Денешна дата
05/12/2020

Заев: Прислушувани над 20.000 граѓани, судии, министри и бизнисмени

Целата опозициска партиска структура заедно со политичкиот врв, бизнис елитата, судии, луѓе од МПЦ, ИВЗ, медиумите и од невладините организации се прислушувани изминативе неколку години од службите за безбедност, а под директна наредба на премиерот Никола Груевски и првиот човек на УБК, Сашо Мијалков.
Ова денес го соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како дел од долгоочекуваната „бомба“ и првиот чекор од проектот „Вистината за Македонија“. Според деталите и аудио снимките што ги изнесе опозиционерот, прислушувани биле над 20.000 луѓе.
Тврди дека и лично во континуитет бил сниман во последните неколку години, иако
, според законот, најдолг период за прислушуваање на конкретно лице е 14 месеци, но со дозвола на судија и јавен обвинител.
На конференција беа презентирани неколку аудио снимки
. Според опозицискиот лидер, се слушаат разговорите меѓу Заев и Шеќеринска, Заев и новинар, со вработен од општината, со неговата ќерка, исто така и од опозициски сопартијци, меѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски, а споменати беа и имињата на Мендух Тачи, Руфи Османи, како и експремиерот Љубчо Георгиевски.
СДСМ најави кривична пријава против Мијалков, началникот на 5-та управа во МВР, Горан Груевски и против непознати лица во УБК. Дополнителните „бомби“, како што кажа Заев, ќе следат чекор по чекор.