Денешна дата
24/10/2017

СОНК: Скопје целосно во штрајк, Охрид извиси

Просветните работници во Скопје целосно го поддржуваат генералниот штрајк на СОНК. Истото се случува во Битола, Куманово, Гостивар, Струмица каде се бојкотира наставата, дел од наставниците и професорите не држат часови и во Велес, а во Охрид штрајкот наиде на проблеми. Во најголем дел од установите во државата се спроведува одлуката на Советот на СОНК“, вака Синдикатот на вработените во образованието, науката и културата, (СОНК) ги коментира првичните информации од терен, откако денеска почна второто училишно полугодие, а просветниците го стартуваа најавениот генерален штрајк.

IF

Низ Скопје главно се забележуваат празни училишни дворови и ходници. Но, тешко може да се донесе заклучок дали воопшто се држи настава, бидејќи, иако на некои од влезните врати на образовните објектите стои натпис „Генерален штрајк“, сепак, дел од децата во градинките и дел од средношколците се вратија во школските клупи. Идејата на СОНК за штрајкот беше даскалите да одат на работа, но без да ги извршуваат своите работни задачи. Па, оттука, дел од родителите решија да ги донесат децата на училиште, но не следеа редовна програма.

IFВо дворот на основното училиште „Димитар Миладинов“ во општината Центар наидовме на неколку ученички. Зад нив стои „постерот“ на СОНК. Потврдуваат дека денес ќе губат часови. Не знаат до кога. Слично е и пред основното училиште „Свети Кирил и Методиј“, со тоа што и таму наидовме на празен училиштен двор, но затоа присутен беше и синдикалниот претставник на СОНК. Одби да каже име и презиме. Единствено климна со главата на прашањето за бојкотот на наставата.

Во скопски Чаир наидовме на уште еден натпис од СОНК за генералниот штрајк. Од управата на ОУ „Петар Здравковски – Пенко“ на основците им рекле да си одат дома, па овие се раштркале низ бетонското игралиште. Тука немаше синдиклен претставник, но обезбедувањето го потврди штрајкот. Се штрајкува и во градинката „11 Октомври“ во општина Бутел, а, сепак, родителите ги внесуваат децата во објектот.  Од друга страна, училиштата „Корчагин“, „Јосип Броз Тито“, „Васил Антевски – Дрен“, „Арсени Јовков“ ги примија средношколците на часови, без официјална потврда дали станува збор за редовна активности.

IF
СОНК на неколку пати се пожали на жестоки притисоци од власта за да ги спречат во намерата да штрајкуваат. По четири месеци залудни преговори, ресорните министерства немаа слух за зголемување на платите за 25 отсто, укинување на казните во екстерното тестирање, рационализација на педагошката администрација и примена на коефициентите по колективен договор во градинките. СОНК на неколку пати потенцираше дека просечната плата на еден наставник е околу 20 илјади денари, под националниот просек, а во соседните земји наставниците земаат барем 100 евра повеќе. Почнувајќи од Косово, Бугарија, Србија и Црна Гора, во посеверните земји овој просек и разликата во платите се зголемуваат.

IF

Деновиве градоначалниците на Скопје, Битола, Свети Николе, Кочани, Крушево, Македонски Брод, Дебарца, Босилово, Демир Хисар, Штип… на средби со директори на училиштата донеле заклучок дека нема да биде поддржан најавениот штрајк на СОНК и наставата во второто полугодие ќе почне, со завршувањето на зимскиот распуст.
„Наставниот кадар од градинките, основните и од средните училишта во Скопје нема да штрајкува и навреме ќе го започнат второто полугодие“, истакна пред два дена на прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, откако се сретна со градоначалниците од општините, на која единствено не беше присутен првиот човек на Центар Андреј Жерновски. Трајановски појасни дека за оние кои сакаат да штрајкуваат, надлежните институции ќе обезбедат замена, а за тоа време нема да примаат плата.

Уредник: Стојанка Митреска

Оставете коментар

Коментар(и)