
ИНБОКС 7 истражување: Патните трошоци на пратениците се за една година
- ПО ТРАГИТЕ НА ИЛЕГАЛНИТЕ РУТИ: ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ НОСИ МИЛИОНИ ЗА ШВЕРЦЕРИТЕ - 03/10/2017
- Државните институции плаќале парно поскапо и за 10 пати - 01/08/2017
- Нереди во Собранието (видео) - 01/05/2017
Пратеничката Силвана Бонева, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, обвини дека не е вистина дека трошоците за кои пишуваше он лајн магазинот „Инбокс 7“ се за една година, туку за две.
Од документите каде се гледа дека сите трошоци се исплатени за првите 11 месеци во 2014 година. Дел од тие трошоци се направени во 2013 година (од мај до декември 2013, а се исплатени во 2014). Во таа пресметка за трошоци се влезени и патните трошоци од јануари до септември 2014 година.
Формулата по која се пресметуваат трошоците е 30% од цената на литар бензин за секој изминат километар. Инаку право на користење на патни трошоци во Собранието имаат 66 пратеници.
Навидум првично излегува дека трошоците за кои пишувавме се за 15 месеци. Но овде мора да напоменеме дека на 5 март 2014 година Собранискиот состав се самораспушти, додека новиот собраниски состав се конституираше на 12 мај 2014 година. Тоа се два и пол месеци. Кога на ова ќе се додаде и одморот од по 3 недели или 42 дена во текот на 2013 и 2014 година, излегува дека патните трошоци на пратениците во истражувањето на „Инбокс 7“ се за една година.
Поради огромниот интерес, а за да нема дилеми и забуни, на располагање на јавноста ги ставаме документите важни за оваа истражување: