнувањето на критериумите, особено во делот на квалитетот на институциите, како што се владеењето на правото, ефикасноста на судскиот систем, пренатрупаната јавна администрација, ограничената слобода на медиумите, кои го намалуваат квалитетот на животот на сите граѓани на Македонија и се причина што голем број на граѓани ги побараат своите шанси во странство“, истакна Хаџимустафа.

Експертот Тевдовски, пак, рече дека зачленувањето во НАТО и ЕУ е задолжително за да се обезбеди иднината на земјата, кога е очигледно оти земјите од регионот напредуваат во овој сегмент, но грешка е да се мисли дека ова зачленување само по себе ќе ја промени состојбата и тоа најдобро го покажува состојбата во Грција. Според Тевдовски, паралелно со евроинтеграцијата мора да се издигнат неколку клучни столбови.

Првиот столб е предуслов за сè – мора да се врати демократијата и владеењето на правото. Вториот столб треба да има приоритет кај економскиот развој: малите и средните претпријатија, долгорочни инвестиции и зголемување на платите. Третиот столб треба да го демонтира неолиберализмот и да го замени со правилна социјална држава. Четвртиот столб треба да им стави крај на двата правци на градењето на нацијата, на македонска и албанска и нивна замена со заедничка македонската нација. Членството во НАТО ќе ја зајакне безбедноста во земјата, а самиот Европскиот социјален фонд, како резултат на зачленувањето во ЕУ, ќе донесе десетици милиони евра за борба против невработеноста“, рече Тевдовски.

 

Статистички податоци за бројот на иселени од Македонија во светот
                                             Статистичките заводи во светот
Земја Број на иселеници ГОДИНА

ПОДАТОК ОД:

ПОСЛЕДНА БРОЈКА НА РЕГИСТРИРАНИ ИСЕЛЕНИЦИ ГОДИНА

ПОДАТОК ОД:

АВСТРИЈА 16473 Попис 2006

 

Биро за статистика на Австрија

16473 Попис 2006

Биро за статистика на Австрија

АВСТРАЛИЈА 83983 Попис

2001

Биро за статистика на Австралија

81898 2001 година

Биро за статистика на Австралија

АЗИЈА 210 Попис

1994

Македонско министерство за надворешни работи

210 Попис

1994

Македонско министерство за надворешни работи

АФРИКА 78 Попис

1994

Македонско министерство за надворешни работи

78 Попис

1994

Македонско министерство за надворешни работи

БЕЛГИЈА 10667 01-01-2006

Завод за статистика на Кралството Белгија

10667 01-01-2006

Завод за статистика на Кралството Белгија

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА 1596 Попис 1991

Завод за статистика на Босна и Херцеговина

447 Пописот спроведен во 1994 година од страна на Македонското министерство за надворешни работи
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА 1284 Попис 2001

Завод за статистика на Велика Британија

1284 Попис 2001

Завод за статистика на Велика Британија

 ГЕРМАНИЈА 62295 Податок од 2007 година

 

Централна статистичка канцеларија на Република Германија

 

62295 Податок од 2007 година

 

Централна статистичка канцеларија на Република Германија

 

ДАНСКА 3147 Попис 1994

 

Завод за статистика на Македонија

 

3007 Податок од

1-1-2006 од страна на Кралството Данска

ИТАЛИЈА 78090 Податок од 2008 година 

Завод за статистика на Италија

 

78090 Податок од 2008 година

 

Завод за статистика на Италија

 

КАНАДА 31265 Попис 2001

Завод за статистика на Канада

 

31265 Попис 2001

Завод за статистика на Канада

 

НОВ ЗЕЛАНД 621 Попис 2001

 

Завод за статистика на Нов Зеланд

 

 

597 Податок од 2006 година

 

Завод за статистика на Нов Зеланд

НОРВЕШКА 3045 Податок од 1.1.2007

 

Биро за статистика на Кралството Норвешка

 

3045 Податок од 1.1.2007

 

Биро за статистика на Кралството Норвешка

 

ПОЛСКА 300 31.12.2005

Завод за статистика на Полска

 

286 31.12.2005

Завод за статистика на Полска

РУСИЈА 54 Попис 1994

 

Завод за статистика на Македонија

 

54 Попис 1994

 

Завод за статистика на Македонија

 

 

САД 43783 Попис од 2000 година

Биро за попис на САД

43783 Попис од 2000 година

Биро за попис на САД

СЛОВЕНИЈА 2611 Попис 1994

 

Завод за статистика на Македонија

 

1009 Попис 2002

Завод за статистика на Словенија

 

СРБИЈА 47200 Попис 1994

Македонско министерство за надворешни работи

25847 Попис 2002

Завод за статистика на Србија

 

ТУРЦИЈА 1154 Податок од 01,01,2007

Биро за статистика на Турција

1154 Податок од 01,01,2007

Биро за статистика на Турција

УКРАИНА 9 Попис 1994

 

Завод за статистика на Македонија

9 Попис 1994

 

Завод за статистика на Македонија

ФИНСКА 676 31-12-2008

 

Завод за статистика на Финска

 

676 31-12-2008

 

Завод за статистика на Финска

 

ХОЛАНДИЈА 1091 Попис 1994

 

Завод за статистика на Македонија

 

907 Попис 2001

 

Биро за статистика на Кралството Холандија

 

ХРВАТСКА 8842 Попис 2001

 

Завод за статистика на Хрватска

 

4270 Податок 2001

 

Завод за статистика на Хрватска

 

ЧЕШКА 1746 31-08-2007

 

Завод за статистика на Чешка

1746 31-08-2007

 

Завод за статистика на Чешка

ШВАЈЦАРИЈА 60141 Попис 2006

 

Завод за статистика на Швајцарија

 

60141 Попис 2006

 

Завод за статистика на Швајцарија

ШВЕДСКА 4872 Попис 1994

 

Завод за статистика на Македонија

 

3985 Податок 2006

 

Завод за статистика на Шведска

 

ДРУГИ 100 Попис 1994

Македонско министерство за надворешни работи

100 Попис 1994

Македонско министерство за надворешни работи

ВКУПНО 465333  433323

 

Напуштањето на земјата од страна на младите ќе продолжи

 

Садику додава дека трендот на масовно заминување на младите луѓе ќе продолжи и во иднина, особено кај албанската популација. Тој рече дека ако се знае дека инвестициите во Македонија не се фокусирани кај албанските населени места и невработеноста во овие области е висока, тогаш јасно е дека постојат сите параметри напуштањето на земјата да биде присутно и кај македонските Албанци.

Не заборавајте дека на македонските Албанци им е полесно да заминат на Запад, ако се знае дека немаат потреба од визи“.

Според него, оваа тенденција била присутна и порано кога автобуси полни со Албанци, особено од регионот на Куманово, се обидуваа да најдат подобра иднина во Белгија, Германија, Швајцарија и други земјите. Македонската влада, пак, информираше за економски раст во 2015 година и социјални и економски мерки за подобрување на благосостојбата на жителите.

 

Уредник: Селим Ибраими

tahiri@inbox7.mk