Денешна дата
21/08/2017

Две години затвор за новинарот Кежаровски

Новинарот Томислав Кежаровски ќе треба да одлежи две наместо 4,5 години затвор,  соопшти  Апелацискиот суд Скопје.  Намалени се казните и на другите петмина осудени а за двајца предметот е вратен на повторно судење. Од судот не соопштија дали Кежаровски ќе остане во домашен притвор до правосилност на пресудата или не.

На 21 октомври 2013 година, кривичниот суд Скопје 1 го осуди новинарот Томислав Кежаровски на 4.5 години казна затвор за, како што образложи судот, откривање на идентитет на заштитен сведок во истражувачки текстови објавени во 2008 година во весникот „Репортер 92“.

Новинарот беше притворен во мај 2013 година и помина речи си шест месеци во затворот во Шутка. Од ноември месец 2013 година, тој е во домашен притвор.

Оставете коментар

Коментар(и)

opetceska@inbox7.mk