Денешна дата
24/07/2017

УЈП за исплатата на хонорарите

„Не се точни изнесените информации дека во изминатиот период имало застој во исплатата на хонорарите заради УЈП и дека исплатата може да почне откако УЈП ги објави најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите за оваа година. Вчерашната објава поврзана со просечната плата за месец Јануари 2015 година и на најниската и највисоката основица за пресметка на придонеси за 2015 година е вообичаена, односно овие податоци УЈП ги објавува на почетокот на секоја календарска година и истите немаат поврзаност и не се однесуваат на начинот на пресметка на придонесите за договорите за дело и авторските договори, соопшти УЈП на својата веб страна.
Имено, укажуваме дека исплатата на хонорарите на сметка на хонорарците треба да се врши согласно роковите кои ги договориле договорните страни, а како и досегашната пракса и обврска, исплатувачот во моментот на исплатата на хонорарот истовремено треба да го пресмета и уплати персоналниот данок.
Што се однесува пак до пресметката на придонесите за договорите за дело и авторските договори, истите потребно е да се подготват и достават до УЈП најдоцна до 10-ти во месецот, а уплатата на придонесите да се изврши најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец, независно од тоа дали хонорарот е исплатен или не е исплатен.
Со цел навремено поднесување на првите пресметки за месец Јануари за придонесите на договорите за дело и авторските договори, кои се доставуваат до УЈП најдоцна до 10 февруари, во текот на денешниот ден на веб страницата на УЈП ќе бидат објавен клиентскиот софтвер за МПИН пресметка во кој ќе бидат вградени сите новини во врска со пресметките на придонесите за договорите за дело и авторските договори, како и насоки за поднесување на пресметките.

Оставете коментар

Коментар(и)