Денешна дата
22/09/2017

Амбасадата на САД реагира на соопштението на Јавното Обвинителство

-Амбасадата на САД со загриженост ја проследи изјавата од 3 февруари на Канцеларијата на Јавното обвинителство дека “објавувањето на материјали кои може да станат предмет на натамошна кривична постапка е забрането и казниво со закон. ”

 

Слободните медиуми се столб на едно демократско општество и медиумите играат клучна улога во презентирањето на информации од јавен интерес, вклучувајќи и информации кои би можеле да укажуваат на злоупотреба на власт и да резултираат со кривични постапки против јавни личности.

 

Загрижени сме дека медиумите во Македонија може да ја толкуваат изјавата на Јавното обвинителство како истата да значи дека тие не треба да ја играат оваа значајна улога. Ги повикуваме властите да дадат јасно правно објаснување за изјавата од 3 февруари, поконкретно определувајѓи ги околностите во кои една информација мора да се третира како службена тајна, и да објаснат како новинарите ќе знаат во кои случаи ќе постојат таквите конкретни околности, соопштува американската Амбасада.

Оставете коментар

Коментар(и)