Денешна дата
02/12/2020

Хонорарците со иронија: Како да платиме?

Незадоволни хонорарни работници се собраа пред Министерстото за труд и социјална политика да добијат одговори за проблемите кои произлегоа со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. Сметаат со законот ќе дојде до понатамошно осиромашување на луѓето кои се принудени на хонорар, наместо за плата.  Како што велат, ова не е прв закон кој се носи зад грбот на граѓаните. Најавуваат нов, симболичен масовен протест за наредниот петок 13, бидејќи сметаат многу црно им се пишува на луѓето со вакви законски решенија. Најавуваат претставка и до Уставниот суд.

This slideshow requires JavaScript.


Законските измени за плаќање придонеси веќе го дадоа својот ефект – хонорарците се отпуштени, во јануари не им се префрлени хонорари, слободните професии не знаат како да се справат со софтверите кои пресметуваат и до 50 отсто одземање од нето приходот. Не е прв пат да се носат закони зад грбот на граѓаните, но прв пат е кога јавно им кажуваме дека ова веќе не може вака. Мора да престане. Овде сме со сите демократски средства да им покажеме дека не можат да не третираат како експеримент“, рече Тамара Чаусидис од Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија.

 

Дел од прашањата кои хонорарците ги упатија до архивата на Министерството за труд и социјална политика:
– Кога еднократно се исплаќа хонорар за сработена работа за шест месеци, дали за еден или за шест месеци се стекнува право на здравствено осигурување?

– Ако со договорот врз основа на кој се исплаќа хонорар се врши работа за два дена, дали се добива право на здравствено осигурување за само два дена или за еден месец? И во кој месец по плаќањето на придонесите ќе се добие тоа право?

– Дали и за вториот фонд ќе се пресметуваат проценти?

– Со која ставка се опфаќаат хонорари кои се заработуваат надвор од државата?

– Колкав прилив на буџетски средства се планира да се обезбеди преку воведувањето плаќање на придонеси за хонорарите?

– Дали се даночи целата сума на хонорарот или има даночно ослободување?

– Дали има ослободување на авторски хонорар за матерјални трошоци (има 30%) и КАКО тоа да се евидентира?

– Потпрашања на пример: Дали безнин (гориво) влегува во материјални трошоци? Дали ми треба сметкопотврда ? На кого да гласи оти не сум правно лице?

– Што МТСП ќе направи да спречи директна дискриминација на луѓето кои работат само врз основа на хонорарен ангажман и заради тоа ги немаат правата од ЗРО?

– Дали можам да потпишам договор за дело со повеќе од 40 саатна работна недела?

– Дали како хонорарен соработник имам права да бидам заштитен според закон за заштита при работа. Ако немам што МТСП ќе направи да ме заштити?

– Во Законот за спречување мобинг нема одредба која ги штити авторите и договорите на дело. Каде да се жалам во таков случај?

– Имам ли право како хонорарен соработник да членувам во синдикат и како моето членство ќе се регистрира со оглед на тоа што немам еден работодавач?

– Дали заради авоторски договор од два дена ќе бидам одјавен од Агенцијата за вработување и кога повторно ќе можам да се пријава?

– Дали доколку имам ангажман од три дена придонесот за здравствено ќе се однесува само на тие три дена?

– Во Законот за спречување мобинг нема одредба која ги штити авторите и договорите на дело. Каде да се жалам во таков случај?