Денешна дата
26/11/2020

Реторика преполна со навреди и етикетирања

Извештајот на ОБСЕ/ ОДИХР потврдува дека политичките партии во Македонија користат етничка реторика. Политичките коментатори ценат дека наместо празни говори, понудите на политичките партии треба да бидат вистински и здрави алтернативи за иднината на земјата

Албанските политички партии во текот на предизборната користеле  етничка реторика. Ова го потврди и извештајот на ОБСЕ/ОДИХР за предизборната кампања од првиот круг на претседателските избори, оддржани на 13 април. Извештајот го подвлекува апелот на албанската партија на власт, Демократската Унија за интеграција (ДУИ), која упатува повик до Албанците масовно да ја поддржат на 27 април, кога се закажани парламентарните избори, за да добие 25 пратенички мандати. Ова всушност е одговор на повикот на премиерот Никола Груевски упатено на етничките Македонци да обезбеди 62 пратеника за да “не биде условуван од Албанците“.

ОБСЕ  ваквата реторика ја нарече “говор за етничка поделба“.

Лидерот на опозициската Демократска Партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, надоврзувајќи се на реториката на Ахмети и Груевски со бројот на пратениците, пред албанскиот електорат излезе со пораката:  

“Дајте ми само еден глас повеќе од Ахемти, јас ќе го влечам лазејќи Груевски, макар да добие и 100 а не  62  пратеници”.

Тачи изјави дека со Македонците нема да преговара за  мали процедурални прашања, туку за големи прашања, како што е промена на праксата за донесување на одлуките во државата.

Лидерот на ДУИ, пак, во собирот  во Струга порача дека сите тие кои се  свртени против ДУИ не можат ниту да го заплашат овој субјект.

“Планините не можат да се рушат од град. Бараме разумност, бараме зближување и согласување, бидејќи оваа е болна година – 100 годишнината на балканските војни. Идниот мандат е преполн со тешкотии и предизвици, но сакам да знаете дека ние (ДУИ) не сме растеле во памук. Пораснавме со мечеви и не се плашиме од предизвиците“, рече Ахмети.

 

Навредите – резултат на немањето на реални програми

 

Исуф Кадриу, уредник на вестите во АЛСАТ-М телевизија, за ИНБОКС7  вели дека исто како во изминатите  изборни циклуси, политичките партии продолжуваат да користат реторика надвор од етичките норми, односно речник со навреди и омаловажувања за политичкиот противник.

Изборната кампањата е претворена во арена на навреди, со етикетирања и обвинувања за национално предавство“.

„Интересно што таквата реторика се користи најмногу меѓу самите албански партии, отколку во однос со некоја од македонските партии. Имам впечаток дека ги штедат од етикетирања за да не ги оштетат нивните позиции од можното вклучување во Владата по изборите“, истакнува Кадриу

За разлика од порано, на овие избори речникот дегенерирал во баналности. Политичарите меѓу себе се етикетираат и со имиња на животни“, рече Кадриу.

Isuf-kadriu

 

„Политичките партии или политичарите таквиот говор на омраза го користат меѓу себе, зашто немаат реални платформи за решавање на повеќето од проблемите со кои се соочуваат Албанците“,  рече Исуф Кадриу уредник.

 

 

 

Ова е поткрепено со изјавата на Али Ахемти, кој рече: „Некои мачки колку се обидуваат да го урнат високиот  даб, што го симболизира ДУИ. Дали сте чуле мачките да урнат даб?

А пак Мендух  Тачи на ВМРО- ДПМНЕ им ја испрати оваа порака:„ Доволно имавте работа со зајаци, сега ќе имате работа со лавови“.

Салајдин Салиху,универзитетски професор во  Државниот Универзитет на Тетово (ДУИ), оценува дека говорите на лидерите не само што немаат  јасна мисла, туку често на тие говори ништо не се соопштува. Тој за INBOX7  рече дека албанските политичари во „ џебовите“ на разумот имаат само два типа на говори: едниот за Албанците, кој е етнички и другиот за Македонците, кој често е модериран.

„Говорите на политичарите немаат кохеренција. За да се изнесат големи мисли  не е доволно само јазикот што го спомнува Орвел“, истакнува Салиху.

 

Salajdin Salihu

„Нашите медиуми, тие барем кои можат да се наречат медиуми, постојано треба паралелно  да им ги изнесат говорите. Односно тоа што го кажале пред Албанците и  Македонците. Не оти така нашите  политичари нема да ги изгласаат, но барем утре ќе имаме можност да им кажеме дека не сите сме “паселе трева“, рече Салајдин Салиху

 

 

 

 

Албанските  политичари надвор од социјалната реалност

 

Во социјалните мрежи реториката на ДУИ и ДПА се оценува како “хумор и сатира“.  Ахмети и Тачи меѓу себе се обвинуваат за економската емиграција и социјалниот статус на Албанците во Македонија.

Изнесен став на лидерот на ДУИ, Али Ахмети во скопско Студеничани  се коментираше со ироничен тон.

Како ваш брат, како ваш човек ве советувам да не чуваме овци во Италија, а сме ги продале нашите овци тука, па одиме да ги чуваме кај Италијанците“.

 „Да не одиме да садиме цвеќиња и салати во Италија, туку да видиме како тоа можеме тука да го направиме“, рече Ахмети.

На ваквиот став на Ахмети, лидерот на ДПА одговорил, со слична но,противречена реторика: „Албанците не се земјоделци, ниту сопственици на стада овци. Албанците не се луѓе кои би сакале да садат само компири. Албанците сакаат да се посветат на науката и на културата “, изјави Тачи во Чаир.

Центарот за разбирање и меѓуинституционална соработка ЦРИС ги покани сите политички субјекти да го избегнат непристојниот политички речник, навредите и меѓусебните препукнувања, како и ниските обиди за  вжештување на ситуацијата и влошување на меѓуетничките и меѓуверските односи.

Уредник: Селим Ибраими

Преведе на македонски: Љулјета Адеми

tahiri@inbox7.mk